За тоа дека сегашната ситуација за нас е неподнослива и промени мора да има, да се сложувам. Али ако во брз период не развиеме каков било капацитет за да имаме со што да тргуваме со кој и да бидат новите хегемони, тогаш дури и се да се смени пак по нас се ќе остане исто. ЕУ и Америка дефинитивно не ни одговараат зошто они имаат институционална аверзија кон Македонија и не го одобруваат нејзиното постоење. И ние тука ништо нема да можеме да смениме на краток рок и заради тоа нивната пропаст за нас е бонус. Али ако немаме што да им понудиме на Русите или Кинезите не гледам што ќе се смени за нас.
Ех Боро Боро, ами со што да тргуваме овие демокративе кои се 30 години на власт се истргуваа, не остана ништо за да се тргува
Епа овде се збори за некаква супериорност на руско ПВО, а најсовремен авион против кој дејстувал е МИГ-29 од пред 41 година. Исто ко тие современи западни авиони, најсовремено нешто што дејстувале е некоја верзија на S-300 во Сирија каде Израел од време на време си ги бомбардира.
Не знам колку си упатен во ПВО, но и самите Каубои признаваат дека РФ дефинитивно има нај-јака ПВО на планетата.
Но ако ти велиш поинаку, тогаш Каубоите не знаат ништо.
БПЛ (беспилотни летала) се користи за да се идентифукуваат летала од оние најмалите зујалици па до МК-9.
Разликата, покрај другите работи, е и во нивната РЕФЛЕКСНА површина па радарски системи и нишански радари најчесто овие играчките и не ги гледаат, а ако се земе во обзир дека тие БПЛ во главно летаат на мали висини дополнително се отежнува нивно рано откривање.
Како и да е Москва важи за најзаштитен град со ПВО системи (повеќеслојна со барем 4 радарски мрежи и голем број на ПВО системи).
РФ е огромна земја со 11 часовни зони и да се очекува целата територија да биде покриена со С-400 или С-550 е несериозно, најчесто се обезбедуваат стратешки објекти (аеродроми, космодроми, нуклерани централи...) и големи градови.
Овде се збори дека западот немал ништо масовно произведено 40 години, САД немал модерно оружје и дека руското ПВО е супериорно и дека Русија не користела многу С400 и С500. Им рокнаа С400, С500 не е срамежливо користење туку воопшто и дали е во фукнција. А и да е некаде околу Москва ќе е. А реалноста е дека ни западните авиони се сретнале против сериозно ПВО(С-300 на Сирија е безкорисно кога Израел ги рока со разни авиони), а ниту пак руските против некој нов авион. Најверојатно нема ни да се сретнат.
Дискусијата накрај завршува со некаков hehe обид da be da snemaa raketi, hehe gotovo do vladivostok stignaa, hehe severgjani.
Ако толку си сигурен, а и овие од НАТО дека РФ нема сили да се заштити зошто толку се чека и не ја нападне?
Од почетокот се говори дека РФ има направено пробив во хиперсоничната технологија-оружја и во таа област е супериорна во однос на било која друга земја, токму заради таа супериорност и големиот арсенал на нуклерани глави таа до ден денешен е безбедна-суверена.
Секоја полусериозна земја и нагоре политиката ја базираат на интереси овде пишуваат за лојалност. A и дека ние сме биле поважни од Грција за Русија. Прашав да не мислат за некаков панславизам нема ништо. Секој си гледа интереси и насоките ги менува врз база на тоа. Руската империја која со Британија и Франција им извојува незавинсност на Грција во битката за Наварино, каде во Одеса е формирано првото движење на грците за работење за независност од oтоманската империја, прв претседател/гувернер што го сметаат за татко на нацијата претходната улога му била министер за надворешни работи на Руската империја.
Грците каде што контролираат цел егејско море ќе биле поневажни од нас.
Историјата-минатото има голем значај за врските помеѓу државите ама тоа влијание се преценува, затоа што од секогаш односот помеѓу државите се темели врз интересите денес особено. Па така ако пред 100 и... години царска Русија имала “пријателски“ односи со Грција денес тоа не важи.
Грција како и Турција се класични долгогодишни експоненти на САД политиката во овие региони.
Грција во рамките на вазалскиот однос кон САД има дадено на САД, Британија и... дозвола да ги користат водите, копното и воздухот за да го “ограничат“ руското влијание. (меѓу другото за да се спречи приемот на Македонија во 2008 од страна на грција од Франција е склучен договор за купување на Мираѓи ии во износ од повеќе милијарди, па така Франција во Букурешт стави вето за македонија) Во Лариса е најголемата воздушна база на САДистите, се говори дека во истите рамки на САД му е дозволено да инсталира нуклерани проектили (повеќе силоси) кои ќе бидат усмерени кон Русија.
Во такви услови да се говори дека РФ балгонаклоно гледа кон Грција е смешно.