Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.740
Поени од реакции
49.321
Како и да е, се надевам ќе формираат Влада ДПМНЕ и Левица бидејќи во мометов не се важни економски идеологии туку ДУИ да не дојде пак на власт, тогаш ни 0% данок не не спасува
а што точно е разликата од ДУИ до другите албански партии ?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Ај не гласај за овие ...:love::vozbud: (не мислам на партијата)

Прегледај го приврзокот 413657
Добро нека ги проверат нусињава зошто во една уште предизборно има влезено вмровски коалиционен партнер :D
Автоматски споено мислење:

Нема што да коалицира ДПМНЕ со Левица, тоа е лузерска ситуација , прво овие се збиралиште на левичари, анархисти, комунисти, недоквакани дечишта што немат дигнато потежок предмет од пенкало, пола работат у фирми отворени од тоа ДПМНЕ и зимат сериозна сума на плати во евра за да глумат современи ЧеГеввари, а и ете на подадената рака од ДПМНЕ , Левица плукна, целта на постоењето на Левица е да кине гласови на ДПМНЕ и само така може да опстојуваат, се друго е смрт за нив, а и се виде со кампањата која ја водат која е повеќе насочена против ДПМНЕ него власта , од една страна глумат неподмитливи, од друга страна во исти спот велат нема влада без нив, шизофренија на нивоУ.

Друго што како би формирала влада ДПМНЕ и да спроведува економски политики кои се неопходни за Македонија, посебно даночната политика, кога Левица ќе сакаат пари за обезправените цигани, разни социјални трансфери, даночење вон секоја економска памет, едноставно глас за Левица е залудно фрлен глас, но секој си носи одлука сам за себе.
Епа ајде замисли сега Левица има над 100к гласови и заедно со дпмне ги имаат потребните 61, треба Мицко не да им каже?
Верувам дека ќе ги надраснат сите проблеми во интерес на таа Македонија која од уста не ја вадат и двајцата, еднаш седнале на маса заедно, ќе седнат повторно.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.303
Поени од реакции
21.432
Сите албански партии се УЧК ориентирани, така што не ни менува ништо ниту една партија во однос на ДУИ.
Генерално сите се исто племе, но ДУИ мора да оди опозиција, мора да се зауздаат малку, да се казнат со паѓање од власт, губење моќ и привилегии, бидејќи не е исто да си на власт и да бидеш во опозиција. Редно е да почне да им се сечат корените што ги пуштале 20+ години уназад додека биле власт, полека да почнат да го губат статусот на ултра моќна албанска партија која може да прави што сака во државава од позиција на власт.

Плус, во племенската битка за моќ и превласт во албанскиот блок - ќе почнат да се требат меѓусебе, нешто што ни одговара нас македонците. Веќе и предизборно почнаа.

Иако нема некоја суштинска разлика, сепак не би рекол дека треба да ни биде сеедно дали ДУИ ќе остане на власт или не. За да остане на власт, рачунај дека тоа ќе биде во коалиција со СДСМ + сите останати албански партии. Ако досега албанците имале 50% контрола на институции, со тоа ќе имаат 80% и повеќе, буквално генгбенг ќе им прават на СДСМ.

Така да, не е баш исто. Дали ќе им се оствари желбата да останат на власт, зависи од тоа колку пратеници ќе освојат македонските опозициони партии. Затоа е потребно да се излезе и да се гласа. Реториката "сите се исти" и "сеедно е дали ДУИ или другите", е пасивизирачка стратегија на власта за да ѝ се зголемат шансите да остане на власт.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.765
Поени од реакции
3.831
Мицко со ова за левица и Максо уствари признава дека тешко ќе прави влада.
Проблемот му е што кај странците очигледно ветувал уставни измени и сега е турен у шах мат позиција.
Левица кжа дека нема проблем да оди во опозиција ако не им се исполнат барањата. Стевчо исто и он у принцип нема како да прави влада без ДУИ.

Ќе мора све да им прифсти и гомна да јаде со кутлача и да се утепа сам себе и вмро. Или да остави сдс, дуи и другите албнски партии да си направат влада повтоено и да си ги направат измените.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.436
Поени од реакции
5.480
Мицко со ова за левица и Максо уствари признава дека тешко ќе прави влада.
Проблемот му е што кај странците очигледно ветувал уставни измени и сега е турен у шах мат позиција.
Левица кжа дека нема проблем да оди во опозиција ако не им се исполнат барањата. Стевчо исто и он у принцип нема како да прави влада без ДУИ.

Ќе мора све да им прифсти и гомна да јаде со кутлача и да се утепа сам себе и вмро. Или да остави сдс, дуи и другите албнски партии да си направат влада повтоено и да си ги направат измените.
Пошто демократски е СДСМ со 29 пратеници и сите албански со 32 да праат Влада.
А ВМРО со 54 места во парламент да остане опозиција.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.470
Поени од реакции
87.276
Не е можно министерка а за К У Л Т У Р А да е толку проста и навидум неписмена...значи од улица просјак да земеш, поаргументирани ставови ќе ти извади за било која тема.

 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.415
Поени од реакции
9.041
Пошто демократски е СДСМ со 29 пратеници и сите албански со 32 да праат Влада.
А ВМРО со 54 места во парламент да остане опозиција.
Сосема демократски во искривениот свет на лажните социјалдемократи, кој тие го гледаат од жабја перспектива, како последна шанса да продолжат со своето паразитирање на државниот Буџет, бидејќи не се кадарни за поинакво битисување.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.436
Поени од реакции
5.480
Нема врска со демократија.

Чиста математика и договор е у прашање.
Ако е демократски малцинството да одлучува за мнозинството тогаш можда не ни заслужуваме држава.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.765
Поени од реакции
3.831
Ако е демократски малцинството да одлучува за мнозинството тогаш можда не ни заслужуваме држава.
Ако се договорат и коалицираат тогаш стануваат мнозинство со 61+ пратеник.

Знам што сакаш да кажеш меѓутоа не е преседан. Ова го има/ло и во други држави. Веројатно си слушнал за minority government претходно, така да не е ништо ново.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
За да истуркаат уставни измени им треба 80, не 61. ВМРО-ДПМНЕ сама ќе може да спречи уставни измени, доколку сака, затоа што ќе биде единствена партија со над 40 пратеници. Така да, таа математика, кога се уставни измени во прашање, е залудна.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.789
Поени од реакции
5.719
За да истуркаат уставни измени им треба 80, не 61. ВМРО-ДПМНЕ сама ќе може да спречи уставни измени, доколку сака, затоа што ќе биде единствена партија со над 40 пратеници. Така да, таа математика, кога се уставни измени во прашање, е залудна.
Вака викаше зајакот и за законот за јазици па европско знаменце и неуставен закон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom