Ништо значително, сигурно не повеќе отколку што ќе донесат овие. Кај нас важи правилото "секое чудо за три дена", ќе се појаде гомна неколку денови, и тоа ќе биде. Од друга страна, нивните гласови ќе бидат еден вид safe net, за да не се горат гласови и да не се губи пратеник плус за стотина гласа според Донтовиот модел доколку овие би излегле сами на избори.
Поарно опозицијата, отколку СДСМ и ДУИ да ги добијат тие пратеници. Колку повеќе македонски пратеници има идната власт, толку помала преговарачка моќ ќе имаат албанските партнери. Ако ги симнат од власт СДСМ и ДУИ, особено ДУИ кои се 20 години власт, сите "изгубени" гласови заради бунтуровци, ќе се вратат во јатото. Нема ни да се памти дека воопшто влегле во коалиција.
Како што гледам, Богојески и Ангелов, особено Петар Богојески има прилично радикални и политички некоректни анти-учкарски настапи низ медиуми. Со таа реторика комотно ќе ги анулираат сите наводно изгубени гласови заради нив.
Плус, никој од нив не добива, ниту му е понудено пратеник, така да, како што реков, ќе се појаде бурек уште некое време, и тоа ќе биде.