Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.395
- Поени од реакции
- 5.021
Не реков дека Аваксите се клучни, туку дека ја зголемуваат можноста на непријателот за успех на еден напад.Глупости. И додека имаа Авакси(не дека сега ги немаат) им ги напаѓаа бродовите. И им пробиваа.
Имено овој е веќе трет обид да го потопат и е успешен.
Сад и Нато се супериорни во црвеното море па пак оние камената доба им направија штета со обични глисерчиња.
Зборот е, нема одбрана против водните дронови.
Прелесни мети се големи бродови и статички објекти како мостот во Керч.
Патем тука Русите единствено се заштитија со метални мрежи околу столбовите.
Но да. Големата слика е таа. Намалување на воениот капацитет на Русија. Моментално не им постои флотата во Црното Море. А со тоа им е загрозена цела Сирија. Мада таму Иран си го тера бизнисот.
На темата. После Франција, следна земја што најави дека е спремна да испрати свои трупи е нашиот сосед Бугарија.
Што е со нашиве? Зошто не најавија дека сме спремни да испратиме своие трупи?
Претходно Русите губеа бродови далеку од брегот, сега губат бродови во влизина на сопствените бази.
И има, и тоа како одбрана од вакви дронови.
Како што пишав погоре, за да уништиш брод (ова важи и за други мети) треба:
1. Да знаеш каде е бродот,
2. Да имаш начин да го наведиш оружјето до него
3. Да ја погодиш целта пред да бидеш уништен.
Ти како бранител на бродот, ако успееш да прекинеш еден од тие чекори, нападот ќе биде неуспешен.
Не е така едноставно, ќе ставиме еден тон експлозив на глисер и со далечинско ќе го дотераме до некој брод.
Детектирањето на целта се врши со еден куп други системи, во случајот дронови и сателити кои не припаѓаат на Украина.
Наведувањето (комуникацијата) исто така оди преку трети системи кои не припаѓаат на Украинците.
И на крајот, избегнувањето на детекција кога ќе влези веќе во радиус на сите можни одбрамбени системи на бродот е дело на некоја понапредна технологија, која го намалува времето на реакција за одбрана, зголемувајќи ги шансите за успешност на нападот.
Погоре наброените не може да ги направи секој, дури ни Украинците кои се едни од (барем до пред војната) најголемите извозници на оружје.
Потонување на воен брод останува тешка и скапа задача, резервирана само за технолошки напредни земји.
И веќе очигледно е дека после бројни напади на бродови и пристаништа, Американците полека елиминираат клучна алатка на Русите во Блиско-источниот регион.
Ако ова се случи, што јас не верувам, војната ќе почни да личи се повеќе и повеќе на Кримската војна.На темата. После Франција, следна земја што најави дека е спремна да испрати свои трупи е нашиот сосед Бугарија.
На Украинците не им врши работа (освен намалувањето на шансите за десант, што и без тоа шансите да се случи беа никакви), ама им врши работа на Американците.Како влијаат на ратот до сега сите тие уништени бродови?
Пошто глеам Украинците губат територија цело време од офанзивата па наваму. Заузврат бомбардираат по Русија и уништуваат бродови.
Па мислам во случајов дека тие што брзо учеа беа Украинците/Американците или кој и да е после /.Знам дека не се само глисерчињата и дека е доста сложен систем позади нив. Водниве дронови станаа најефективното оружје на Украинциве. Глупа работа на западов е што откриваат релативн добра технологија, која воопшто нема да го промени текот на војната, а Руската Армија е позната по своите импровизации и брзи адаптации. Али тоа е, кој не учи од историјата осуден е да му се удри од глава.
На почетокот имаше еден куп безуспешни напади со слични дронови, каде Русите постојано се фалеа дека ги соборуваат, и тоа на отворено море, за сега да тие напади се успешни и тоа во Руски територијални води.