Дека е премногу тешко да земеш реквизит на група што има продадено 10000 маици и шалови и чии членови по мали групи цело Скопје го минуваат за да дојдат до стадион. Плус 70% од тие што купуваат реквизити кои се продаваат на големо, немаат ни поим дека некој може да те нападне.
Баш од овие причини никаде во светот земање маици и шалови не се смета веќе за некој трофеј, особено на групи кои имаат масовна продажба на реквизити. Така и помали групи во Србија им земаат по 20 маици на членови на Делије/Гробари или фанови на Ѕвезда кои ги начекале некаде, а во реалноста Делије ќе ги газат како бубачки ако има соочување.
Како да ви земе човек маица, кога стадионот ви е пред зграда? Имате привилегија да стадионот ви е во маало и нормално дека таму не може никој да ве нападне. Исто како што на ФА е тешко да им земеш реквизит. Ма да со падот на нивната група, гледам има типчиња што си шетаат низ град со маици, а апла се гледа дека не се навивачи, едноставно излезени фамилијарно со мали деца.
Милион пати правен муабет.
Еднаш ќе излезете до Градски кога играте Европа и одма ви паѓаат реквизити, затоа што таму лесно ви начекуваме индијанци што ќе се отргнат од групата.
Ние би имале шанса да ви земеме реквизит ако носите реквизити во школо или ако имате членови од Нерези и Сарај шро на пример до Чаир ќе одат со автобус низ цело Скопје. Е само така може да се споредуваме.
Никој не земал реквизит од група која била во бројка од бар 20 души, секогаш е тоа со напад на поединец или мала група најчесто помлади деца.
Порано за да ви паднеме шал, какви акции сме имале ни на сон не може да замислите. Никогаш не сте носеле реквизити од оваа страна на Вардар, тоа може да лажеш некој што не е од Скопје со клипови на тик ток, како рано сабајле сте се сликале на плоштад, реалноста е таа. Ни од оваа страна на Вардар, ни во Чаршија не носите, освен кога групно гледате утакмици. Сите реквизити ви ги имаме земено од некои што носеле маица под дуксер во школо ило за европски утакмици кога има индијанци што ќе се одвојат од групата. Друга работа е што ние имаме едно 20 пати повеќе продадени реквизити од вас. Вас лесно ви е, цело Скопје е преплавено со реквизити од Вардар и Комити, во секое време ќе начекаш некој рандом како џогира на кеј сам во маица Комити што врска нема со групата, некој што во маица се искачува на Водно, деца излезени во Ист Гејт или Сити мол со реквизити на групата, автобуси што поминуваат низ Бит пазар со деца што сами одат на утакмици итн.
Се знае во што се мерат големите навивачки групи. Одземени знамиња.