Од учк добија нешто. Што добиваат од овие напади?
Што доби Хитлер со Фау кампањата?
Во војната, кога една страна ќе почне да губи и јасно е дека нема више планирање на операции на бојно поле кои ќе водат кон победа, тогаш преостанатиот потенцијал се насочува кон операции кои ќе доведат до што поповолен мировен договор. Особено во ситуација кога противникот кој има предност, бара безусловно предавање. Едно е безусловно предавање, друго е асиметричен мировен договор.
Такво беше и стратешкото поведение на Хитлер и Јапан. Фау кампањата, Камиказе кампањата, Зимската офанзива 45-та... све се тоа очајни потези кои јасно е дека нема да донесат стратешка промена на бојното поле, нема да ја свртат војната, но надежта е дека непријателот ќе се соочи со евентуално големи губитоци (или друг вид на проблеми, како јавно незадоволство од цивилни жртви, како во случајот на Фау), па ќе пристане на побрз, поповолен мир.
Тоа се активности кои немаат скоро никакво влијание врз состојбата на фронтовата линија, туку ќе влијаат психолошки и сл., со цел да се постигне поповолен мировен договор. Тие имаат и друга функција - на домашната јавност (и на странската, која дава пари) да им се покаже дека се прави нешто у војната (која на фронт е изгубена). PR елемент.
Многу западни аналитичари велат дека наскоро нема да видиме ништо слично на ланската голема украинска офанзива, или освојувањето на Изјум. Од Роботине навака имаме само и исклучиво само терор PR кампања, ништо оперативно на фронт. Бродови, упади во погранични места, напад на рафинерии, тероризам и сл. Буквално ништо од тоа не е операција со директна конекција со фронтот.