Како и шо спомнав во текстот кај шо ја постирав и споредбата, не ни реков дека сте ископирале, само продискутирав дека има големи сличности и дека во време на "милион" извадени кореографии секој викенд низ светот, тешко е да смислиш и да напрајш нешто шо не било претходно.
Околу вашите изданија, кога е нешто очигледно не барајте потврда од најголемиот ривал да ве фали, не знам шо би продискутирале...вашата теренска работа и работа на социјални мрежи итн си дава резултати. Имам спомнато и претходно, најголемиот ваш успех е приказната која изградивте околу вардар. То е то, спој на многу фактори, за кои ви сте најзаслужни си го дава моменталниот учинок. На нас(чкембари) останува ако не можиме да парираме целосно на вашите изданија на немеѓусебните дуели да ви парираме на меѓусебните дуели каде досега не ни одело лошо.
Каква приказна околу вардар,
мое мислење е дека нивниот успех е добриот ПР околу Македонија и форсирање патриотизам.

Ние (Битола) како град од некој работи сме отсечени, да бидам конкретен од некој улични случки помеѓу етнички групи.
Се ова шо се дешава со Македонија последните години сме афектирани сите, ама пак Албанизацијата најмногу е моментално изразена во скопје, сите овие последни години...
Кај нас (БТ) патриотизмот се изразва на поинаков начин.Ваљда не ја гледаме потребата од докажвање на трибина колку сме јаки ние како Македонци и форсирање на толку често песни за Македонија. Шо не не прај во никој случај помалце патриоти, кога има потреба сме го покажвале то.
Ама е многу обратно со случајот во скопје.
Не знам баш како да објаснам шо сакам да кажам, ама често имам движено низ Тетово порано( се шо се случвало таму пред 15-20 год на улица, сега се случваше овие години скопје), имам разговарано на ова тема со многу луѓе и зато прам некоја споредба со Битола, се надевам некој ќе ми ја сфати поентата на муабетот.
Лавови, Пирати, Фемили, ЦПБ сите овие групи не постоеја на мапата некое време. Нормално е секое младо дете шо е низ скопските улици да сака да биди дел од некоја екипа, или едноставно кажано да се осеќа сигурно.
Според мене ова има голем удел то шо цела младина од скопје ја собраја Комити.
Од истата причина (форсирање на Македонија) собраја и екипи од други градој.
Да не бидам грешно сфатен, фала богу дека тука е и љубовта кон клубот, не го оспорвам јас то.Јас поќе коментирам за растот на бројката.
Да не ги заборајме и одличните кореографии и маркетинг.
Има многу фактори, едноставно премногу коцки се поклопија за Комити. Многу труд е вложен и то излезе на виделина.
Иако ривали, се надевам дека после изборите вашата омилена партија која најверојатно ќе победи, нема од некој X причини да ве ресетира
Како шо кажа
@favorito ние не се даваме
