Дежурна Ординација! #2

Член од
10 март 2022
Мислења
209
Поени од реакции
410
Имав ист проблем како тебе, шилци, воспаление на петата, воспалена тетива, ужасни болки, а спортував активно, но се си мислам дека болеста си ја добив од планинарењето.....не е битно, сакам да ти кажам дека се сум пробала, од масажи, кремови, физикална терапија, ултра звук, шоквеј, ама ништо, само губење време и фрлање пари.
Лекот беше во ставање на блокада, инекција директно во пета и еве до ден денес јас немам никакви болки.
Каква е таа инекција ако може по детално
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.249
Поени од реакции
10.169
Каква е таа инекција ако може по детално
Блокада се вика таа инекција, но што точно содржи не можам да ти кажам.
Мислам дека @bijons некаде има убаво објаснето.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
^ Има некаде убаво копирано и залепено поточно.

Не помогна ништо за мигрената. И нозете во леген и главата врзана со мраз, и жежок туш, и темници и тишини и масажи и витамини, цк. Маки.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
За скршеница на клучка коска, како да спијам соодветно? Само на грб? На страна смеам, или да не се пукне гипсот? Скршеницата ми е на десното рамо. Имам (како што ги разбрав во градска) некој вид на пајак гипс, замотан на рамењата и дел од грбот. Ако спијам на страна (како што секогаш спијам), па да не го оштетам гипсот, или? Секако на десна страна нема да спијам, будејќи таму ми е скршеницата.
 
Член од
30 јули 2017
Мислења
19
Поени од реакции
2
Луѓе, штом се напијам магнезиум директ, после 10-15 минути имам непријатна болка во бубрезите дури ме тера на мачнина, гадење... Слична таква болка имав пред да ме фатат стеашните болки пред 5-6 години кога исфрлав камен од едниот бубрег кој камен сеуште ми се наоѓа во мочниот меур. Инаку на ехо не покажува некои аномалии или попреченост во работата на бубрезите, на мокрача исто така е ок. Дане има некој искуство слично? Значи само кога земам магнезиум.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.059
Поени од реакции
7.724

Pa togash ne zemaj, ili proveri di krv dali voopshto imash potreba od dodaten Magnesium.
Ili zemaj pomala doza.Ili drug fabrikat zatoa shto mnogu Magnesium direkt se i kombinirani so ushte neshto.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.786
Поени од реакции
42.395
Луѓе, штом се напијам магнезиум директ, после 10-15 минути имам непријатна болка во бубрезите дури ме тера на мачнина, гадење... Слична таква болка имав пред да ме фатат стеашните болки пред 5-6 години кога исфрлав камен од едниот бубрег кој камен сеуште ми се наоѓа во мочниот меур. Инаку на ехо не покажува некои аномалии или попреченост во работата на бубрезите, на мокрача исто така е ок. Дане има некој искуство слично? Значи само кога земам магнезиум.
не го пиј, нема никакво фајде од тоа, само пари давање е.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Луѓе, штом се напијам магнезиум директ, после 10-15 минути имам непријатна болка во бубрезите дури ме тера на мачнина, гадење... Слична таква болка имав пред да ме фатат стеашните болки пред 5-6 години кога исфрлав камен од едниот бубрег кој камен сеуште ми се наоѓа во мочниот меур. Инаку на ехо не покажува некои аномалии или попреченост во работата на бубрезите, на мокрача исто така е ок. Дане има некој искуство слично? Значи само кога земам магнезиум.
Пробај друг магнезиум, без ништо во него, пример цитрат.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
За скршеница на клучка коска, како да спијам соодветно? Само на грб? На страна смеам, или да не се пукне гипсот? Скршеницата ми е на десното рамо. Имам (како што ги разбрав во градска) некој вид на пајак гипс, замотан на рамењата и дел од грбот. Ако спијам на страна (како што секогаш спијам), па да не го оштетам гипсот, или? Секако на десна страна нема да спијам, будејќи таму ми е скршеницата.
Трауматологот (асистент др. Чашевски или така нешто) ми рече дека сосема е нормално да спијам на левата страна (која што не ми е повредена). Јас пробав, али едноставно неможам. Ми ствара притисок тој делот каде што завршува гипсот, измеѓу мишката и почетокот на левата рака, како да ме гребе.

