Еве како се ДУП-овите од животоно значење, иако нема врска со прецеднички избори:
- просторот не може да се рециклира, наголемува, намалува, растегнува.
- просторот зафатен со градба е трајно искористен простор...барем додека објектот не биде срушен.
- корист од ДУП-овите има само урбаната мафија.
- корист од ДУП-овите имаат и општинските фунционери (советници, мастиљари...), оти наплаќаат комуналии, а плус им „капе„ по некој процент (во џебот, нели).
- оштетени се купувачите на станови, кои плаќаат „дебело„ за армиран бетон и гипс-картон, а добиваат бескорисен и некомфорен станбен простор (што значи дека трајно не си го решиле станбеното прашање).
- узурпацијата на јавниот простор (улици, паркови...), со (не)легални градби, значи очигледно крадење на „воздухот„ и на просторот кои се заеднички и сите имаат право да ги користат, ама „некои„ имаат „повеќе право на користење„ од „другите„.
- лошите урбанистички и архитектонски решенија се непоправливи (до наредниот земјотрес, поплава, војна...).
Благодарам...молам.