Иран

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.455
Сето ова со нападот на Израел во овој момент ми има логика само ако Иран е пред финиш во правење на нуклеарна бомба.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.245
Поени од реакции
22.913

Јас мислам дека Иран веќе ја има бомбата.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.076

Ја нема.
Не можат да знаат дали имаат бомба се додека не тестираат.
А тестот ќе биде лесно детектиран.

Настрана фактот што ќе им требаат години за нуклеарната направа да ја направат функционално оружје.
 
Ако гледаме така ни Израел нема тестирано нуклеарка.

Ова е технологија стара веќе 80 години, тајниот рецепт за да се направи се знае одамна. Најверојатно не ја тестираат бидејќи така ќе биде ептен официјално, вака глумиме лудило како се на чекор до нуклеарка и така ад инфинитум.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.984
Поени од реакции
5.134

Ова е технологија стара веќе 80 години, тајниот рецепт за да се направи се знае одамна.
Од кога беше воведен мораториумот на нуклеарните проби меѓу нуклеарните сили (со исклучок на С. Кореја), развојот на нуклеарното оружје не е запрен ниту случајно.

Доволно е да видиме што се‘ нема произведено РФ од тазе ракетно оружје, која не прави проби.

Собраните искуства од децениските реални тестирања прејдени се на ниво‘ од компјутерска симулација и преку неа се развиваат нови модели од оружја. Реалната тест-проба не е предуслов за поседување реална нуклеарка. Знаењето за склопување нуклеарно оружје е распространето, оти во спротивно С. Кореја до сега немаше да постои.
Автоматски споено мислење:

Јас мислам дека Иран веќе ја има бомбата.
И да ја нема, ама сигурно е „тука некаде„ со нејзиното склопување. Иран секако нема да труби наоколу дека е нуклеарна сила, барем не додека не „магационира„ завидна количина од а-бомби, со кои може да стане и меѓународно призната нуклеарна сила и реална закана за Израел.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.245
Поени од реакции
22.913
Од кога беше воведен мораториумот на нуклеарните проби меѓу нуклеарните сили (со исклучок на С. Кореја), развојот на нуклеарното оружје не е запрен ниту случајно.

Доволно е да видиме што се‘ нема произведено РФ од тазе ракетно оружје, која не прави проби.

Собраните искуства од децениските реални тестирања прејдени се на ниво‘ од компјутерска симулација и преку неа се развиваат нови модели од оружја. Реалната тест-проба не е предуслов за поседување реална нуклеарка. Знаењето за склопување нуклеарно оружје е распространето, оти во спротивно С. Кореја до сега немаше да постои.
Автоматски споено мислење:

И да ја нема, ама сигурно е „тука некаде„ со нејзиното склопување. Иран секако нема да труби наоколу дека е нуклеарна сила, барем не додека не „магациноира„ завидна количина од а-бомби, со кои може да стане и меѓународно призната нуклеарна сила и реална закана за Израел.
Иран официјално да располага со нуклеарно оружје е опасност бидејќи ќе ја натера Саудиска Арабија да почне со нејзин развој, Иран ќе биде како Кореја аутсајдер во смисла на договорите за нуклеарно оружје итн. Сума сумарум ризик за нуклеарна пролиферација, нешто што никој не го сака вклучувајќи ги и САД, РФ и НРК.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.595
Поени од реакции
3.854
Ако гледаме така ни Израел нема тестирано нуклеарка.

Ова е технологија стара веќе 80 години, тајниот рецепт за да се направи се знае одамна. Најверојатно не ја тестираат бидејќи така ќе биде ептен официјално, вака глумиме лудило како се на чекор до нуклеарка и така ад инфинитум.
Сепак Израел имаат веројатно тестирано

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.984
Поени од реакции
5.134
Иран официјално да располага со нуклеарно оружје е опасност бидејќи ќе ја натера Саудиска Арабија да почне со нејзин развој, Иран ќе биде како Кореја аутсајдер во смисла на договорите за нуклеарно оружје итн. Сума сумарум ризик за нуклеарна пролиферација, нешто што никој не го сака вклучувајќи ги и САД, РФ и НРК.
С. Арабија веќе има намера да користи нуклеарни реактори за производство на ел.енергија, оти на владеачката фамилија и‘ е јасно дека нафтата нема да им тече вечно. Нуклеарните реактори, како што е познато, се само прв чекор до стекнување а-бомба.

Да се биде нуклеарна сила не значи и да се биде нуклеарна закана за соседите. На пример, С. Кореја е нуклеарна сила, ама никому не му пратила „печурка„, за разлика од САД. С. Кореја мора да биде нуклеарна сила ради својот опстанок, користејќи го своето оружје како „сретство за одвраќање„,. Се‘ додека е таква сила, САД нема да се осмелат да ја збришат С. Кореја, а оваа пак ќе продолжи со развој на своето а-оружје и понатаму.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.076
Ако гледаме така ни Израел нема тестирано нуклеарка.

Ова е технологија стара веќе 80 години, тајниот рецепт за да се направи се знае одамна. Најверојатно не ја тестираат бидејќи така ќе биде ептен официјално, вака глумиме лудило како се на чекор до нуклеарка и така ад инфинитум.
Има. :D
Настрана фактот што веројатно имаат добиено готова технологија, можеби и бомби од САД.

Ако беше така лесно, технологија стара 80 години, сите ќе правеа нуклеарки.
Реалноста е спротивна, треба државен напор и ангажман на големи ресурси за да се произведе нуклеарна бомба.
На С. Корејците им требаа 10тина години да произведат ефективна нуклеарна направа, која можеби сеуште не е претворена во оружје.

Да не заборавиме дека Иранските нуклеарни постројки се постојано под инспекции.
Така да, не, Иран нема нуклеарка. Засега.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.477
Поени од реакции
5.213
Што е ова, знае некој повеќе?

ГП
ЕКСКЛУЗИВНО ВИСТИНСКАТА ПРИКАЗНА НА ИЗРАЕЛСКИОТ КОНТРА ОДГОВОР
Од извор на интелигенција на многу високо ниво. Во Азија.
НЕ Русија-Кина. Иако стратешкото партнерство, се разбира, разменува на највисоко ниво 24-7. Потврдено и повторно потврдено.
Ќе биде одлично да се знае што слуша Сај Херш од неговите извори на Beltway.
Еве одиме.
Израел првично избра да одговори со екстремна сила. Ф-35 натоварен со нуклеарна бомба беше испратен источно над Јордан.
Мисијата: да предизвика детонација на висока надморска височина над Иран што би предизвикало наплив на далноводи со голем капацитет, осакатување на електричната мрежа на Иран, како и оневозможување на сите електронски уреди.
EMP напад.
Сепак... ...
Додека израелскиот Ф-35 го напушташе јорданскиот воздушен простор, беше соборен од руските воздухопловни сили.
Оттука, објавената верзија на израелскиот контра одговор беше таква пародија.
На крајот, сите страни решија да не ја објавуваат вистинската вест - да го деескалираат она што може да се претвори во Трета светска војна.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.802
Поени од реакции
42.433

@Bafra еве ти една мрсна завера.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.682
@Bafra еве ти една мрсна завера.
Пости се сега, извини.

Ти како почна со завериве, како почна да веруваш се повеќе и повеќе, страв ме фаќа ептен радикална десница да не станеш. Те педофили спомнуваш, те некој профитирал од глобалното затоплување, те Алекс Џоунс, те се сомневаш за слетување на месечината и кој ти знае уште што све не. Полека, немој толку нагло голема количина информации, ќе се шокираш дека системот не ти бил татко и мајка.
 
Сеа спомна 300 ствари а не ми кажа колку ова е веројатно според тебе.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.477
Поени од реакции
5.213
@Bafra еве ти една мрсна завера.
Неверојатно на линк до вест за која нема доплнителни информации ти веднага и лепиш етикета.
Разбирам веројатно те погоди “забегуеш на кривини“ па еве извини ти не забегуеш на кривини ти возиш само право па кај стигнеш.

Веста е објавена на твитер, значи може да биде вистина а може се работи за шпекулација, ако е вистина работата не е така безазлена а ако е лажна тогаш некој дебело го наместил Пепе, остави простор од неколку дена па ќе видиме што е што, немој веднага со етикети.

...еве и овие се занимаваат со ова вест, колку и дали е веројатна...

па сега не можеме да земаме како вистини нешто за кое нема докази. Додека нема доказ ќе си биде завера.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom