Лош ден денес имаше Владе.
Штом стигна и до навреди, може и лоша недела имал... Месец.... Година...
Живот.
Владе во принцип не е лош дечко, ама е многу огорчен од некое минато искуство со жена. Затоа со женскиот род стои на дистанца, сака да се покаже како ладен тип, недостижен, незаинтересиран, ама кога има вака лош ден и плус огорченоста кон жените го прават малце како да кажам да не бидам погрешно сфатена, напнат, нервозен, брз..
Изгледа дека не успеал да ги задоволи апетитите на бившата партнерка, па секое едно женско тука е криво што Владе се гледа себеси како човек кој нема доволно пари да фати женска, не е доволно убав и привлечен и страв му е да се опушти и зближи со некоја за да не биде оставен. И, секое внимание насочено кон него го гледа како напад и реагира нападно. А секако се тоа е само во главата на Владе, поради таа скапана некоја што ја имал или ја немал а ја посакувал и му го убила духот.
Владе душо, опушти се, биди ти, тргни предрасуди, прифати дека сите не се исти и се ќе биде ок. <3
А, и батали идоли како Сусаро и тој е во таква ситуација. Само за него нема надеж, а за тебе сеуште не е касно. (додадов ова покасно, да си кажам дека ме кара
@Patience. што менувам постови)