Ова со таблициве е еквивалент на тоа што деца од 12 години пукаа петарди пред ресторанот на хотелот каде беа играчите на ФК Вардар пред последното дерби во Битола иако после тоа играчите најнормално си шетаа по Широк Сокак со обележја на клубот без никој да ги погледне попреку. Поентата е тоа дека се ова деца како и тие таму и не треба да се дава на значњње...
Не треба да се дава до значење, ама треба да добијат воспитна за следен пат да знаат што чини, а што не чини, вакви работи ко ова со таблициве, гаѓање со камења автобуси и слично, на сите ни штетат и никому не придонесуваат, треба да се работи на нивно искоренување, колку што е можно нели затоа што секогаш постојат индијанци и индивидуалци кои нема да играат по „правилата“.
А за инцидентот во сала, упорно по форумов и социјални мрежи се форсираат муабети „зошто не дојдовте“ кога сите сме свесни дека постои забрана, и сите сме свесни дека забрана против Детонит Плачковица со 3-ца редари и локална публика и забрана на дерби дуел со домашна група од 500+ членови не е исто, шансите да се појавиш во своја режија и влезеш во сала/стадион на таков дуел се невозможни, а во вакви индивидуални испади едноставно нема како да испаднеш победник, премногу детски е да отидеш без обележја и ќутиш цел натпревар и отпосле се фалиш дека си бил, демек е некаков подвиг тоа, а уште полошо е ова со стикериве што се прави. Не треба да претставува проблем битолчанец да присуствува на натпревар во Скопје или скопјанец во Битола, се додека некои кодекси се почитуваат и нема провокации, со вакви испади се прават некои бариери кои не треба да постојат ако сакаме здраво ривалство.
П.С. Многу е тажно што во сезона кога 4 од екипите кои се борат за врвот имаат активни навивачки групи и сали со услови да примат гостински навивачи, уште пред старт на сезоната се помиривме дека ќе има забрани и не се направи напор да се смени таква одлука. А ваквите идиотски испади само ги „оправдуваат“ таквите забрани