Thirst traps - Желба за внимание, или неверство?

  • Креатор на темата Креатор на темата devilko
  • Време на започнување Време на започнување
"Thirst traps" се постови, слики или видеа обично на социјални мрежи, каде личноста обично се појавува во атрактивни или привлечни пози, со цел да ги "привлече" другите корисници и да ги натера да реагираат со коментари, лајкови, или други видови на внимание. Оваа терминологија обично се користи за постови каде што личноста се облекува или позира во начин кој поттикнува сексуални реакции или интерес од другите корисници.

Но, обично нема јасна граница за тоа што се thirst traps. За некој може да е слика со купачи од плажа, за друг селфи, за трет некое друго однесување со скриена порака.

Како влијаат thirst traps? Како ги препознавате и што преставуваат за вас? Дали ги сметате за неверство, или за недостаток на внимание од страна на партнерот?
red flag, haha.

Неверство не е затоа што ти си прифатил на прво место да бидеш со таков партнер/ка во врска. И да, обично тие што лајкаат такви жени по инстаграм, често завршуваат баш со таквите жени кои се сликаат така експлицитно. За секое лонче има капаче.

Колку помалку објавува на социјалните мрежи толку за покултурен, поок и покул лик станува збор.
 
Има такви луѓе што постираат по еден албум дневно слики, кај биле, шо јаделе, слики од децата обавезно по 30 на ден и како си играат или позираат во секакви пози, селфиња, и слично, без потребни експонирања, и не им е јасно дека ноубади факинг керс, атеншн хоурс се тоа, сакаат внимание, не е поврзано секогаш со изглед, некогаш се претставуваат ко многу фамилијарни, па отекуваат со слики од породична идила и савршен живот.
Автоматски споено мислење:

Ова ваљда кај тие што замислиле инфлуесерка да будем, па да собираат следбеници со сликите. Па може ќе ги има некаде низ оние квази медиуми на нет, најзгодната велешанка или слично...
Не верувам дека онака само чисто за лајкови прават и лајковите да ги задоволуваат. Не знам, барем нека искористат нешто со такви слики...

И да не речам секогаш, ама за маж со такви слики нема ни коментар ни па нешто фама, ептен ретко се сликаат пошто меше имаат. хехехе

За партнер, секој слободен маж би убил да биде со таква жена, сигурно многу мечтаат да ги прошетаат гордо онака видете што пичка имам, ама за да ја однесе дома да му раѓа деца, тешко, скоро невозможно.

А веќе да ти е ваква сериозна партнерка или жена, тогаш ваљда многумина ќе помислат дека си некој патлак што го тегне за нос и изневерува. Тоа е народот, не може да го смениме тоа, ете и јас тоа ќе си го помислам да знам маж со жена што се слика гола по социјални мрежи.
Не дека треба со шамија да се слика, не е проблем ни слика со бикини од плажа, ама се познаваат тие слики од тие другите.

На крај, за овој тип жени верувам дека го прават тоа надевајќи се на некој профит, не само за лајкчиња.
Најзгодна велешанка онаа со миничот на минус 20, најзгоден велешанец оној со Ферарито. :pos:
 
Има такви луѓе што постираат по еден албум дневно слики, кај биле, шо јаделе, слики од децата обавезно по 30 на ден и како си играат или позираат во секакви пози, селфиња, и слично, без потребни експонирања, и не им е јасно дека ноубади факинг керс, атеншн хоурс се тоа, сакаат внимание, не е поврзано секогаш со изглед, некогаш се претставуваат ко многу фамилијарни, па отекуваат со слики од породична идила и савршен живот.
Автоматски споено мислење:

Најзгодна велешанка онаа со миничот на минус 20, најзгоден велешанец оној со Ферарито. :pos:
Голема разлика е од сликање фамилијарни слики, деца и кај си бил и што си бил со сликање гол газ и извадена цицка. Првите не можеш да ги сместиш во иста категорија со овие со цицките, па ни да ги обвиниш дека патат за внимание. Е ајде ништо да не ставаме од слика. Стори со рецепти само.
 
Јас не гледам никаква разлика и едните и другите бараат внимание и собираат лајкови, пак ќе повторам отекуваат со ноубади керс материјал , не не ми е гајле шо си јадела и која боја јакна си купил маж ти. Ти идеш да шеташ или да сликаш,. Абе џабе се објаснуваме кога се знае.
 
Голема разлика е од сликање фамилијарни слики, деца и кај си бил и што си бил со сликање гол газ и извадена цицка. Првите не можеш да ги сместиш во иста категорија со овие со цицките, па ни да ги обвиниш дека патат за внимание. Е ајде ништо да не ставаме од слика. Стори со рецепти само.

да се надоврзам на мислењево, овие првиве со фамилијарните слики очајнички се обидуваат да и докажат на средината дека се среќни, весели, богати и славни и имаат препаметни деца, па сликаат дека биле на одмор у грчка (не кажуваат дека зеле брз кредит за да идат), па прв роденден на детето, прво запче, чекорче, тоа СВЕ мора да се објави на стори, а овие другиве со голи газови и цицки бараат внимание и си бустаат его и се нудат на пазарот па кој доволно ќе плати, тој ќе клати
 
Тогаш сите сме во исти кош и сите патиме за внимание.

Колку луѓе ги користат социјалните мрежи без да ставаат слики? Многу малку, скоро и да нема човек што нема слики на профил.

Ако така гледаме на работите така и треба да биде по вас, да ги користиме само за коминикација и толку. Ни една слика. Зошто реално и на слика од цитат од некој филм ќе најдеме некоја фалба, или ко што викате кој го занима тоа...
 
Токму тоа е тоа, ја долови поентата, дотичните се "болни" да прикажуваат се во совршено светло, синдром на компензација, обично кога не ви иде бракот со маж ти, ставаш профилна слика од тебе и маж ти прегрнати како наздравувате со чаша шампањац на некоја свадба. Имаат опсесивна потреба да докажат на околината дека се среќни, дека имаат идеален живот, маж, деца, а реалноста е сосема другачија. Они живеат за да бројат лајкови, мерна единица на валидација, не живеат во моментот, тоа се филмски режисери.
 
Тогаш сите сме во исти кош и сите патиме за внимание.

Колку луѓе ги користат социјалните мрежи без да ставаат слики? Многу малку, скоро и да нема човек што нема слики на профил.

Ако така гледаме на работите така и треба да биде по вас, да ги користиме само за коминикација и толку. Ни една слика. Зошто реално и на слика од цитат од некој филм ќе најдеме некоја фалба, или ко што викате кој го занима тоа...

ја немам сменето профилна на фб може 6-7 години и тоа ја сменив за да не ми седи таа од матура :pos::pos::pos::pos:
 
Јас со години ја имам оваа истава што ми е на аватар тука, никогаш не сум ја сменила и на мојот профил не можеш да видиш ни една слика. Тоа го гледаат само неколку мои пријатели, роднини и познаници кои ги сакам и почитувам. Немам потреба на цел свет да се фалам кај сум била, ама сакам тоа да го споделам со луѓето што ги сакам. Зошто така да не гледаме на работите? Не секогаш и не секоја слика е фалба и очај за внимание.
 
Сте чуле за мајки инфлуенсерки? Споделуваат искуства за деца, фамилија, воспитување, уредување на домот... Еден куп овакви следам и некои од нив навистина ме инспирирале. Не знам зошто толкав хејт.
 
Thirst traps не се обични фотки за внимание, и не мора да имаат никаква голотија, може да се само сексуљави. Не мора да се фотки, може да се и видеа.

Поентата е со која цел се поставуваат. А тоа е привлекување на одредено внимание од спротивен пол, со цел на стапување во контакт.

Може да ја терате темата и за поставување на 100 фотки од семеен одмор, инфлуенсерки кои заработуваат, маркетинг, следачи, итн. Ама ја промашувате првичната поента.
 
Сте чуле за мајки инфлуенсерки? Споделуваат искуства за деца, фамилија, воспитување, уредување на домот... Еден куп овакви следам и некои од нив навистина ме инспирирале. Не знам зошто толкав хејт.
Или колешката шо ова и е работа и промоција....

Screenshot_20240304_000531_Instagram.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom