Ракомет - општа дискусија

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 144 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 270 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,2%

  • Вкупно гласачи
    432
Член од
20 септември 2023
Мислења
317
Поени од реакции
1.773
До вчера ракометот беше измислен во Битола и се почнуваше од таму, од денес сте биле само локален клуб и горди сте на тоа, па и вас не може човек крајот да ви го најде…

Барем бидете фер и вие кажете си дека политика ви ја направи и платформата, со какви пари се финансираше вашиот клуб во најдобриот период? Да не беа вмро-вските фаци и мешетари немаше ни Европа со ФК да видите пред некоја година. Поправете ме ако грешам, не излегоа Чкембари на ТВ пред минатите избори со некој кандидат за градоначалник!? Претпоставувам не е политика тоа…

Да излезеше Борко со некоја ваква селска изјава и да кажеше дека сте локален клуб, сигурен сум дека венци ќе му вадевте на следниот натпревар, слично ко со Диви што беше.

На крај по вашево ќе излезе да ги мериме колку учествува Скопје, а колку Битола во БДП.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.108
Поени од реакции
3.858
Реално, за доброто на целиот македонски ракомет е ако сите македонски екипи го даваат најдоброто во Европа и би бележеле успеси. Рејтингот е влечен од сите екипи. Оваа сезона имаме една победа во групната фаза и тоа на Алкалоид против Ла Риоха (плус онаа на Тиквеш со Кремс во квалификациско коло).
 
Член од
19 април 2023
Мислења
219
Поени од реакции
273
Повредите се колку и да не сакаме се дел од играта.Меѓутоа кога си долго време на клупа и повреда кога ќе стап
неш на терен повреда ни најмалку не е пријатно.Костески е фантастичен играч и можноста да игра ЛШ не му беше дадена.Исто мислам и за останатите мак.играчи.За разлика од Вардар Е.Пелистер е потранспарентен во поглед дека навивачите да знаат што се случува со играчите , дали има повредени и за кој период би можеле да се вратат на терен .
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.108
Поени од реакции
3.858
Интересен факт е што втор пат резултатски (ако не го рачунаме она службеното на Овче Поле со Нит Хак) во два меча машка македонска екипа да биде поразена од норвешка екипа (последниот пат беше Работник со Филинген пред неколку сезони). Вардар на времето го елиминираше Сандефјорд за пласман во ЛШ (мислам дека Вардар не загуби). Вардар и со Елверум во последните две сезони имаа три победи и едно нерешено мислам. Металург беше специјалист за норвешки екипи, со Драмен, Хаслум (мислам таму еднаш со бајаги победија и Елверум лесно излегуваше на крај и мислам дека само еднаш имаат изгубено.
А и во женски ракомет Кометал и Вардар излегуваа лесно со Ларвик и Бекелагетс.
 
Член од
19 април 2023
Мислења
219
Поени од реакции
273
Коментаторот на кавадаречката телевизија е посебна приказна.Толку беше ,,професионален,, и толку мирно и без емоции коментираше како да го знаеше исходот од натпреварот.За разлика со натпреварот со Вардар ги коментираше дури и одлуките на судиите.Не верувам дека натпреварот е наместен но имам впечаток како играчите на Тиквеш немаа желба да победат. Последните три минути се доказ за тоа.Можеби среќата беше на страна на фармацевтите но со играта која ја прикажаа играчите одморени од патувањето во Норвешка не знам дали секогаш ќе биде така.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.108
Поени од реакции
3.858
Стварно не ја разбирам логикава на ЕХФ со одредувањево на шешириве. Како е можно Грција и Фарски Острови да се втор шешир, а никогаш досега не биле втори во квалификациска група, башка ова беше прво ЕП и за едните и за другите.

 
Член од
19 април 2023
Мислења
219
Поени од реакции
273
Одлична голмански двојка на Е. Пелистер Митревски - Ивиќ.Но голманската двојка Чаневски - Траковски за мене досега најдобра.
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
831
Поени од реакции
3.619
Одлична голмански двојка на Е. Пелистер Митревски - Ивиќ.Но голманската двојка Чаневски - Траковски за мене досега најдобра.
Морам да се сложам со тебе , сепак Чаневски и Трајковски се докажани не само во Македонија туку и во интернационалните води. Посебно Трајковски имаше блескаво првенство во 2017. Исто најзаслужен беше за победата на Алкалоид прошлатс сезона.
 
D

DupiMandalo

Гостин
Одлична голмански двојка на Е. Пелистер Митревски - Ивиќ.Но голманската двојка Чаневски - Траковски за мене досега најдобра.
Мислам дека нема подобра на овие простори моментално... Честитки за Охрид.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.108
Поени од реакции
3.858
Посебно Трајковски имаше блескаво првенство во 2017.
Па не би се сложил. Подобар беше од Колев (секој би бил подобар од Колев на тоа првенство), ама да имал блескаво првенство не. Ни против Ангола немаше нешто посебно одбрани. Имаше океј меч со Шпанија, ама тоа е затоа што и добра одбрана постави Червар. Митревски да беше викнат на тоа првенство, ние Шпанија сигурно ќе ја победевме, а и со Словенија ќе беше многу поблиску.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.960
Поени од реакции
73.862
Па не би се сложил. Подобар беше од Колев (секој би бил подобар од Колев на тоа првенство), ама да имал блескаво првенство не. Ни против Ангола немаше нешто посебно одбрани. Имаше океј меч со Шпанија, ама тоа е затоа што и добра одбрана постави Червар. Митревски да беше викнат на тоа првенство, ние Шпанија сигурно ќе ја победевме, а и со Словенија ќе беше многу поблиску.
Ироничен му е коментарот :D
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.108
Поени од реакции
3.858
Групите 7 и 8 убедливо најтешки! Група 5 или 6 ќе беа најидеални за нас, ама и ова е добро. Група 6 изгледа како претквалификациска група за СП од пред 6-7 години!
 
Член од
19 април 2023
Мислења
219
Поени од реакции
273
Некој е повреден за ЕХФ неделата за потоа мистериозно да оздрави.И потоа Кире е крив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom