А башка и кога одам во Кам, не можам да поминам, местото е само за една количка, едносмерна, па ако од другата страна доаѓа некој со количка треба некој да се враќа назад којзнае каде за другиот да помине.
Нељубезни, нервозни, неуслужливи луѓе секаде има, ама во Кам како од оглас да ги бирале.
Седи со корпата реди павлаки и зад неа јас и викам може малце да земам павлака кога ми даде еден поглед, броени и биле требало да ги намести со ред. Па потргни се да земам тогаш од тие во фрижидер. Не. Никако.
И валкано, смрди, некако некоја грда енергија има, производите испопаѓани, сите се лепат, кеси на сите страни, додека во Веро е рај за пазарење. Се под конец, од сите производи имаш повеќе, осветлено, музиче, место повеќе, убаво наредено.. И тоа некој дел е од зошто не одам во маркети ко Кам него во Веро.