Дрога ( Наркотични дроги )

Член од
14 август 2018
Мислења
4.903
Поени од реакции
10.961
...и да сакаш, нема да можеш!!!!!
Длабоко си навлечен, но нејкеш да признаеш...како и секој зависник од било што, што не признава...познато ми е тоа.
Не се жешти толку и не навредувај.
На оваа тема, на жалост, повеќе читам како се фалат наркотични дроги, отколку некој да пише лошо искуство.
Читаат млади луѓе и лесно може да се залажат, мислејќи дека ако проба еднаш, два пати, лесно ке може и да прекине.
Нема да дозволам да пишувате лаги,без да пишете за нејзиното штетно влијание, не само од опијатите, туку и од марихуаната.
СТОП ЗА ДРОГАТА:::ТАА УБИВА!!!!!!!
НЕМОЈ ДА ДОЗВОЛИТЕ НИКОЈ ДА ВЕ УБЕДИ ДЕКА КЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ СРЕЌНИ, ВЕСЕЛИ И ПОЛНИ СО ЕНЕРГИЈА!!!

Морав :pos:
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Цела држава навлечена на дијазепами, не може никој да ме убеди дека сите 50+ редовно не земаат по некое дијазепамче секој ден, ама трева никако, дрога е тоа, наркомани се тие.

Без дијазепам сигурно фаќа нервоза, бес, депресија, агресија, а во таква состојба свашта нешто може да се деси. Додека за тревата немам чуено ништо лошо да се десило под нејзино дејство, напротив, весели фаци, смешни муабети, смеење до солзи, забава.

Тоа што ви го овозможува вас дијазепамот, тоа им го овозможува и тревата на тие што си ја конзумираат, опуштање, мир, спокој, разликата е што тие со тревата не се тресат кога немаат. Хероинот е веќе друго. Тука е веќе крајот.

А иначе подобро би било да се забрани алкохол, а да се легализира трева според мене.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.551
...да се види или да се слушне инфо од прва рака околу „тревата“ која се конзумира за релаксирање или хај состојба, треба или да се биде корисник или да се движи во такво хај друштво или да работи на клиника.

...споредбата со диазепамот не е на место, освен ако не се мисли на највисока доза од 10 мг што токму зависниците ја применуваат и ако за вас би била идилична слика на пример на слава или роденден гостите да наздрават со дим од марихуана наместо со чаша алкохол, за други богами не е традиција, затоа што по таа логика треба да се забранат и многу други работи што како храна што како пијалок што се ЗЛОУПОТРЕБУВА во несоодветни количини и истите штетат на човечкиот организам, а човекот зависи од негов внес.

...како да објаснам... и дигиталисот како растение се применува при кардиолошки проблеми, па ајде да грицкаме секој ден од цветот, но е обработен по сите прописи со точна доза како лек, истото треба да биде и со марихуаната САМО за медицински цели, ама со доза која ќе биде навистина да делува во промена на лошата здравствена состојба најчесто при канцер, а не сегашниве тинктури што повеќе е како плацебо ефект отколку да направи нешто, но пак ќе кажам све што прави зависност треба да се биде под контрола од соодветно медицинско лице, а не сега хај фај стерео ќе чадиме оти така ни се стрефна денот.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.339
Поени од реакции
10.209
Додека за тревата немам чуено ништо лошо да се десило под нејзино дејство, напротив, весели фаци, смешни муабети, смеење до солзи, забава.



А иначе подобро би било да се забрани алкохол, а да се легализира трева според мене.

:facepalm:
Не очекував ваков коментар од една мајка.
Значи тебе баш те боли што твоите деца вештачки, под дејство на некои си супстанции ке имаат весели фаци, ке прават смешни муабети, ке се смеат до солзи!????
Не ти делуваат вакви работи на малце штракнати одлепени состојби??
Браво за тебе....подобро нека се легализира марихуаната, за вие мајките, бидејќи немате време да се занимавате со децата, да ви бидат весели, среќни и задоволни.
Затоа има толку многу самоубиства на млади луѓе.
 
Член од
12 март 2012
Мислења
203
Поени од реакции
188
^
Очигледно не правите разлика од рекреативно и опсесивно пушење.Еве јас пушам од 1999,до кај 2003-2004 средно школо многу поретко пушев,тогаш потешко се наоѓаше а и се немаше пари.Еве веќе 20год. пушам по 2-3 пати неделно.Откако ќе си ги завршам обврските на работа и дома (како родител итн..) и кога знам дека нема да треба да возам или да излегувам од дома за било што,е тогаш се опуштам и палам.Вработен сум на серизно работно место веќе 18год. што значи не ми смета за работа.Женет сум имам семејство дете,куќа..

Е за она другото и јас сум против од сабајле до вечер кога се мисли само на трева,имам другари што токму тоа го прават и со тек на време не се баш ок.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
:facepalm:
Не очекував ваков коментар од една мајка.
Значи тебе баш те боли што твоите деца вештачки, под дејство на некои си супстанции ке имаат весели фаци, ке прават смешни муабети, ке се смеат до солзи!????
Не ти делуваат вакви работи на малце штракнати одлепени состојби??
Браво за тебе....подобро нека се легализира марихуаната, за вие мајките, бидејќи немате време да се занимавате со децата, да ви бидат весели, среќни и задоволни.
Затоа има толку многу самоубиства на млади луѓе.
Јас и ти ни сме другари од војска, ни најдобри другарки од средно за ти да ми мешаш мајки и деца. Како што запримети, 1000 пати те изигнорирав кај што спомнуваш мажи, деца и свекрви и запоставени деца и таму со се што се занимаваш за да не плачеш дека сум те малтретирала. Ама не разбираш. Зошто не можеш да коментираш како член со член онака инкогнито, јас нн особа, ти нн особа и прави си хипотетички муабети.

И сега на ова јас треба во тој сељачки стил да ти вратам, па баба си мајке му, внуци имаш што не идеш да им кажуваш за штетноста на дрогата место да пишуваш по форуми, уживај си со внучињата што ти е гајле која е мајка, не мајка, не ти се гледа ова како запоставување на внуците малку?
Не ми поставувај вакви директни прашања што ми идат на живци, ако не можеш да издржиш веќе ете ко очајна и другарка ти споменувај си демек уз муабет така неприметно мрмљај си за мене, тоа си е легитимно лично право да си збориш самиот што сакаш, а мене лично не ми се обраќај повеќе вака.
И да, не знам колку повеќе да ти кажам освен дека со две раце би потпишала моите деца да пушат трева него да израснат во вакви личности. Тогаш сосема ќе се сметам за пропаднат родител.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.334
Поени од реакции
7.698
истото треба да биде и со марихуаната САМО за медицински цели, ама со доза која ќе биде навистина да делува во промена на лошата здравствена состојба најчесто при канцер, а не сегашниве тинктури што повеќе е како плацебо ефект отколку да направи нешто, но пак ќе кажам све што прави зависност треба да се биде под контрола од соодветно медицинско лице, а не сега хај фај стерео ќе чадиме оти така ни се стрефна денот.
Сегашнава марихуана за медицинска цел тврдиш дека е неквалитетна, плацебо ефект, а е одобрена од медицински лица.
Значи иако медицински лица овозможиле неквалитетен "лек" да се користи, ти сепак си упорна, пак бараш регулација и тоа повторно од истите медицински лица кои одобриле безброј неефикасни и со штетни последици "лекови".
Ај првин средете се самите во фелата, па после тука проповедај за регулации. Истава контрадикторност ја имаше и за короната и за вакцините.

Стварно не разбирам до кога ќе живееш во лага и надеж, до кога ќе учествувате во наместена игра, каде секогаш народот страда, а се сметате за интелектуалци.....

иначе подобро би било да се забрани алкохол, а да се легализира трева според мене.
Место забрани, едукација и креирање на средина каде луѓето нема да имаат толкава потреба од секакви стимуланси.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.339
Поени од реакции
10.209
па баба си мајке му, внуци имаш што не идеш да им кажуваш за штетноста на дрогата место да пишуваш по форуми,
Форумов е добро место каде што може да се пишува за штетноста на дрогата и ке се се противам против сите оние кои ја одобруваат.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Место забрани, едукација и креирање на средина каде луѓето нема да имаат толкава потреба од секакви стимуланси.
Мислиш немаме доволно едукација за дрогата и алкохолот насекаде? И дека сами не ги гледаат последиците? И дека не се свесни? Секој од нас има барем еден во маало што починал од предозирање, еден веќе пред заминување и еден агресивен пијаница. Подобра едукација од тоа да ги гледаш тие луѓе како се измачуваат и прво како изгледаат? А тука кај нас да креираш свесна средина? Ќе му рече на внучето не дрога тоа фуј и ќе се напие една рака апчиња од своја рака препишани и битно го едуцираше детето. Тоа се треба да се почне од почеток, да се батали ова се сега што постои и да почнеш да работиш само со идни генерации..
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.334
Поени од реакции
7.698
Форумов е добро место каде што може да се пишува за штетноста на дрогата и ке се се противам против сите оние кои ја одобруваат.
Све супер, само првин пробај едуцирај се, прочитај за конопот, распрашај се, оти вака само контра ефект правиш.
Мислиш немаме доволно едукација за дрогата и алкохолот насекаде? И дека сами не ги гледаат последиците? И дека не се свесни? Секој од нас има барем еден во маало што починал од предозирање, еден веќе пред заминување и еден агресивен пијаница. Подобра едукација од тоа да ги гледаш тие луѓе како се измачуваат и прво како изгледаат? А тука кај нас да креираш свесна средина? Ќе му рече на внучето не дрога тоа фуј и ќе се напие една рака апчиња од своја рака препишани и битно го едуцираше детето. Тоа се треба да се почне од почеток, да се батали ова се сега што постои и да почнеш да работиш само со идни генерации..
Затоа напишав и здрава средина, (посветени родители, здраво општество) .
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.339
Поени од реакции
10.209
Затоа напишав и здрава средина, (посветени родители, здраво општество) .
Бафра душо...ниту има, ниту ке има здрава средина и посветени родители..на жалост.
Прагот на малолетни зависници е се поголем.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.334
Поени од реакции
7.698
Бафра душо...ниту има, ниту ке има здрава средина и посветени родители..на жалост.
Прагот на малолетни зависници е се поголем.
Епа без тоа, народ нормално ќе има желба, потреба, да користи секакви стимуланси. Затоа пробај делувај врз причината, а не на последиците.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.955
Поени од реакции
12.566
Бафра душо...ниту има, ниту ке има здрава средина и посветени родители..на жалост.
Прагот на малолетни зависници е се поголем.
Нема, односно има ама поретко. Поретко, оти се засенети од вакви ко тебе и слични.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom