Дај боже да е така, секој посакува власт составена од македонци, која ќе работи за нивните интереси. Но, она што повеќето го забораваат или воопшто не го гледаат, е дека за жал не сме суверена држава, не ни е дозволено да одлучуваме сами.
Ни Левица, ни ДПМНЕ ќе контролира некој, туку нив ќе ги контролираат да не забегуваат. Тешко дека ќе им дозволат на Левица да помирисаат власт со ставови за излегување од НАТО, анти-ЕУ, про-Русија, национализации, комунизам и воопшто прашања кои разгоруваат веќе изгаснати огнови и креваат меѓуетнички тензии.
Така да, филмови дека ние ќе сме му шерифувале на западот, ќе сме правеле како што ни текне, се само филмови, за жал. Пали народ, убаво е да се слушне, ама е невозможна мисија.