На погрешно прашање се дава погрешен одговор, ама еве пак ќе ти одговорам, малу поинаку...
Царска Русија од интерес ги има помагано, ослободувано па дури и основано нашите соседни држави.
Од сите нив, само Србија има трајно и повеќевековно пријателство со Русите. Такво пријателство, колку ми е познато, немаа(т) Бугарите па Русите им створија држава, а на Грците им помогнаа да востановат потполно нова, измислена држава Грција, иако Русите и Елините, како народи, немаат „благе везе„ едни со други по ниту една основа.
Велиш, кој од Македонците пра‘ел муабет со Риските Цареви? Сериозен си?
Никој...
Ете,
@Pitu Guli MKD ти го посочи обидот од Македонските дејци и преродбеници да стапат во поблски односи со Русите и со нивните власти, ама т‘нка им била работата.
Значи, не е до тоа дека Руската царска власт била неписмена (даааалеку од тоа!) па немала појма дека на Земјава постојат и Македонци, исто толку како и колку што постојат и Срби и Бугари и Грци, туку се работи за немање интерес од Руските власти за упатување „повеќе внимание„ и за нас, Македонците.
Не случајно, не така одамна, Русите ја ослободија Србија, на основ на нивното претходно „познанство„, ама ја заобиколија Македонија, и пред 80г. и пред 2 векови...