Башка, и гипсот почна од самите страни (и од позади) да се рони. На останатите места (во средина) гипсот е цврст, и буквално за да се скрши треба ваљда чекан.

Него работата е што и гипсот е доста лабав (разлабавен), и незнам дали тоа е нормално или не. Буквално палецот можам да го пикнам измеѓу гипсот и кожата. Кога бев во петок на контрола, тој што е местачот на гипсот (некој ром), ми вика абе нема никаков проблем... се е океј. Али јас го осеќам гипсот дека ми е разлабавен. Како што читам на интернет, тоа може и да е ок, и да не е. Јас мислам дека самиот гипс треба да ствара притисок према коската каде што е скршена, не?

Screenshot_20240323-122814_Samsung Internet.png

За првото тоа можам да го направам, и самиот гипс е доста лабав.
За второто можам делумно да кажам дека е така. Но дека се мрда, да.
Е сега за третото, јас болка каде што ми е скршеницата не осеќам. Вчера кога стоев малце ме заболе грбот, а подоцна кога стоев повторно малце ме заболе левата рака / рамо на кратко и тоа е тоа. Болки каде што имам скршеница (десна клучна коска) немам во опште или се многу минорни. Во среда сум повторно на контрола, па ќе им кажам за ова дека е разлабавен гипсот.

Е сега... Нели можам јас и вакво нешто да носам?
71ZYia9mCCL._SL1500_.jpg

Зошто докторите до сега не ми дадоа / препорачаа вакво да носам, туку пајачен гипс? Со ова би ми било каде каде полесно и да спијам на левата страна. А башка и кај мене имам само скршеница на клучната коска, а самата коска (фала богу) не е изместена.

Еве ја ситуацијата:
Screenshot_20240323-131911_Gallery.png

Скршеницата е каде што е белата стрелка. Ми беше кажано дека само имам фрактура на клучната коска, и дека не ми е изместена (во позиција е). На тоа ми беше кажано дека најверојатно ќе носам гипс едно 6 недели, и после ќе се прати ситуација. Ваљда доволно ќе се 6 недели да се среди ситуација?

Вака сега кога станав од кревет, кога стојам, особено со рацете исправени / испружени нанапред, гипсот и се осеќа малце по цврст (во позиција како што ги ставаат куклите со раце напред во изложба на бутици), и не толку лабав. Али кога ќе легнам под агол на кревет, се осеќа колку е лабав. Значи не е да се каже да е баш лабав лабав расклацан, али не е ни цврст да не се мрда ни милиметар.

Слободно кажувајте ми совети и советувајте ме што - како да правам.

Една од другарките (што претходно доста пати скршила коски) вика дека ќе сум требал да се "ролам" за да спијам на страна. Како тоа??? На што мислела мојата другарка???

Edit:
Иначе еве подолу споредбено еден пример од интернет што најдов, некој со иста слична ваква скршеница но што заебал повеќе работа...

images.jpeg

Вака споредбено ова со мене, испаѓа дека јас сум поминал доста полесно.
Во секој случај, ми беше кажано дека ако сакам скршеницава побрзо да заздрави, можам на операција да одам, но искрено ниту на мене, а ниту на моите тоа не им доаѓа во обзир. Ако вака треба да носам гипс, со минимални болки (или уште подобро, некое помагало како тоа горе што го пратив), тогаш секако ќе биде така подобро, па така да се опоравам. Ако докторите во среда утврдат дека ќе мора на операција да се тера, епа тогаш... друг избор нема. Мада како што кажа тој асистентот часевски, најверојатно ќе носам гипс едно 6 недели, за да полека полека се среди проблемот.
 
Последно уредено:

a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
542
Поени од реакции
281
Долги години мачам проблем со често мокрење, најчесто завршувам со снимање и ништо не ти е. Намалив и со вода до состојба за дехидрација, бев на приватно снимање пак и советот беше да намали со кафе и алкохол, луто што јас и воопшто не ни сум конзумент на такви работи и производи од тутун.
Се сомневам на хиперактивен мочен меур, што технички сите симптоми ги имам и истото за што млатам слама со години. Што е следниот чекор, претпоставувам на Уролог?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom