Фан Клуб: Челзи

E

enzo8

Гостин
Еј не зезај победа со голови во 98 и 100 минута секогаш се вредни за прослава особено дома, особено против ривал

Башка кога си срање... и тоа треба да се слави, еве ги Ливерпул со сликава подоле почнаа па завршија со ЛШ титула

Прегледај го приврзокот 411808
Jas razbiram slavenje ama ne koga igras kako lajno, bez kontrola na utakmica i radi splet na srekjni okolnosti pobeduvas i slavis. Za lol e.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.298
Поени од реакции
5.397
Ама како не знаат да реализираат контри, тоа едно чудо. Гол требаше да падне и пред корнерот.
Мадуеке требаше да влезе многу порано, он доста повеќе ја размрда играта него Стерлинг (кој не игра ништо после првите неколку кола сезонава).

Палмер е едно ладнокрвно британско копиле, and I like it!
Ама легендата на клупа пушта два дефанзивци а Мадуеко влегува у 89та.
Кој ќе го слуша сега..
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.997
Поени од реакции
11.635
Ама легендата на клупа пушта два дефанзивци а Мадуеко влегува у 89та.
Кој ќе го слуша сега..
Не ги хејтам тие две замени, Густо кога ќе се умори почнува да прави грешки.
Дисаси беше мех добар дел од утакмицата. Секако нема кој друг да влезе, клупата беше тенка прилично.

Ама Мадуеке требаше да влезе многу порано од таа 89та минута. Поготово што Галагер беше печен да излезе 10ина минути порано, влезе во серија на грешки па уште нервозен беше фул.
 
E

enzo8

Гостин
Јас само едно нешто ќе издвојам позитивно од мечот, тоа е боди ленгвиџот и понашањето на играчиве после 2-0.
Значи беа АПЛА НЕРВОЗНИ, буквално изгореа од нервоза и се гледаше дека им ЗНАЧИ што губат. Да, одредени од нив се гледа дека се апла просеци(Дисаси, Бадиашил, Галагер, Џексон, Кукуреља) да не ги редам сите сега и дека со нив не треба многу да очекуваме ама барем за разлика од Јунајтед покажаа дека стварно им значи нешто играње за клубов.
Ако мислите дека сум грешка само погледните ги играчиве на Јунајтед како се понашаа, ко готово е бациња, лабаво, тепавме или пред да ја направи таа грешка Каицедо и да им даде чист гол и ветар у грб, буквално кур ги болеше.
Кај нашиве тоа го немаше и затоа цело време трубам дека додека не најдеме саглам тренер, нема да ги судам голем дел од играчиве пошто стварно не ми можел да тврдам дека е до нив, немаат појма што да прават на терен и кај се, немаме никаква структура, игра или организација, план, било што.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Уживајте во моментот бе, небитно е се друго во вакви победи.
Фала богу да се сложиме по некое време :D
Не знам бе од кај излезе ваква негатива.
И ја сум со дечкиве дека све е срање и треба да се биде критичен и дека треба сериозни промени и све тоа..

Ама па до толку не сум да не уживам во победа со пресврт во 98 и 100 минута против Јунајтед.
Реков уште пред пар месеци, лигава е небитна за нас, најмалку што може да си дозволиме е да се радуваме на ретките моменти.

А за тие што сакаат Покетино да си оди, немаше да смени ништо победа или пораз денеска секако за неговиот генерален статус
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.470
Поени од реакции
1.840
Нема везе слатка си е победава иако на Челзи ништо не им значат овие бодови, ама затоа на Мануре им ја уништивме секоја надеж дека можат до топ 5 и ќе бидат у нокат до Недела кога ќе ги расформира Ливерпул.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.055
Поени од реакции
2.002
Ударив радување како да сме освоиле лш, што го е*** за овакви моменти се живее поготово победа вака во последни моменти против Јунајтед е слатка па ако сака и 18 место нека се :D

Јуриш беше цело време утакмицава прав класик.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.470
Поени од реакции
1.840
Два бода се зад седмо место, со два натпревари помалце.
Сеуште веруваш дека може да се фати Европа преку ПЛ???
Ете и тоа евентуално 7мо место ќе води во Конференциска Лига каде Челзи ниту од такмичарски, а ниту од финансиски аспект не му одговара. Подобро уште една сезона без Европа и фокус на враќање на топ 4 во ПЛ.
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
2.517
Многу сте негативни бе,5 бода сте зад Јунајтед кои се 6ти и имате утакмица помалце.Тимот ви е без цела стартна 4ка во дефанзива,без главното засилување Нкунку кој требеше да биде носител на играта башка со 10 нови фудбалери кои тек треба да се градат и да го остварат потенцијалот...И освен првата против Јунајтед сите дербиња Челзи ги одигра на ниво рамо до рамо со сите и бевте на чекор да ги тепате и Сити и Ливерпул и Арсенал ама со одбраната што ви е сезонава и новиот тим и неискуството се случуваат глупи киксови.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.748
Поени од реакции
52.705
Сеуште веруваш дека може да се фати Европа преку ПЛ???
Ете и тоа евентуално 7мо место ќе води во Конференциска Лига каде Челзи ниту од такмичарски, а ниту од финансиски аспект не му одговара. Подобро уште една сезона без Европа и фокус на враќање на топ 4 во ПЛ.
Природно е како фан до крај да се надеваш на најдоброто. Иначе која е поентата?

Јунајтед, кои после Шефилд се најлошо организираниот тим ВО ЕВРОПА сезонава ги спомнуваш за борба за петто место, ама во твојот тим немаш никаква верба за нешто повеќе. Реални се шансите иначе во недела да сме два бода зад Јунајтед, со натпревар помалце :D

А ако не се лажам, освен ако Јунајтед освојат ФА Куп и паднат подле од осмо во лига, и седмата позиција ќе носи место во Лига Европа. Нормално дека се способни и да заебат се до крај и да завршат 12ти пак, ама се додека не е математички невозможно, наше е да се надеваме. Има уште за што да се борат сезонава.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Природно е како фан до крај да се надеваш на најдоброто. Иначе која е поентата?

Јунајтед, кои после Шефилд се најлошо организираниот тим ВО ЕВРОПА сезонава ги спомнуваш за борба за петто место, ама во твојот тим немаш никаква верба за нешто повеќе. Реални се шансите иначе во недела да сме два бода зад Јунајтед, со натпревар помалце :D

А ако не се лажам, освен ако Јунајтед освојат ФА Куп и паднат подле од осмо во лига, и седмата позиција ќе носи место во Лига Европа. Нормално дека се способни и да заебат се до крај и да завршат 12ти пак, ама се додека не е математички невозможно, наше е да се надеваме. Има уште за што да се борат сезонава.

Како бе Јунајтед се најлошо организираниот тим ВО ЕВРОПА после Шефилд, а се неколку позиции над Челзи? :D
Што значи тоа да бидеш за неколку позиции полош од најлошо организираниот тим ВО ЕВРОПА после Шефилд? :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.748
Поени од реакции
52.705
Како бе Јунајтед се најлошо организираниот тим ВО ЕВРОПА после Шефилд, а се неколку позиции над Челзи? :D
Што значи тоа да бидеш за неколку позиции полош од најлошо организираниот тим ВО ЕВРОПА после Шефилд? :D
Зборам за тоа дека немаат никаков концепт, никаква игра, никаква организација. Кога и да сум ги гледал сезонава, поима немам што играат. Статистички само Шефилд дозволува противникот да упати повеќе шутеви кон гол од нив во топ 5 лигите во Европа. Челзи вчера имаше 28, Брентфорд претходно 31. И цела сезона им е таква. Успеваат да вадат бодови на индивидуалност. Ама не беше поентата за бодовите, туку дека и Барнли имаат покажано подобра организација на терен од нив сезонава.

Како и да е, гајле ми е за Јунајтед и немам намера за нив да зборам овде. Битното е дека не е завршена сезонава и уште има Челзи за што да игра. И дека е глупо како фанови примарно да одиме на хејт и негативност наместо надеж за нешто подобро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom