Thirst traps - Желба за внимание, или неверство?

  • Креатор на темата Креатор на темата devilko
  • Време на започнување Време на започнување
@Хоуп можеби девојчето си има потреба да ја искуси и истражи таа страна од сопствената природа и естетика, а се чувствува позаштитено зад тастатура. Не мора одма да значи дека има врска со морал или слично.

Генерално на темава најмногу поттикната од првите мислења. Има вакви и меѓу мажи и меѓу жени.
Зошто да се праи од темава уште една од 50-те сиви нијанси на женомразие?
Исто така, се меша желба за внимание и поттик нешто убаво да се сподели како што се овие нормалниве блогови на разни теми. Јас искрено не би сакала виртуелна илузија да биде единствена мотивација за некој да пружи внимание. Кусо нека остане.
За морал јас рака давам дека е поштено и разбрано девојче, тоа сакав да го кажам и нели го знаеме народот, затоа реков остава една скроз обратна слика за себеси и баш затоа што се работи за едно срамежливо детенце, секогаш се прашувам која е причината за сликите. Не знам што сака да истражува и зошто, ама народ збори, а онаа к.., а врска нема никаква, одлична ученичка, нормално дете.
 
@Хоуп можеби девојчето си има потреба да ја искуси и истражи таа страна од сопствената природа и естетика, а се чувствува позаштитено зад тастатура. Не мора одма да значи дека има врска со морал или слично.

еуфемизмиве и дефиницииве што ги имате за курвање се невероватни ... природа и естетика ќе истражувала :icon_lol: :icon_lol:
 
За морал јас рака давам дека е поштено и разбрано девојче, тоа сакав да го кажам и нели го знаеме народот, затоа реков остава една скроз обратна слика за себеси и баш затоа што се работи за едно срамежливо детенце, секогаш се прашувам која е причината за сликите. Не знам што сака да истражува и зошто, ама народ збори, а онаа к.., а врска нема никаква, одлична ученичка, нормално дете.

Колешка имам таква. Не е многу разголена, ама секогаш пицната, деколте, ова, она, си мислиш отракана преведува жеден низ пустина. Да видиш каква домаќинка, за сѐ ја бидува, само попладневна шема излегува, работа дома, само маж ми ова маж ми она, добро ова малку претерано, ама однесувањето ѝ е контра скроз на изгледот или на предрасудите наши од истиот. Филмот Малена ми паѓа на памет, како ја гледаа, а кутрата сукња до колена и релација пазар-татко ѝ дома, добро де, додека не ѝ го пукнаа филмот.

еуфемизмиве и дефиницииве што ги имате за курвање се невероватни ... природа и естетика ќе истражувала :icon_lol: :icon_lol:



Кога ќе ве изгори некоја закопчана до грло што ги знае сите црвени слова на календар и ќе сфатите дека некогаш изгледот лаже, ќе сфатите дека не е еуфемизам. Имам колешка од Техеран, вика цела фамилија лом ме направи што нејќам да се покријам, а види ми ги братучетките *покажува слики* и кажи ми кој е најскромно и најмалку провокативно облечен од нив не сметајќи го делот кај главата и вратот. И вистина. Значи со предрасуди нема никаде да стигнеме. Ова го кажувам јас што во живот ни сум носела деколте, ни здолниште / фустан над колена. Не оти продавам морал, ниту пак дека имам проблеми со килажа, фала Богу, туку јас не се чувствувам комотно. И најмногу се имам изгорено баш од закопчана до гуша и морален предавач.
 
Последно уредено:
еуфемизмиве и дефиницииве што ги имате за курвање се невероватни ... природа и естетика ќе истражувала :icon_lol: :icon_lol:
Ама ете тука не се работи за курвање.
 
За морал јас рака давам дека е поштено и разбрано девојче, тоа сакав да го кажам и нели го знаеме народот, затоа реков остава една скроз обратна слика за себеси и баш затоа што се работи за едно срамежливо детенце, секогаш се прашувам која е причината за сликите. Не знам што сака да истражува и зошто, ама народ збори, а онаа к.., а врска нема никаква, одлична ученичка, нормално дете.
Ova vo komshiluk mi se deshava koga majkata e podominantna, alfica no ne visoko obrazovana i gleda da i obezbedi moznosti na kjerkata a tatkoto e ili bezglasna bukva ili ne e prisuten vo prikaznata.
 
Ova vo komshiluk mi se deshava koga majkata e podominantna, alfica no ne visoko obrazovana i gleda da i obezbedi moznosti na kjerkata a tatkoto e ili bezglasna bukva ili ne e prisuten vo prikaznata.
Мајка и носи и обезбедува работа и смештај на наши во Швајцарија, а и може да се каже дека е доминантна алфа, а таткото е моронче, а и разведени се. Мислиш дека мајката влијае за тие слики? За пари? Со тоа што го работи два стана купија тука, опремени топ, двата во строг центар, по 70 квадрати. Пари не им се потребни освен ако жената е ненаситна.
 
Наречете ме старомоден, стар, било каков, никако не можам да ја сфатам потребата за делење на својот приватен живот на социјалните мрежи. Па зарем толку ви се празни животите што ви треба валидизација од рандом непознати ликови на интернет?
 
Мајка и носи и обезбедува работа и смештај на наши во Швајцарија, а и може да се каже дека е доминантна алфа, а таткото е моронче, а и разведени се. Мислиш дека мајката влијае за тие слики? За пари? Со тоа што го работи два стана купија тука, опремени топ, двата во строг центар, по 70 квадрати. Пари не им се потребни освен ако жената е ненаситна.
Не знам дали си чула за Хистрионик персоналити дизордер, дотичните женски особи без разлика на возраста, валидација бараат преку социјални мрежи и во живо претежно од машката публика и популација, следачи на Инстаграм и Фејсбук, прикажувајќи содржини со експлицитни елементи, голотија, натртеност на газ, широки деколтиња, исто така во поглед на тоа се доста доста промискуитетни. Да имаш поштени баби исто така како што имаш непоштени млади жени и тинејџерки. Не значи ако има 18 години дека е поштена.
 
Имам многу блиска роднина, 18 години и тоа сега ги напуни и профилот и е таков, газови, цицки, одмори, бикини, огромна штикла, проѕирни фустани, длабоки деколтиња. Мајка и ја следи, ја лајкова дури и срциња и коментари браво срце лепота на мама и пишува.

Сега стави и неколку тетоважи, две панделки назад на нозете под гз, на цицка некој знак, рака цела, па црвени перики и привокативни пози..

Кога иде кај нас, дете. 1.50 см, дете во патичиња, детско размислување, детско понашање. Косе кратко, детско лице без шминка, абе дете детенце.

И кај да ја сместам неа и што да помислам? Се претставува во тотално поинакво издание од што е и ствара погрешна слика за себеси. А е едно повлечено срамежливо дете.
На профил пози со напучени газови и усни, танга...

Нема клиентела тоа со сигурност го тврдам, пари имаат многу и ако ја запознаеш а потоа и го видиш профилот ќе се шокираш.
Еве нека пати за внимание, ама зошто.
Тинејџерките уствари не ни размислуваат рационално дека преку начинот на кој се облекуваат се сексуализираат себеси на толку рана возраст. Да не речам еве дека е сето тоа несвесно, наивно и во 90% од случаите само копирање на она што го прават популарните или познатите девојки/жени или ете по ново кажано инфлуенсерки.
 
На таа возраст хормоните им дивеат, крвта им врие, само секс им е у глава, нормално дека ќе си бараат.
 
еуфемизмиве и дефиницииве што ги имате за курвање се невероватни ... природа и естетика ќе истражувала :icon_lol: :icon_lol:
И на крајот пак сите по курвите “трчаат”, сега по ново лајкови ставаат. :toe:
 
Vaka covek ko te cita moze da si pomisli deka nemash ubo mislenje za Dzenifer Koneli

А што има врска едно со друго? Немам никакво мислење, таа слика со Џенифер е од пред 20тина можеби и 30 години, време кога нема социјални мрежи. Таа сигурно не се сликала да и пишуваат 200 мажи одеднаш и да бара внимание, у тоа време таа е во екот на нејзината популарност како актерка.

Тинејџерките уствари не ни размислуваат рационално дека преку начинот на кој се облекуваат се сексуализираат себеси на толку рана возраст. Да не речам еве дека е сето тоа несвесно, наивно и во 90% од случаите само копирање на она што го прават популарните или познатите девојки/жени или ете по ново кажано инфлуенсерки.

Што е најстрашно и малолетните девојчиња на 13 и 14 години се сликаат у провокативни пози, у мое време стававме само слики од лице на hi5 и тоа со КОМПИР КВАЛИТЕТ VGA КАМЕРА и се poke - иравме на фб.
 
Ако млада девојка прикажува симптоми на газопрчење, цицко-презентирање и фотографирање и изложба на телото за секој да ги види тие детали, битна улога во ситуацијата игра таткото, кој не е присутен за да ја воспита на пристојност и манири, или е потиснат од мајката и нема збор, или е некое си дисфункционално семејство, има и други случаи ама најчесто е заради вакви причини.

Бев во Холандија пред година ипол, мислам дека не начекав ниедна Холаѓанка која беше облечена провокативно/курвински или минич одма 1mm под газ, уредно и пристојно облечени и преубави беа без да мора да прикажат thirst-traps, што лично за мене е доста поатрактивно отколку да гледам девојки предводени од "курволенсерки" и облечени во таков стил со тангата вгз начукана и во проѕирно деколте.

Нема друго што да понудат на светот оти мозокот им функционира на 2ипол мозочни клетки и мора да се слечат за да добијат валидација, колку тажно звучи.
 
Мајка и носи и обезбедува работа и смештај на наши во Швајцарија, а и може да се каже дека е доминантна алфа, а таткото е моронче, а и разведени се. Мислиш дека мајката влијае за тие слики? За пари? Со тоа што го работи два стана купија тука, опремени топ, двата во строг центар, по 70 квадрати. Пари не им се потребни освен ако жената е ненаситна.
Majka i e hendlach, strit smart i zatoa i pravi gruming mozebi ne direkten ali apla ja podrzuva ova da go pravi za da ima opcii u zivotot - da najde nekoj so audi dzip koj kje ja gleda. Dokolku majka i bila po obrazovana kje ja pottiknela da ide po toj pat kako pobiten nego da se razgoluva po soc medii. Kaj site ovie tatko nema sho e edna mnogu bitna tema.
 
Што е најстрашно и малолетните девојчиња на 13 и 14 години се сликаат у провокативни пози, у мое време стававме само слики од лице на hi5 и тоа со КОМПИР КВАЛИТЕТ VGA КАМЕРА и се poke - иравме на фб.
Сите сме биле тинејџери, и знаеме дека тоа е периодот во кој осознаваме какво влијание имаме врз спротивниот пол. Кратки фустанчиња, штикли, шминка, симпатии, дечковци, бла бла бла океј, се е тоа пролазно, ...ама позирањето на провокативен начин и споделување слики на социјалните мрежи, е повеќе од нормално здивени хормони кај тинејџер. Како тие деца имаат лице да си ги погледнат родителите во очи?

Се можам да сфатам и разберам. Сум била тинејџерка, сум излегувала, сум се забавувала, ама секогаш сум имала сенс за тоа во какво издание ќе се појавам дома и да не ги посрамотам моите.

Пуштете сабота во 21 часот сител телевезија, на ѕвездите на гранд, млади девојчиња 18-19 годишни, гордо настапуваат облечени како проститутки, а во бекстејџ родителите гордо навиваат за нив. Што повеќе теба да се кажува? Јасно е се.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom