- Член од
- 23 мај 2019
- Мислења
- 4.441
- Поени од реакции
- 5.163
Погрешно гледаш.Проблемот што го имаме цело време е што ВМРО кога биле на власт биле под голем притисок од страна на неколку западни структури....2001 војна, после тоа масакри на деца, Диво Насеље и т.н. да не правам муабет за цело време притисок од невладини структури и како и од финансиските центри преку кои функционира цел Запад.
ВМРО го бутнаа од власт 2001 и после тоа со Шарената револуција, објасни ми зошто е тоа така ако некој го користи ВМРО за да ја растура државата?
Не е проблем што е ДПсНЕ под притисок, проблем е што подлегнува на притисоци.
Познато е дека ВМРО имало повеќе да ги наречеме фракции, врховисти, централисти па подоцна ВМРО Обедината итн итн
Во тоа време ВМРО под водство на Т.А. е преземено од страна на Германија и до ден денешен Германија преку разноразни форми, има клучна улога во носењето на одлуките па и во денешната партија. Тие одлуки не секогаш се во интерес на Македонија, туку по правило секогаш се во интерес на Германија или на нивните сателити овде на Балкјанот.
Скоро целото денешно водство на таа партија е “произведено“ во Германија (кој бил таму на школување, кој докторирал кој ги завршил курсевите Аденауер ...влијанието на Германија е партијата, медиуми а и во многу сфери)
Во Македонија се испреплетуваат интересите на САД-Германија како клучни фактори кои имаат пресудна улога во креирањето на политиката во Македонија, повремено Британија и Франција имаат епизодна улога ама никогаш немаат клучна улога туку се во улога на подизведувачи на САД или Германија.
Понекогаш има судир на интересите на САД и Германија па тоа се рефлектира и во Македонија преку нивните инсталации.
Кога е во прашање “растура државата“ има едноставен одговор.
-некогаш е тоа со преземање акции а некогаш со не преземање на акции.
Бидејќи тој субјект е под контрола на Берлин тој само ги извршува добиените директиви, исто како што овие другите одработуваат.
Уште на времето Тодор Александров ја препознал играта и сакал да направи пресврт, со познатиот Мајски Манифест, но брзо бил ликвидиран заради таквите постапки.... пренесено во денешна перпектива тоа е исто кога лидерите на ДПсНЕ јавно по цел говорат дека се западни дека од секогаш биле западни, дека Македонците се посебен народ немаат ништо со словенската култура, се оградуваат и се извинуваат што имало руско знаме на некој протест, по 10 пати во денот им се заколнуваат на газдите дека ќе им останат верни....
Е па сето ова и не е баш во интерес на Македонците и Македонската држава.