За нас меч топка беше минатиот турнир во Нови Сад, особено утакмицата со Сутјеска, каде имавме напад за победа, од толку играчи зеде Најт да решава, тогаш тотално вон форма, промаши и испуштивме победа, со таа победа и 3 од 3 таму ќе бевме 90% пласирани....
Сега турнирот во Босна беше со појаки противници од нас, не врати во игра победата над Борац во последни секунди, заеба работа за нас службената утакмица која Хелиос ја доби по вирусот во Борац, ова не ни одеше по план. Па после пораз од Подгорица каде имавме контрола врз цел меч и водство од +12 почеток на последна четвртина, но залудно, го изгубивме мечот и речиси тука ги загубивме шансите....
Вчера ни требаше победа над Суботица, ама ако гледаше ќе ти стани јасно......
Судењето беше 90-10 за нив, апла судиите форсираја за Суботица за да го завери првото место, иако и според ростор се далеку подобри од нас, ама и то резултатски шо можевме да се доближиме за брзо тројцата судии го менваја текот на мечот....
А и по случај на x околности некако да се пласиравме во топ8, ќе беше екскурзија следниот турнир и џабе трошок и малтретирање како 7 или 8 пласиран ќе одевме на некој од Златибор или Спартак/Војводина, каде првите две имаат големи амбиции за АБА1.
За купот си во право.....се имавме на тацна.....
Останва уште 2 лесни утакмици пред плеј офот, нека се спремаат за таму, добро е шо Најт ја крена формата, а последната и Магдевски изигра топ, центрите стандард ни се најдобри во екипата, па така да ако сакаат нешто плус, ќе мора победа над скопските на нивни терен....