Врз основa на член 276 став (1) од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 290/20, 215/21 и 99/22) и член 16 од Статутот на Реплек АД Скопје на годишното Собрание на акционерите одржано на ден 25.04.2024 година се донесе следната ОДЛУКА за поделба на обичните акциии издадени од Реплек АД Скопје и намалување на номиналниот износ на акциите 1. Се врши поделба на обичните акции издадени од Реплек АД Скопје во сооднос 1 : 10 односно 1 (една ) обична акција се дели на 10 (десет) нови обични акции. 2. Со поделбата на обичните акции од точка 1 на оваа Одлука се врши намалување на поединечниот номинален износ по акција од 562.42 евра на поединечен номинален износ по акција од 56.242 евра. . 3. Со поделбата на обичните акции од точка 1 на оваа одлука основната главнина на друштвото е поделена на 259.200 обични акции со поединечен номинален износ по акција од 56.242 евра, а секој акционер (имател на акции) на друштвото за секоја обична акција со поединечен номинален износ по акција од 562.42 евра пред поделбата на обичните акции на Друштвото, врз основа на оваа одлука се стекнува со по 10 (десет) обични акции издадени од друштвото со поединечен номинален износ по акција од 56.242 евра. 4. Со поделбата на акциите основната главнина на друштвото останува непроменета.