Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ, директорка или само партиски рекламен пион?
...после такво јавно и професионално понижување после нејзиното заложување во здравството, посебно за време на пандемија со коронавирус, како директорка на Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, неоправдано тргната, разрешена од директорското место од министерот ФМ од партијата Алијанса на Албанците со оправдување дека и' изминал сертификатот за познавање на англиски јазик (а истата се школувала во Кембриџ и законски е безвременски тој сертификат), а поставен доктор од албански етност др ФЦ.
https://meta.mk/kovachevski-jas-ne-go-odobriv-razreshuvanjeto-na-milena-stevanovikj/
...да после актуелниот премиер да даде смешна изјава да :
„Не го одобрив разрешувањето на директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ, кое го направи министерот за здравство Фатмир Меџити, рече во изјава за медиумите Димитар Ковачевски,“
...и толку беше од медицинската професионалност, ниту збор, ниту изјава, ниту ништо, ќутенката на докторката која ја искористија „како куртон и ја пуштија низ вода“ без да се превземе ништо поради неправдата со што и' се направи на професионален план,
...за да се сега воскресне политички повторно, мижејќи и заборавајќи на неправдата и понижението што и' се направи на професионален план на работно место во здравството, каде посветила толку години учење и со Хипократовата заклетва на ѕид со 7 години како прв човек на инфективна, тоа ли беше благодарноста, да сега облече бела маица со партиско рекламно лого, со сменета фризура, како тинајџерка да иде по улици да го изработи партиското, рекламирајќи ги тие што „ја фрлиле како искористен куртон“.
...и наместо како докторка со реноме да се избори да се врати повторно на директорското место на инфективна, од каде на таков смешен, неоправдан начин беше сменета, таа сега како ништо да не било дава кеси со рекламен материјал на младите во градскиот парк и повторно „рамо до рамо“ со екс премиерот кој со прст не мрднал кога ја смениле на таков первезен начин,
...до кое дно може да се спушти човекот, да нема малку гордост, малку свое „јас“, толку години образование и едукација, да се има исправена кичма, каде е македонската непобедливост и македонскиот непокор?
жалосно, ме јаде туѓ срам!