- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 3.321
- Поени од реакции
- 11.070
Па и ние не бевме нешто подобри кога исчезна Вања. И кај нас имаше милион теории и шпекулации, дури се идеше до степен да се преиспитува имотот на мајката, таткото, дедото.На онаа претходната статија што си ја постирал текстот вика дека возеле брзо со кола, ја удриле и ја фрлиле у депонија па ја чистеле колата со хемии и се враќале 2-3 пати да ја дозакопуваат и кријат.
Овој од видеово вика дека споро возеле ама биле премногу пијани, па плачело девојчето па тој ја давел.
Сеа србиве уште толку ќе отидат у екстремности и забеготини со тоа нивните ретардирани теории.
А и кој е овој уствари што најавува што ќе каже полицијата?
Приватни детективи, теории на заговор, Виена миена, мајката пораки бришела, гуглала гранични премини, ја шитнала за 120к евра, бог да чува и да брани тешки забеготини се србиве а и општо народов што живее тука. Ретардирани сме до максимум.
Имаше пред неколку години една случка кај мене за еден дечко исчезнат, го немаше со денови и летаа страшни теории на заговор дека е киднапиран, дека го виделе у Штип, дека истиот затемнет и црн џип пак циркулирал низ населба, дека се јавил од таму не знам каде, бла бла, на крај се испостави дека дечкото од ден број еден бил спржен у трансформатор пошто се обидувал да краде кабли бакар.
Исто и сеа со Вања коа беше, искочија слики со едно комбе дека крадело деца кај мене у населба, му улетале специјалци на човекот го извадиле од памет, а тој брашно и пченица си превезувал со комбето, си работел со него едноставно.
Тоа е. Интернетот и социјалните мрежи ни ја даваат таа привилегија (која патем гледно е казна колку што и благослов). Луѓето ќе зборат, ќе се прават и детективи, и адвокати, и доктори, и професори.