Прв јавен настап на Стевчо Јакимовски во улога на кандидат за Пртеседател на Македонија
Водителот во улога на егзикутор од страна СС прашањата ги поставува повеќе за минатото а не за иднината..., за тоа каков министер бил и слично, какви му се релациите со Мицкоски, а не каква политика ќе застапува ако истиот биде избран. Но добро веројатно уредувачката политика имала таква нарачка, па на крајот треба од нешто и да се живее.
Според мое мислење за одредување за тоа кој кандидат треба да ги добие гласовите на Македонците клучни прашања се:
- однос кон договорот од Нивици, и
- донос кон референдумот?
Со првото прашање би добиле одговор на прашањето дали кандидатот е за автентична македонска политика, колку е за почитување на правото итн, а со одговор на второт прашање би добиле одговор за демократскиот капацитет на истиот.
Но, не верувам дека вакви прашања би биле поставени на било кој кандидат.
Позитивни аспекти во неговиот настап.
- за прв пат поставува прашање за ЕУропскиот пат по секоја цена, поставува временска рамка за тој “единствен пат“;
- исправен став кон бугарскиот договор во поглед на заштита на македонските национални прашања;
Негативни аспекти...
- прифаќање на договорот од Нивици (јас тврдам дека уставното име не можеме да го вратиме
https://youtu.be/WnRcZvtAc5A?si=8X5GRrtT86b3S5I9&t=1972);
- не нуди перспекиви за културни врски на Македонците од Македонија со нашите во соседните земји;
- прифаќање на позицијата на Македонија како членка на ОТАН, без да се запознае јавноста дека со тоа сме ставени во позиција да одработуваме туѓи агенди против Руската Федерација и... со што се загрозува безбедноста во иднина;
- во областа на надворешната политика, каде институцијата има надлежности, немаше ни збор за позицијата на Македонија, воспоставување на пријателски позиции со Неврзаните воспоставување на врски со други економски сојузи односно дали македонската надворешна политика ќе остане слепо да ја следи полотиката на ЕУСА на своја штета,
...мислам дека ваков човек не би бил добар претседател...