Коронавирус (COVID-19)

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.644
Поени од реакции
32.677
^^ Не, па секако дека нема шанси да е поврзано со канцерогени влијанија вбризгување на DNА (која тврдеа дека ја нема во mrna вакцините).
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.810
Поени од реакции
12.105
Ова е повеќе бришење на лагите отколку победа на вистината.

Кога во иднина повторно ќе измислат некоја нова пЛандемија, повторно ќе ги вадат истите лаги во одбрана на тоталитаризмот кој ќе го практикуваат на дело.

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/ivermektinot-vekje-ne-e-opasen

Ивермектинот веќе не е опасен

26 март 2024 - 14:56

Американската федерална агенција за храна и лекови, чии упаства и препораки за време на пандемијата беа „све и свја“, со согласи да ги избрише сите свои пораки на веб страници и социјални медиуми со кои бараше луѓето да престанат да користат ивермектин. ФДА ова не го прави доброволно, туку затоа што ја тужеа доктори и немаше каде.

Бришењето е дел од вонсудската спогодба меѓу Агенцијата и тројца доктори од Тексас кои ја тужеа дека незаконски им се мешала во нивната медицинска пракса и советувала граѓани што да не користат.

Ќе се бришат и веб страници и постови на социјални медиуми.

Веќе е избришан дијалогот:

„ - Дали да земам ивермектин за да превенирам или третирам ковид-19?
- Не. “

Ќе биде избришана и Интернет страницата која носи наслов: „ Зошто не треба да користите ивермектин за треман или превенција на ковид “.

Агенцијата долго време упорно настојуваше дека не постојат податоци за ефикасноста против ковид, иако и во тоа време постоеја релевантни студии кои сугерираа поинаку.

Кога беше најјака, среде пандемиското едноумие, Агенцијата и брутално го напаѓаше ивермектинот, вклучувајќи и пораки како што е:

„ Не си коњ. Не си крава. Сериозно, престанете со тоа. “

Случајот кој се одолговлечи четири години е битен и затоа што е прв со кој се ограничува упадот на ФДА во односите меѓу лекарот и пациентот.

„ Ивермектинот беше најнапаѓаниот и најомаловажуваниот лек во времето на пандемијата. Корпоративните западни медиуми систематски му правеа хајки, надмено оцрнуваји го како „лек за глисти кај коњи“ а еден од главните гревови му беше што имаше поддршка од нивниот архи-непријател - Доналд Трамп. Но, Трамп беше само фасада на приказната. Кај парите е финтата “, пишавме во статијата „ Ивермектинот не чинеше затоа што беше евтин “ .
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.618
Поени од реакции
7.245
Veshterkava naeba. Sekoj den po edno delce od Mafija Puzzle izleguva na videlina

Umstrittener Impfstoff-Deal: Nun ermitteln Europas Korruptionsjäger gegen Ursula von der Leyen

Член од
12 март 2009
Мислења
20.064
Поени од реакции
16.177
Veshterkava naeba. Sekoj den po edno delce od Mafija Puzzle izleguva na videlina

Umstrittener Impfstoff-Deal: Nun ermitteln Europas Korruptionsjäger gegen Ursula von der Leyen

нели нашиот Шмокљан од ЈОЈО требаше да го истражува Урсулчето ама Кидна во Пензија :cool:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.226
Поени од реакции
36.996
Veshterkava naeba. Sekoj den po edno delce od Mafija Puzzle izleguva na videlina

Umstrittener Impfstoff-Deal: Nun ermitteln Europas Korruptionsjäger gegen Ursula von der Leyen

"Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕППО) првпат директно ја истражува Фон дер Лајен за можно криминално недолично однесување.

Новинскиот портал „Политико“ претходно објави дека луксембуршката власт го презела случајот од јавното обвинителство во Лиеж. Белгијците веќе започнаа истрага против Фон дер Лајен на почетокот на 2023 година за „мешање во јавни канцеларии, уништување на СМС, корупција и конфликт на интереси“ по поднесената граѓанска тужба.

Тужителот, белгиски лобист, откри дека шефот на Комисијата ги прекршил правилата за транспарентност на ЕУ во целост. И тој не беше сам во ова убедување: кратко време подоцна, полската и унгарската влада се придружија на неговата жалба. Во исто време, група пратеници на ЕУ и „Њујорк тајмс“ исто така ја тужеа фон дер Лајен пред Европскиот суд на правдата - и во двата случаи за наводно прекршување на Повелбата за основните права на ЕУ.

Наводите се однесуваат на турбулентното време на набавка на вакцини за време на пандемијата на корона. На крајот на 2020 година, земјите-членки одлучија ЕУ заеднички да набавува вакцини. Комисијата нареди директно од производителите, фокусирајќи се на американскиот фармацевтски гигант Pfizer.
Дали фон дер Лајен има нешто да крие? Во екот на пандемијата, договорот со Фајзер всушност се сметаше за голем триумф за шефот на Комисијата, кој долго време немаше среќа. Сепак, големиот број на нарачани дози на вакцини последователно предизвика мешаница. Pfizer испорача толку многу вакцина што само минатата година мораше да се уништат дози вредни најмалку 4 милијарди евра. Во исто време, и покрај големиот обем на набавка, цената се зголеми за чудесни 25 проценти по доза во третиот договор за испорака.

Комисијата додели на Pfizer квази-монопол на пазарот на вакцини, што беше барем сомнително според правилата за конкуренција на ЕУ.

Уште во 2022 година, EPPO објави дека генерално ќе ја испита практиката на набавка на вакцини. Сепак, извештајот „Политико“ е показател дека јавното обвинителство сега експлицитно ги разгледува СМС пораките на Фон дер Лајен.

ЕСЈО е независно тело со широки овластувања формирано за заштита на финансиските интереси на ЕУ.
Нејзината лидерка, Романката Лаура Ковеси, е решителен ловец на корупција која нема репутација дека се потпира под политички притисок.
За Фон дер Лајен, извештајот доаѓа во непријатен момент. Германецот моментално се кандидира за втор мандат како претседател на Комисијата и зависи од поддршката од главните градови. Впрочем, полскиот премиер Доналд Туск неодамна најави дека ќе се повлече од заедничката тужба со Унгарија. Претходната полска влада и владата на Виктор Орбан видоа можност да му се оддолжат на фон дер Лајен, кој ги осуди двете земји за правни прекршувања."

...кучињата лаат карванит си врви!
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.810
Поени од реакции
12.105
Изгледа во не многу далечна иднина ќе треба да се градат Меморијални Центри на пЛандемијата, со иста функција како Меморијалните Центри на Холокаустот - никогаш да не се заборави и никогаш да не се повтори, само со поинаква тематика.

Само ќе треба прво да има Нирнбершки процеси во кои ќе бидат осудени и казнети главните заговаратели, организатори, учесници и соучесници на пЛандемијата, како и профитерите од истата.

Ова е несомнено најголемото злосторство против човештвото од почетокот на 21-от век.

Што секако не значи дека нема да биде надминато од некое друго уште поголемо злосторство против човештвото, сепак веков сеуште е млад.

https://off.net.mk/vesti/svet/fauchi-prizna-deka-izmisluval-raboti-za-vreme-na-pandemijata

Фаучи призна дека измислувал работи за време на пандемијата

3 јуни 2024 - 11:06

Задолжителната дистанца од најмалку 2 метра која ја кркавме за време на пандемијата и задолжително носење маски за деца се мерки кои доктор Антони Фаучи во сведочењето пред Конгресот призна дека никогаш немале некаква научна издржаност.

Пред новото сослушување на Фаучи во Конгресот што деновиве треба да се одржи, Републиканците го извадија целиот записник од неговото сведочење во јануари годинава.

Фаучи на сослушувањето изјавил дека правилото за 2 метра дистанцирање „некако само се појави“ и остана, дополнувајќи дека тој „не е свесен дека постои некоја студија“ што го поддржува социјалното дистанцирање, признавајќи дека такви студии би било „многу тешко“ да се спроведат.

Тој исто така изјавил дека не се сеќава дека прочитал нешто што би дало издржаност на мерката за задолжително носење маски за деца. Тоа што се сеќава е дека не следел ниту една студија за влијанието на присилното носење маски врз децата.

Во истото сведочење, Фаучи изјави дека теоријата дека ковид-19 е протечен од лабораторијата во Вухан е реална можност. Претходно тој застана зад едно истражување кое ја негираше ваквата верзија на почетокот на ковид-19.

Едно од признанијата на Фаучи што ја изненади јавноста е дека тој никогаш не ги разгледува грантовите кои ги потпишува, ниту знае за што се. Фаучи не е сигурен и дека странските лаборатории кои добиваат американски пари, оперираат по истите стандарди како и американските. Тој признава и дека рестрикциите што ги вовел не придонеле многу за спречување на ширењето на вирусот.

Проблем со рестрикциите е што тие доведоа до образовно и општествено назадување на децата, а влијанието на социјалното дистанцирање доведе до зголемена депресија, стрес и анксиозност. Сето ова беше потврдено во студии на американскиот Национален институт за здравје, чиј прв човек беше Фаучи.

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/drzhavni-nauchnici-fino-se-ofajdija-vo-pandemijata

Државни научници фино се офајдија во пандемијата

3 јуни 2024 - 10:42

Во ковидот, луѓето почнаа сериозно да се прашуваат за блискоста меѓу Големата држава и Големата фармација. Сега се дознава колкава била таа блискост. За време на пандемијата, главната американска агенција за здравство и нејзините научници собрале 710 милиони долари авторски права.

Тоа се плаќања направени од приватни компании, главно фармацевтски, за лиценцирање медицински иновации на владини научници.

Речиси целиот тој кеш - 690 милиони долари - завршил кај луѓе во Националниот институт за алергија и заразни болести, агенција предводена од д-р Антони Фаучи.

Националниот институт за здравство одбиваше да проговори за овој комплексен систем на тантиеми, но една организација (OpenTheBooks.com) им заигра пресинг па тужеше двапати.

Првте обелоденeти цифри беа 325 милиони долари, исплатени преку дури 56.000 трансакции. За време на пандемијата, двојно бил зголемен протокот на пари од приватните корпорации кон националната Агенција.

Во моментов е нејасно дали некои од хонорарите за ковид вакцина од Фајзер и Модерна воопшто се вклучени во овие нови бројки. Агенцијата не кажува.

Види и:

Договор вакцина гради

Владата секогаш е најопасен извор на дезинформации
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.284
Поени од реакции
5.044

Screenshot 2024-06-27 at 10-39-05.png

„Откривме дека 73,9% од смртните случаи биле директно предизвикани или со значителен придонес од вакцинацијата против СОВИД-19“, Макис и коавтори. „Нашите податоци укажуваат на голема веројатност за причинско-последична врска помеѓу вакцинацијата против СОВИД-19 и смртта“.

Мојот последен коментар на темава беше кон крајот на 2 или 3 месец 2020 ... треба да го заборавиме дотогашниот начин на живот и дека по ковидот ништо нема да биде исто, денес ја ставам информацијата дека голем придонес за смртноста имаа вакцините кои без да бидат доволно испитани се ставија во употреба само за да го задоволат апетитот за профит кај фаркомафијата.

... се работи за цензуриран извештај од страна на Lancet

Веста нема врска со вирусот и неговата штета по здравјето на луѓето туку со злоупотребата на позицијата на лекарската фела и медиумите за профит на фаркомафијата а на штета на популацијата.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.644
Поени од реакции
32.677
Некои непроверени ама незгодни тези...

Член од
24 април 2008
Мислења
10.810
Поени од реакции
12.105
Ова повеќе ќе да е предупредување за тоа до каде се подготвени одредени компании, ентитети и индивидуи за да остварат максимален профит, а истовремено да избегнат било каква одговорност за сопствените постапки.

Несомнено одличен пример за тоа како се води пропаганда кога се обидуваш да форсираш нешто за кое одлично знаеш дека не вреди ни пет пари.

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/fajzer-kaj-kje-ti-odi-dushata

Фајзер, кај ќе ти оди душата

29 јуни 2024 - 12:07

Кога пишувавме за контроверзното портфолио на Фајзер (пред пандемијата ја имаа платено најголемата отштета во историјата на здравството - 2,3 милијарди само за еден случај), ќе се најдеа апостоли кои врескаа дека со тоа ја поткопуваме вербата во науката. Професорот од Оксфорд, Карл Хенеган, ги извлече главните точки од тужбата на јавниот обвинител на Канзас против Фајзер и нивната содржина е прилично морничава.

1. Фајзер ги користел своите договори за доверливост со американската влада за да прикријат, потиснат и изостават материјалните факти поврзани со вакцината за ковид, вклучително и за нејзината безбедност и ефикасност.

2. Фајзер одложувал финиширање на битна долгорочна студија за да скрие критични податоци - од јануари 2023 до февруари 2024 година таа се одложувала само затоа што 1 (еден) од 44.000 учесници се вакцинирал подоцна.

3. Федералната агенција храна и лекови не ги стави веднаш на располагање податоците за безбедноста и ефективноста за вакцината тврдејќи дека за тоа ќе бидат потребни децении, но федерален суд ги принуди да објавуваат 55.000 страници месечно наместо 500 како што планираа.

4. Фајзер ја уништи контролната група за вакцини откако ФДА го одобри овластувањето за итна употреба во декември 2020 година.

5. Во своето соопштение за печатот во кое објави дека има овластувањето за итна употреба, Фајзер не откри дека ги исклучил имунокомпромитираните лица од своите испитувања.

6. Фајзер знаел дека нивната вакцина е поврзана со сериозни несакани појави, вклучувајќи миокардитис и перикардитис.

7. До март 2021 година, американската војска и израелското министерство за здравство сигнализирале загриженост за миокардитис.

8. Во август 2021 година, дури откако доби одобрение за употреба на вакцината на деца на возраст од 12-15 години, Фајзер решил да провери „колку често“ вакцината може да предизвика миокардитис или перикардитис кај децата.

9. Фајзер имал податоци за загриженост и за мозочни удари. Студија на ФДА покажа дека кај возрасните старосни групи е забележано 20% зголемување на ризикот од исхемичен мозочен удар.

10. Знаеле и за смртни случаи. Во февруари 2021 година, базата на податоци за несакани ефекти на Фајзер имала 1.223 смртни случаи по примање на вакцината.

11. Фајзер го тестирал бустерот само на 12 учесници на возраст од 65 до 85 години и на ниеден постар од тоа.

12. Фајзер не ги објави податоците за несаканите појави од својата база на податоци а до 28 февруари 2021 година, во неа имало 158.893 несакани нуспојави дејства од 42.086 извештаи. Добивале толку многу извештаи за несакани реакции што морале да вработат дополнителни 600 лица со полно работно време и дополнително да ангажираат уште 1.800. Извештаите биле толку зачестени штои некогаш биле потребни цели 90 дена за да се констатира дека некоја нуспојава не е сериозна.

13. Фајзер објави студија за бремени жени, но го испушти фактот дека повеќе од една од десет жени кои примиле вакцина против ковид за време на нивната бременост пријавиле спонтан абортус, често само неколку дена по вакцинирањето. Шест од 52 жени пријавиле предвремено породување; неколку бебиња починале.

14. Во соопштението за јавноста од 18 февруари 2021 година, не беа обелоденети други негативни ефекти врз репродуктивните системи на жените кои се вакцинирале. До април 2022 година, Фајзер знаел за десетици илјади несакани настани, вклучувајќи обилно менструално крварење (27.685), менструални нарушувања (22.145), неправилни циклуси (15.083), одложени циклуси (13.989), отсуство на менструации (11.363) и други ефекти.

15. Студијата на Фајзер на трудници не успеа, но, ја уништија плацебо контролната група а резултатите беа чувани во тајност.

16. Фајзер погрешно ги претстави и сокри материјалните факти кои се однесуваат на времетраењето на заштитата од вакцината.

17. Фајзер порача дека нејзината вакцина ќе го спречи преносот иако знаеше дека никогаш не го проучувале ефектот на нивната вакцина врз трансмисијата.

18. И покрај признанијата на претседателот и извршен директор на Фајзер, Др. Бурла и членот на одборот Др. Скот Готлиб дека Фајзер не знаел дали нивната вакцина спречува пренос, во повеќе наврати имаат предупредувано дека непримањето вакцина ќе влијае на животите на оние околу нив, со што имплицираа дека вакцината го спречува преносот.

19. Фајзер работеше на цензурирање на говорот на социјалните мрежи што ги оспоруваа нивните позиции и тврдења. Готлиб порачуваше дека компаниите за социјални медиуми имаат „обврска“ и „афирмативна одговорност“ да спречат ширење на дезинформации за вакцината нивните платформи. Бурла зборуваше за „криминалци“ кои „буквално чинеа милиони животи“.

20. Работеа на прикривање и потиснување на материјалните факти. На 24 август 2021 година, Готлиб контактирал со Твитер за да се пожали на колумната напишана од доктор Алекс Беренсон во која се критикува Ентони Фаучи. Три дена подоцна организирал конференциски повик со вработени во Твитер за да се дискутира за Беренсон. Твитер го забрани Беренсон следниот ден.

* извор

*************

Види и:

Гревовите на Фајзер

Фајзер како злосторничко здружување

Најголемиот криминал против човештвото во историјата

Видете овде како кај нас ноншалантно се третираше транспарентноста.
 
тое е демократија... во демократијата нашето здравје станувае за некого извор на профит!

Туку не му се грижи многу така е во речиси поголемиот дел каде царува демократијата.
Секаде виновен е народот, оти нели тој деозволувал или не дозвилувал, како да го праша некој народот туку му рекоа има да се вакцинираш, па после немој да се дружиш со невакцинирани па за кој рацку си се вакцинирал...
Исто е и куде нас народот ја донел северџганија кобајаги нешто на избори избирал и го избрал Црпе, не ми е криво што лажат криво ми е што мислат дека им верувам!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom