Аргументот на Скот-от баш и не држи вода.
Ф-35 секако е платформа која може и е способна да носи нуклерни проектили, можеби не стратешки, иако е и тоа под знак прашање, ама тактички сигурно може да носи. Потоа не знаеме дали и колку Израел има вршено модификации на Ф-35 за да го приспособи за носење на ваков тип оружје.
Така што аргументот дека се работи за Ф-35 па веста е лажна не е доволен.
Многу повеќе изгледи дека се работи за лажна вест е што во тој регион нема инфо за стационирани ловци на РФ, се говореше дека ги имаат во Латакија ама нема податоци за кој тип на ловци се работи.
Втората работа која не оди во прилог на веста е што добивање на таков вид на информации, без оглед што во Израел на големо се користи рускиот во израелската војска, е вистинското прашање, затоа што се потребни точни информации заради пресретнување, значи не само за содржината на “товарот“ туку и за времето и за рутата на летење.
Но има денови пред нас можеби еден ден ќе биде изнесено за што точно се работи.
А дека состојбата на БИ се радикализира е повеќе од јасно.