Како да си фатам девојка?

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.804
Поени од реакции
1.553
Ако ти е за утеха, никој од нас нема пријатели. Имаме само познаници за кафе и мамбо џамбо муабети. А и не секој кој е во врска/брак има партнер, така да ни да се акаш ни да се пушташ, уживај си во слободата, најди си хоби, читај, цртај, трчај, гледај филмови, зошто колку повеќе имаш слободно време, толку повеќе проблеми ќе си измислиш.
Бар имаш некој и за кафе јас и такви немам , имам хоби и стварно ми треба промена ама годините си го направија своето.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.479
Бар имаш некој и за кафе јас и такви немам , имам хоби и стварно ми треба промена ама годините си го направија своето.
Јас ќе пијам кафе со тебе, ќе ти бидам пријател, ќе те запознаам и со другарки, само ваљда сме далеку, кога сакаш ако сакаш дојди, барај ме.

И не се разочарувај толку те молам, што си го прават годините своето? За жена? Не е тоа престиж, ни некоја животна мисија. Битно во животот е да си приземјен, добар и сочуствителен, да бидеш човек, а ти гледам од тоа имаш се и верувај има луѓе што тие карактеристики ги гледаат повеќе од изглед, години или било што. Само тоа што не излегуваш ги спречува да те најдат.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.963
Поени од реакции
7.608
Бар имаш некој и за кафе јас и такви немам , имам хоби и стварно ми треба промена ама годините си го направија своето.
Bitno e da go imash coveckoto vo sebe.
Eve kajgana ce organizira sobiranka i ete ti prilika da bidish so "Svoite".

Inache zemi go zhivotot malce poslobodno, nasmej se i odi vo kafich. Na shank stalno ce najdish drushtvo.
Bitno e sam da ne se blokirash , zatvorash vo sebe i razocharuvash.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
776
Поени од реакции
2.398

Ништо од собиранката главните босови не беа заинтересирани.
Вчера за прв пат запознав една членка од форумов ,ама не смеам да ја откријам одлично си поминавме:)
 
D

Diferans

Гостин
Во никој случај "нема да си дојде сам/ сама". За илустрација, еве како природата го решила ова: Работа, техника, истрајност, борба со повеќе конкуренти, борба со девојката, па после овој љубовен кунг фу, којзнае, може и нема да ти е важно веќе?

Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.009
Поени од реакции
18.817
Бар имаш некој и за кафе јас и такви немам , имам хоби и стварно ми треба промена ама годините си го направија своето.
Прво и прво, прави што ќе правиш, не ти се мешам околу тоа и не сум тука да ти солам памет, а и не сакам тоа да го правам. Само споделувам слични искуства.

Без оглед на годините и без разлика дали се работи за пријатели или за партнерка, никогаш немој да молиш за внимание или за нечие присуство до тебе. Не си свесен каква штета си правиш во тие моменти, штета за која ќе се каеш кога ќе си го вратиш филмот некогаш. А и не е во ред да ги присилуваш луѓето да те изберат тебе.

Во моментов си push-start машина. Буквално им вриштиш на тие околу тебе да некој ти го притисне дугмето за да проработиш. Обично тоа треба да дојде од внатре.

Смени си ја перспективата на размислување. Размислувај околу тоа што ти би можел да им дадеш на луѓето да сами сакаат да бидат до тебе или најди пасија која би можел да ја делиш со други, отколку да ти најдеш некој што тебе би те дружел. У превод - научи се да даваш, а не да земаш.

Полесно е да се каже, отколку да се направи. Нели? :)

Особено што живееме во трансакционо општество, каде единствен мотив за да луѓето мрднат од комфор зоната се лајкови на социјални мрежи или социјален статус општо, секс и пари евентуално. Колку полажна слика за себе даваш, толку поголем круг на луѓе. Колку си пореален, толку повеќе кругот се намалува.

Е сега, до тебе е што сакаш да правиш, можеш да го правиш тоа, и на тој пат можеби ќе си ја сретнеш сродната душа или сродното племе (без разлика партнерка или пријатели), што воопшто не е лесно и те разбирам целосно. А може и ќе сфатиш дека тоа не е за тебе и дека сакаш да бидеш сам кога и покрај толку пробување не успеваш да го најдеш тоа што го бараш. Некогаш е ок да си сам. Обично кога ќе прифатиш дека немаш проблем со тоа да си сам ти се кристализираат работите и ти се остваруваат манифестациите.

Или во превод, не прекинувај никогаш со соништата, али и намали си ги очекувањата од денес за утре. Give it to God/Universe and what is meant for you won't pass you by.

И за крај, не слушај совети од луѓе кои во никој случај не би си ги смениле местата со тебе или ти даваат совети што ги прочитале онлајн. :)
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.918
Поени од реакции
9.618
никогаш немој да молиш за внимание или за нечие присуство до тебе. Не си свесен каква штета си правиш во тие моменти, штета за која ќе се каеш кога ќе си го вратиш филмот некогаш.
А што ако е тоа некаква негова тактика за да привлече внимание?
Не може да си направи никаква штета освен да стекне повеќе животно искуство добро или лошо без разлика. Друга работа...Па зар мислиш дека сите овде на форум за се и сешто се искрени со своите ставови? Јас на пример со многу голема резерва ги прифаќам повеќето мислења овде на форумов.

Колку полажна слика за себе даваш, толку поголем круг на луѓе. Колку си пореален, толку повеќе кругот се намалува.
Супер напишано. На ова и мислев. Тешко е да процениш кој е и каков е во реалност според тоа како се претставува на форум. Така да се е во игра и се е животно искуство.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.773
Поени од реакции
2.913
Бар имаш некој и за кафе јас и такви немам , имам хоби и стварно ми треба промена ама годините си го направија своето.
На право место си да запознаеш другари, шо толку му се секираш. Што е твое ќе си дојде,искачај, шири познанства и ако ти е по ќеф дружи се, ако не, не, подобро сам одколку во лошо друштво.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.327
Поени од реакции
4.120
Бар имаш некој и за кафе јас и такви немам , имам хоби и стварно ми треба промена ама годините си го направија своето.
Мацко, ти изгледа не зезаш овде, на тема љубовни проблеми на 14ти Март имаш пишано дека имаш проблем од бившата со која си бил во врска 3-4 години а која не сака да се откачи и ти прави проблеми со новата девојка со која си 1 година.... овде кажуваш дека немаш девојка а немаш ниту со кого да излезеш на кафе...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.009
Поени од реакции
18.817
А што ако е тоа некаква негова тактика за да привлече внимание?
Не може да си направи никаква штета освен да стекне повеќе животно искуство добро или лошо без разлика. Друга работа...Па зар мислиш дека сите овде на форум за се и сешто се искрени со своите ставови? Јас на пример со многу голема резерва ги прифаќам повеќето мислења овде на форумов.

Супер напишано. На ова и мислев. Тешко е да процениш кој е и каков е во реалност според тоа како се претставува на форум. Така да се е во игра и се е животно искуство.
Зборам за вистински луѓе, не за виртуелни ликови.

Се што е изградено на лажна основа има рок на траење или краток рок на траење во реален живот.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.804
Поени од реакции
1.553
Мацко, ти изгледа не зезаш овде, на тема љубовни проблеми на 14ти Март имаш пишано дека имаш проблем од бившата со која си бил во врска 3-4 години а која не сака да се откачи и ти прави проблеми со новата девојка со која си 1 година.... овде кажуваш дека немаш девојка а немаш ниту со кого да излезеш на кафе...
Видиш си ме читал ама не си ме разбрал реков во комуникација , а девојката воопшто не е од Македонија и лично се немам видено со неа. Да бившата ми прави огромни проблеми иако подолг период не сме заедно.. Пријавив во полиција не се издржува нејзиното повеќе и да таа е виновник што моментално немам ни со кој кафе да испијам, ама ако да би биле вистински пријатели ќе останеа покрај мене. Плус не молам никого за внимание ама ич отрпнав од тоа. Само пак годините ме газат јас дури завршив цела академија за да запознам нови луѓе , пријателства , но од тоа ништо секој е тука до тебе и те бара ако има корист инаку ги нема нигде... Станавме дно од општество..... Секако јас воопшто не се откажувам од излегувањата тотално сам иако во последен период на добри забави се дрзнуваат да не ме пуштат од причина дека доаѓам сам.
 
Доста незрело звучиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom