Трејдингот е на прв поглед примамлива работа бидејќи тебе ти изгледа дека седејќи дома, од комфорот на твојот дом можеш да заработуваш големи пари, односно така е прикажано од илјадниците таканаречени трејдинг гуруа по јутуб, инстаграм, тикток. Ги гледаш со лаптопите на некоја егзотична локација и во тоа видео ти кажува дека месецов е во профит илјада проценти, дека можеш да "излезеш од матриксот", и имаат видеа со рентани ламборџинија, приватни авиони итн. Тоа што не ти се кажува е дека скоро 90% од трејдерите губат пари, а екстремно мал дел од нив имаат профит на подолг период. "Гуруата" кои ти ветуваат вртоглава заработка, не заработуваат од самиот трејдинг, туку од "курсевите" кои ги нудат и најчесто тие чинат 900, 1000, 1200 долари, замисли 1000 луѓе да му се зачленат и да му платат годинава, ете ти милионче, а тебе ти продал ветер и магла. Кога почнуваш со трејдинг, ти играш против големите светски финансиски играчи: JP Morgan, Chase, Citibank, Bank of America, HSBC, Barclays, European Central Bank, National Bank of China, до негде и руски Сбербанк, па сега од скоро ги имаме фондовите BlackRock, Vanguard, StateStreet. Тие ги гледаат позициите на retail трејдерите дали се long или short и идат во спротивен правец за да соберат профит односно тоа се вика liquidity grab или liquidity pool. На trading view имаш илјадници индикатори кои реално немаат функција, маркетот оди во правец во кој им одговара на големите. Сега имаше таква случка со крипто пазарите каде што падна вредноста на биткоин за 10% и беа ликвидирани стотици илјади лонг позиции на биткоин.
Еве ги казниле во 2013 за манипулација на берзите. Казната била во вредност од 1.7 милијарди долари, што е мачкина кашлица за нив кога имаат трилиони и трилиони. Никој во затвор не отишол.
it is virtually impossible for individuals to compete with HFTs and day trade for a living, contrary to what course providers claim. It's tempting to fall in...
www.youtube.com
еве едно од серија видеа од Coffezilla кое може да ви отвори очи.
Многу моќни играчи се против малиот трејдер. Не се исплаќа. Да беше така лесно да се заработи, сите ќе бевме трејдери. Ова е мое мислење.