Супер ти е анализава за Белград, меѓутоа затоа и има драстична разлика меѓу цените таму и тука.
Од друга страна, како што Белград е центар на овој регион, така е Македонија централизирана во Скопје. Дали за 10, дали за 50 години, некој ќе живее во оваа држава и буквално се што си набројал важи и за тука, само нормално во помал размер.
Пак ќе кажам, не треба да си генијалец за да приметиш што се случува, бидејки се случува на регионално, светско ниво и не зависи од нас.
30%+ од становите се празни. Тоа ти укажува дека најголем дел од становите не се купуваат поради основната потреба за која се наменети т.е. вдомување. Причините зошто се купуваат се спомнати тука дел ајти и уште 2-3 добро платени индустрии, дел имашливи дијаспорци и од другите градови од Македонија, ама најголем дел поради затворање на пари најчесто од сива економија и/или заштита на капитал од инфлација затоа што "се знае" дека квадратот не паѓа во Скопје. Односно за македонските стопанственици, становите се тоа што за бизнисмените на светско ниво се благородни камења и метали, реномирани уметнички дела и слични работи кои секогаш ќе бидат "евергрин" во економската смисла на зборот како добра.
Е сега пак ќе кажам дали Скопје мислиш дека ќе остане евергрин како злато или слика на Пикасо? Сега е критично, ама уште не е катстрофално. Кога не ќе можеш дете во градинка да запишеш, кога ќе треба шиптaр доктор да те лечи пошто се асално е отидено во Германија, кога сите прозори на мнозинство згради ќе имаат видик од два метра во балконот на соседната зграда, кога не само на неколку дена во зимата туку пола година Скопје ќе биде во топ 3 најзагадени градови во светот, што ќе се случува тогаш? Тие што имаат по Х станови ако им притреба капитал како ќе го направат тој стан ликвиден? Ќе бараат други бизнисмени на кои ќе им го продадат за да зјае празен?
Ќе ти направам паралела со на времето познатите кино тапкароши. На времето кога киното било популарно имало ликови кои купувале многу карти за една проекција и после ги препродавале за поскапо знаејќи дека има голем интерес за кино и дека ќе најдат доволно клиентела што е спремна да плати повисока цена. Ама оваа тактика функционира се додека има луѓе кои сакаат да го гледаат филмот. Кога сите што сакале да го гледаат филмот ќе го изгледаат што ќе правиш со вишокот карти? Ќе ги продаваш на друг тапкарош кој исто така нема клиентела да му ги купи? Епа замени го зборот тапкарош со имател на стан ради заштита на капитал и луѓе што сакаат да гледаат филм со луѓе што бараат стан поради живеење во него. Кога побарувачката на некое добро не е заради неговата првична потреба, а воедно тоа добро не е евергрин добро како благородни камења и метали и одзгора на тога условите и квалитетот на тоа добро се во континуиран пад останува само прашање на време.
А и други фактори. Квадрат во Петровец и Белимбегово достигнува до 1000 евра што значи дека луѓе почнуваат да се откажуваат од комодитетот на "3 километра од Воин на Коњ" по цена 3 генерации наредни да не можат да го отплатат тоа. Другарка од Свети Николе вика дека и таму становите станале над 900 евра и да не ја знам ќе мислев дека ме заебава. 30 до 40 минути е по новиот автопат до Скопје. Короната покажа дека многу работи може да се прават од дома и еден куп фирми откажаа канцеларии каде не е неопходно физичко присуство. Имам другар кој се пресели во Драчево, друг се врати во Велес, трет отиде да живее во едно планинско село во Западна Македонија, сите работат од дома и сите се "први во село".
Така што по мене барем, првиот бран ќе биде падот на деловните простории. После тоа другото е неминовно. Не викам утре или за една година од сега. Исто како дијагноза за преостанат живот од канцер. А Скопје и буквално и метафорично станува канцер. Дали 3 месеци, дали 3 години, неизбежно е.