Ebay refurbished laptop

Член од
21 февруари 2023
Мислења
20
Поени од реакции
16
Здраво.

Ми треба ваше мислење/искуство со купување на лаптоп од ebay, но refurbished да е самио лаптоп, а не и нов.

Дали некој има такво искуство? Од кој продавач сте го купиле? За колку време стига? Колку се плаќа царина?

Од таму имам само книги купувано (и обично мене ми стигаат за еден месец, или нешто повеќе од тоа), но никоја моја нарачка до сега не надминала ~$100 со се царина и шипинг, па малку ми прави анксиозност помислата да купам нешто што би вредело неге ~10 пати повеќе од тоа.

Инаку, лаптопот би ми требал главно за програмирање. Мора да има 32gb ram минимум и океј процесор; пожелно би било и да не е некој со огромен дисплеј. Гледам некој thinkpad лаптопи и ми се допаѓаат. На пример овај, но има и многу други. Не, не мора да е thinkpad. Максимум што можам да потрошам е $1000.

Причина зошто не би купил некој лаптоп на ново од овде, е тоа што за иста цена би можел да купам многу подобар лапотп од ибеј. Причината зошто не би купил некој лаптоп на старо од овде е тоа што нема некоја голема понуда - барем од тоа што го имам видено на пазар3 и реклама5 - но ако знаете некојa индивидуа/организација што продава добри лаптопи на старо, пуштете линк и кажете искуство ако имате :)

Секое мислење е добредојдено. Фала!
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
182
Поени од реакции
148
Од Америка до Македонија нема баш добар тракинг, постои можност да се „изгуби“ некаде.
 
Член од
21 февруари 2023
Мислења
20
Поени од реакции
16
Да од тоа „губење“ и се плашам со оглед на сумата. Дали можеби би било подобро доколку би купил лаптоп на старо од некоја балканска страна? Имаш искуство со тоа?
 
Од европа е ок, од балканска страна можеш и цигли наместо лаптоп да добиеш.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.375
Поени од реакции
9.645
Да од тоа „губење“ и се плашам со оглед на сумата. Дали можеби би било подобро доколку би купил лаптоп на старо од некоја балканска страна? Имаш искуство со тоа?
imam slushnato za ovie od mkd - https://ddstore.mk/
mislam deka imaat refurbished laptopi.

ne sum kupuval, i nemam iskustvo, gi kontaktirav ednash (za rabotna masa i stolica)
brzo odgovorija i ubavo mi objasnija shto imaat od produkti.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.605
Поени од реакции
5.299
Здраво.

Ми треба ваше мислење/искуство со купување на лаптоп од ebay, но refurbished да е самио лаптоп, а не и нов.

Дали некој има такво искуство? Од кој продавач сте го купиле? За колку време стига? Колку се плаќа царина?

Од таму имам само книги купувано (и обично мене ми стигаат за еден месец, или нешто повеќе од тоа), но никоја моја нарачка до сега не надминала ~$100 со се царина и шипинг, па малку ми прави анксиозност помислата да купам нешто што би вредело неге ~10 пати повеќе од тоа.

Инаку, лаптопот би ми требал главно за програмирање. Мора да има 32gb ram минимум и океј процесор; пожелно би било и да не е некој со огромен дисплеј. Гледам некој thinkpad лаптопи и ми се допаѓаат. На пример овај, но има и многу други. Не, не мора да е thinkpad. Максимум што можам да потрошам е $1000.

Причина зошто не би купил некој лаптоп на ново од овде, е тоа што за иста цена би можел да купам многу подобар лапотп од ибеј. Причината зошто не би купил некој лаптоп на старо од овде е тоа што нема некоја голема понуда - барем од тоа што го имам видено на пазар3 и реклама5 - но ако знаете некојa индивидуа/организација што продава добри лаптопи на старо, пуштете линк и кажете искуство ако имате :)

Секое мислење е добредојдено. Фала!
1. koe programiranje ti bara 32gb ram? 16 ti se poveke od dosta
2. solun i kupi si nov, baraj prodavnica plaisio imas i 24% povratok na danok
 
Член од
21 февруари 2023
Мислења
20
Поени од реакции
16
1. koe programiranje ti bara 32gb ram? 16 ti se poveke od dosta
2. solun i kupi si nov, baraj prodavnica plaisio imas i 24% povratok na danok
1. Тоа повеќе ми е за да не треба да купувам лаптоп секој 2 години, но имаш право. Инаку, не дека кузни каков програмер сум јас хаха

2. Во ред, но нели треба на влез на граница кај нас да се пријави ако имаш купено нешто? И на крај на ден да треба да ги платам тие 24% во форма на царина? Никогаш не сум го направил ова, така да извини ако звучи глупаво прашањево
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.605
Поени од реакции
5.299
1. Тоа повеќе ми е за да не треба да купувам лаптоп секој 2 години, но имаш право. Инаку, не дека кузни каков програмер сум јас хаха

2. Во ред, но нели треба на влез на граница кај нас да се пријави ако имаш купено нешто? И на крај на ден да треба да ги платам тие 24% во форма на царина? Никогаш не сум го направил ова, така да извини ако звучи глупаво прашањево
1. Со 16гб сигурно нема да треба да менуваш лаптоп на секој 2 години, па и со 8гб дури е прашање дали ќе мораш. Веројатно ќе заглавиш во некое IDE како vs-code кое и не е толку захтевно на ресурси. Така што повеќе рам ќе ти иде на пребарувачот или на игри ако играш него на програмирањето

2. По правило би требало да го пријавиш и да платиш (5% ДДВ барем порано беше толку, не знам дали има некои измени тука) на цената што си ја платил без ДДВ(VAT) во Грција, и на тоа уште 10% царина(пак ќе речам ако нема некои измени во овој дел). Ама искрено нема да бидеш ни прв ни последен што го купил од таму пикнал у ранец и не го пријавил па ги заштедил процентите за ДДВ и царина

Како и да е платил царина при купување од грција или ебај исти трошоци ќе имаш, разликата е дали ќе земеш нов (со некоја гаранција зашто ако имаш проблем сепак ќе можеш до грчка да отидеш и да пробаш да оправиш) или ќе земеш од ебај.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.416
Поени од реакции
3.468
Refurbished од ebay да земеш е мачка во вреќа, не знаеш што му било пред да го поправат и колку време ќе издржи, а имаш 0 дена гаранција. Подобро земи си на старо од тука.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
898
Поени од реакции
1.397
Од толку многу избор кај нас ти со цел памет идеш на ибеј да ризикуваш и плус царина кога ќе ти опнат дупло ќе те кошта.
Не си давај толку пари на лаптоп што ќе ти служе за програмирање. И овој лаптоп ќе ти заврше работа само кажи и да ти апдејтират рам меморијата на 32гб и ќе лета. https://www.facebook.com/cccmacedonia/posts/pfbid02HZ5d8bK32PS9DkTAsBwDnwCec72Lk1XM2EqWBqYm1DdK6oDxPvR4cceUsBfXev92l

Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.782
Поени од реакции
7.418
Jas imam 2 Laptopi za prodavanje.
Ako si zainteresiran pishi mi Poraka.
Mozham da ti gi pratam po avtobus i si gi dobivash vo Skopje na Avtobuska.Mu frlash nekoj dinar na shoferot shto ti gi donesol i cista rabota.
Za internet i Biro rabota kako i za programiranje povejche od dobri se.
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
225
Поени од реакции
305
Јас сум земал од UK преку Ebay доста работи ама со форвардинг, од тие што не праќаат во МКД директно. Едно време гледав за лаптопи ама се откажав зошто мислам има ризик на царина и поради батеријата
 
Kajgana Shop

На врв Bottom