Бар имаш некој и за кафе јас и такви немам , имам хоби и стварно ми треба промена ама годините си го направија своето.
Прво и прво, прави што ќе правиш, не ти се мешам околу тоа и не сум тука да ти солам памет, а и не сакам тоа да го правам. Само споделувам слични искуства.
Без оглед на годините и без разлика дали се работи за пријатели или за партнерка, никогаш немој да молиш за внимание или за нечие присуство до тебе. Не си свесен каква штета си правиш во тие моменти, штета за која ќе се каеш кога ќе си го вратиш филмот некогаш. А и не е во ред да ги присилуваш луѓето да те изберат тебе.
Во моментов си push-start машина. Буквално им вриштиш на тие околу тебе да некој ти го притисне дугмето за да проработиш. Обично тоа треба да дојде од внатре.
Смени си ја перспективата на размислување. Размислувај околу тоа што ти би можел да им дадеш на луѓето да сами сакаат да бидат до тебе или најди пасија која би можел да ја делиш со други, отколку да ти најдеш некој што тебе би те дружел. У превод - научи се да даваш, а не да земаш.
Полесно е да се каже, отколку да се направи. Нели?
Особено што живееме во трансакционо општество, каде единствен мотив за да луѓето мрднат од комфор зоната се лајкови на социјални мрежи или социјален статус општо, секс и пари евентуално. Колку полажна слика за себе даваш, толку поголем круг на луѓе. Колку си пореален, толку повеќе кругот се намалува.
Е сега, до тебе е што сакаш да правиш, можеш да го правиш тоа, и на тој пат можеби ќе си ја сретнеш сродната душа или сродното племе (без разлика партнерка или пријатели), што воопшто не е лесно и те разбирам целосно. А може и ќе сфатиш дека тоа не е за тебе и дека сакаш да бидеш сам кога и покрај толку пробување не успеваш да го најдеш тоа што го бараш. Некогаш е ок да си сам. Обично кога ќе прифатиш дека немаш проблем со тоа да си сам ти се кристализираат работите и ти се остваруваат манифестациите.
Или во превод, не прекинувај никогаш со соништата, али и намали си ги очекувањата од денес за утре. Give it to God/Universe and what is meant for you won't pass you by.
И за крај, не слушај совети од луѓе кои во никој случај не би си ги смениле местата со тебе или ти даваат совети што ги прочитале онлајн.