Е, за последното во право си.Овоа истото го кажува и Клинт Иствуд во филмот Алкатраз кога почнува да смета колку е американската саатнина наспроти добивките од криминалот.Мене вели повеќе ми се исплати да бидам криминалец отколку да бидам роб за таква ниско платена саатнина.Така нешто беше.Затоа и ти пишав, порадо 14 души да изгорат, и на крајот вистинскиот, отколку никој како сега, во најмала рака се предизвикува страв и се што не е тотален психопат или социопат ќе се подзапре во постапките.
Ова во моментов е бруки, секоја бараба што ја мрзи да работи, стана лопов.
Го фаќаат со оружје и со се што собрал, и оди 1 година во затвор, па и ние треба да почнеме, ако споредам 1 год во затвор и куропецање останатото време, наспроти рмбање по 12 саати секој ден, првата опција ми личи далеку подобро.
Јас потполно се сложувам со него, капитализмот е суров систем и многу често раѓа илегализам.Тоа отсекогаш било така, дури и во Турско време имало банди-разбојници кои не сакале да му р'мбаат на бегот по 14 саати на нива, па се одметнувале во планината и пљачкале по селата.
Некогаш криминалитетот се јавува, не само поради мрзеливост, но и како отпор против наметнатите правила и услови од страна на системот.
За останатите делови од постот нема да се сложам, ама ептен долга ќе биде ако почнеме да се објаснуваме.Битно е дека се разбираме што сакаме да кажеме.