На темава пишувам одамна, ако не и од самиот почеток кога е отворена. Пред две и нешто години тука кога документирав еден куп видеа дека Русија ќе ја нападне Украина имав мислење дека Украина се заеба што не се придржуваше кон договорите од Минск и што не го реши проблемот со Русија по дипломатски пат. Мислев дека Русија ќе ја прегази Украина и ќе ја згасне како држава. Тогаш тука проруска екипица лајкаше мислења.
Ама згрешив за две работи. Прво, не верував дека Украинците ќе дадат толку голем отпор и второ ни на крај памет не очекував дека руската војска е толку скапана од внатре.
Сто пати сум пишал, имам разбирање зошто Русија ја почна војнава (легална или не, тоа е не битно), ама поради својата неспособност да реализира на терен очигледно заглави во пекол што ја прави ситуацијата со СССР и Авганистан и САД со Виетнам да изгледаат како смешка.
Ја уште кога почна војнава иако не верував дека ќе почне, напишав дека прегазување на Украина за 3 дена е нереално сценарио. Америка да беше, исто ќе беше ако не и бетер.
Ти не си напраил 2 грешки, секое мислење ти е грешно, зошто се базира на првичната претпоставка, дека војна со Украина се добива за 3 дена и поради тоа Русија е неспособна. Дури и проруската хардкор екипа не се слага со моето мислење за северот, не само ти. Ама тоа не значи дека не сум во право. Две години нон стоп проповедаш како им снемуе муниција и тенкови на Русите иако експресно фронтот те демантира.
Лупаш зелени за две села и две ниви, ама ако не си знаел и Бородино е таму некое си неважно село.
Едноставно појма немаш од тоа како се води војна. Сликите на “спремните авиони за десант” ти беа доказ за десантот. Појма немаш од тоа каква е Руската воена офанзивна доктрина (имаат само еден главен напад и повеќе пронгови или за маскировка или за супорт). Стабилизирањеро на фронтотот на места кај што им одговара на Русите, го гледаш како слабост и неможност да се спроведе некаква си маневарска офанзива, која беше тотално непотребна на Русите во констелација на интензивната западна помош.
Но ти си тераш брат арогантно, како во времето на шарената куртонијада, мислиш Шин Цу лично и персонално, исмејувајќи секое различно мислење и тропајќи глупости кои иако ти беа на очи покажани дела се глупости, продолжи со истото темпо.
Има неразумни од двете страни, што навиваат и гледаат пристрасно. Но ти, ако не навиваш за американците, тогаш си како оние Руски телеграмџии, кои очекуваа Москва да падне кога се повлече восјката од северот.
Престани да ги гледаш оние смешни видеографици за војната и прочитај малце литература. Види колку е скапа маневарска офанзива и колку е важно да се стекне впечаток дека главниот напад е на друго место. Види што е разликата меѓу маневарска офанзива и војна на истрошување и зошто е круцијално да се води во места со стабилна логистика и добра конуникација за резервите.
Прочитај колку војска е потребно за маневарско аутфламкирање на стронгхолди како Бахмут и Андреевка, па можда ќе сватиш зошто е одлуката да се води ваква војна каква што е.
Све друго што покушаваш да објасниш, од улога на артилерија во модерна војна, стратешко, тактичко бомбардирање, улога на авијација, сили за напад и одбрана, еластична и крута одбрана…. Све е смешно, и сам ќе го увидиш тоа, само ако малку се тргнеш од јутјуб видеографиците и земеш нешто сериозно да прочиташ.
Во војнава се дознаа само 2 работи, а тоа е дека авијацијата во модерна војна меѓу две комплетни армии е речиси приземјена, па затоа се одина беспилотни летала, да не се трошат пилотите. И второ дека морнарицата е страшно ранлива кога е близу копно.
Другото е горе доле исто. Тенковите биле експeндабл роба уште кога се измислени. Можеби затоа Русите експериментираат со безпилотни тенкови за новата беспилотна армата.
За економијата колку си во заблуда, не сакам ни да зборам, тоа па колку е очигледно и пак да не го гледаш…