Се размислував дали да ти вратам оти темава ќе отиде во неповрат, но со глава во ѕид понекогаш одите и сакате да се правите секогаш жртвени јагниња.
Глупо е малку да се објаснуваме во ваква тема од каде се финансираат општините, но веќе ја почна темата.
Најголемите финансии општините ги добиваат од државата со блок-трансакциите. И сега ќе правиш разлика помеѓу државни и општински пари.
Еве ти во прилог и истражување како се трошат општинските пари:
https://www.dw.com/mk/cgk-milioni-za-sportskite-klubovi-od-opstinite-troski-za-graganskite-organizacii/a-67776705
""Најголем дел од
парите од општинските буџети завршуваат кај професионални клубови кои се натпреваруваат во лигите од највисок ранг во соодветните спортови, додека само мал дел завршува за рекреативниот и училишниот спорт. На врвот, според висината на добиената поддршка, се кошаркарскиот, фудбалскиот и ракометниот клуб Пелистер Битола, кои добиле 1 милион евра во 2022 година.
Општина Битола ги има направено трите највисоки исплати кон спортски клубови помеѓу осумте општини кои се предмет на истражувањето.""
Имате постојана помош од општината, РЕК, Еурофарм, Синпекс и други помали битолски фирми ви ги помагаат трите клуба, искрено јас немам против нека ве помагаат логично е да помогнат.
Само не кукајте кога тоа се прави и на други клубови.
Зашто не се буните дека општина Кавадарци ги помага ФК и РК Тиквеш?
Само Вардар и Скопје е проблемот.
Се враќаме на муабетот на Сајбер од завчера дека ситуацијата е таква дека треба помош од македонските општини и од макединските големи фирми во период кога ќе укинат ваучерите, кога нашите клубови се газени во секој поглед од шпонскиве екипи.
Уживајте во помошта додека ја имате, инсистирајте и за поголема, да не му текне на Еурофарм да си оди, општината да намали пари и пак фабрички да се ресетирате.