За скршеница на клучка коска, како да спијам соодветно? Само на грб? На страна смеам, или да не се пукне гипсот? Скршеницата ми е на десното рамо. Имам (како што ги разбрав во градска) некој вид на пајак гипс, замотан на рамењата и дел од грбот. Ако спијам на страна (како што секогаш спијам), па да не го оштетам гипсот, или? Секако на десна страна нема да спијам, будејќи таму ми е скршеницата.
Трауматологот (асистент др. Чашевски или така нешто) ми рече дека сосема е нормално да спијам на левата страна (која што не ми е повредена). Јас пробав, али едноставно неможам. Ми ствара притисок тој делот каде што завршува гипсот, измеѓу мишката и почетокот на левата рака, како да ме гребе.
Башка, и гипсот почна од самите страни (и од позади) да се рони. На останатите места (во средина) гипсот е цврст, и буквално за да се скрши треба ваљда чекан.
Него работата е што и гипсот е доста лабав (разлабавен), и незнам дали тоа е нормално или не. Буквално палецот можам да го пикнам измеѓу гипсот и кожата. Кога бев во петок на контрола, тој што е местачот на гипсот (некој ром), ми вика абе нема никаков проблем... се е океј. Али јас го осеќам гипсот дека ми е разлабавен. Како што читам на интернет, тоа може и да е ок, и да не е. Јас мислам дека самиот гипс треба да ствара притисок према коската каде што е скршена, не?
За првото тоа можам да го направам, и самиот гипс е доста лабав.
За второто можам делумно да кажам дека е така. Но дека се мрда, да.
Е сега за третото, јас болка каде што ми е скршеницата не осеќам. Вчера кога стоев малце ме заболе грбот, а подоцна кога стоев повторно малце ме заболе левата рака / рамо на кратко и тоа е тоа. Болки каде што имам скршеница (десна клучна коска) немам во опште или се многу минорни. Во среда сум повторно на контрола, па ќе им кажам за ова дека е разлабавен гипсот.
Е сега... Нели можам јас и вакво нешто да носам?
Зошто докторите до сега не ми дадоа / препорачаа вакво да носам, туку пајачен гипс? Со ова би ми било каде каде полесно и да спијам на левата страна. А башка и кај мене имам само скршеница на клучната коска, а самата коска (фала богу) не е изместена.
Еве ја ситуацијата:
Скршеницата е каде што е белата стрелка. Ми беше кажано дека само имам фрактура на клучната коска, и дека не ми е изместена (во позиција е). На тоа ми беше кажано дека најверојатно ќе носам гипс едно 6 недели, и после ќе се прати ситуација. Ваљда доволно ќе се 6 недели да се среди ситуација?
Вака сега кога станав од кревет, кога стојам, особено со рацете исправени / испружени нанапред, гипсот и се осеќа малце по цврст (во позиција како што ги ставаат куклите со раце напред во изложба на бутици), и не толку лабав. Али кога ќе легнам под агол на кревет, се осеќа колку е лабав. Значи не е да се каже да е баш лабав лабав расклацан, али не е ни цврст да не се мрда ни милиметар.
Слободно кажувајте ми совети и советувајте ме што - како да правам.
Една од другарките (што претходно доста пати скршила коски) вика дека ќе сум требал да се "ролам" за да спијам на страна. Како тоа??? На што мислела мојата другарка???
Edit:
Иначе еве подолу споредбено еден пример од интернет што најдов, некој со иста слична ваква скршеница но што заебал повеќе работа...
Вака споредбено ова со мене, испаѓа дека јас сум поминал доста полесно.
Во секој случај, ми беше кажано дека ако сакам скршеницава побрзо да заздрави, можам на операција да одам, но искрено ниту на мене, а ниту на моите тоа не им доаѓа во обзир. Ако вака треба да носам гипс, со минимални болки (или уште подобро, некое помагало како тоа горе што го пратив), тогаш секако ќе биде така подобро, па така да се опоравам. Ако докторите во среда утврдат дека ќе мора на операција да се тера, епа тогаш... друг избор нема. Мада како што кажа тој асистентот часевски, најверојатно ќе носам гипс едно 6 недели, за да полека полека се среди проблемот.