Thirst traps - Желба за внимание, или неверство?

Член од
5 февруари 2024
Мислења
147
Поени од реакции
239
Thirst traps не се обични фотки за внимание, и не мора да имаат никаква голотија, може да се само сексуљави. Не мора да се фотки, може да се и видеа.

Поентата е со која цел се поставуваат. А тоа е привлекување на одредено внимание од спротивен пол, со цел на стапување во контакт.

Може да ја терате темата и за поставување на 100 фотки од семеен одмор, инфлуенсерки кои заработуваат, маркетинг, следачи, итн. Ама ја промашувате првичната поента.
Ако си во врска со таква одма бегај.

Пумпање его и барање валидација од нивни идоли дека нивното постоење на светов значи нешто повеќе од мочање и серење и најчесто е резултат на недоволна љубов и грижа од родителите.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.136
Сте чуле за мајки инфлуенсерки? Споделуваат искуства за деца, фамилија, воспитување, уредување на домот... Еден куп овакви следам и некои од нив навистина ме инспирирале. Не знам зошто толкав хејт.
има и добри страни интернетов, не се само лошите... А ме интересира за што те инспирирале ?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.753
Поени од реакции
24.443
има и добри страни интернетов, не се само лошите... А ме интересира за што те инспирирале ?
Почнувајќи од најрана фаза на детето, рутини, исхрана за децата, периоди на развој, уредување на домот, препораки за детска облека(ова строго неспонзорирано гледам да е), мајчинство воопшто...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.136
Почнувајќи од најрана фаза на детето, рутини, исхрана за децата, периоди на развој, уредување на домот, препораки за детска облека(ова строго неспонзорирано гледам да е), мајчинство воопшто...
Оки поише помош одколку инспирација за мајчинство :) Али те сватив.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.753
Поени од реакции
24.443
Оки поише помош одколку инспирација за мајчинство :) Али те сватив.
Не си ме сВатил, инспирација за мајчинство во смисла како да работиш на себе за да бидеш подобра мајка, на пример и меѓу другото. Некои од нив навистина се инспирација. Помош во која смисла?

Муабетот е дека таквите кои се критикувани тука играат поголема улога на социјалните мрежи од оние со газови и усни кои пецаат внимание.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.691
,,Добрата роба самата се продава,, или у превод поговорката значи дека на тоа што е квалитетно не му треба реклама и фалење.... следствено на тоа, секоја што се фотка на интернет е шкарт роба која нема купци. Тоа шкарт не се однесува само на изглед, напротив и пред се се однесува на сите останати квалитети кои треба да ги поседува а не ги поседува, вклучително и километражата, особено на километртажата.... Сега робата сака со слика, дали експлицитно или по дискретно, да истакне свои квалитети кои реално не ги поседува, па затоа ке видиш дундата ставила слика со усисани образи и испрчена писка а у реалноста е дебела со текни усни, се слика со очила и како чита книга а у реалноста прочитала дури два љубовни романи, сликала ноктите и сака да каже оти она е добро одржавана и има сервисна книшка а ако у реалноста она не иде редовно ни на гинеколог ни на стоматолог, сликала како аристократката јаде риба у ресторан а у реалноста најголем дострел и е скара на кило, сликала како се сонча у неа флогита и пие коктел а у реалноста не знае ниту да плива оти тоа и е се на се второ идење на море оти не го рачунаме и она едно во охрид оти било два дена зимно време на клецање, ставила слика од колективот на предновогодишна забава оти тоа е голем дострел во животот.... и се така со ред. И сега треба луѓето да се восхитуваат на нејзината убавина, интелект, богат и убав живот....
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
632
Поени од реакции
1.349
а овие другиве со голи газови и цицки бараат внимание и си бустаат его и се нудат на пазарот па кој доволно ќе плати, тој ќе клати
Vaka covek ko te cita moze da si pomisli deka nemash ubo mislenje za Dzenifer Koneli
 
Член од
31 јануари 2024
Мислења
270
Поени од реакции
931
Сте чуле за мајки инфлуенсерки? Споделуваат искуства за деца, фамилија, воспитување, уредување на домот... Еден куп овакви следам и некои од нив навистина ме инспирирале. Не знам зошто толкав хејт.
Кој знае како луѓето стварале семејства и уредувале домови пред социјалните мрежи. Јас понекогаш се чудам како и имале секс пред порничите.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.753
Поени од реакции
24.443
Кој знае како луѓето стварале семејства и уредувале домови пред социјалните мрежи. Јас понекогаш се чудам како и имале секс пред порничите.
Види, можеш и сам, апсолутно! Ова служи како инспирација, препораки итн. Некои од нив препорачуваат дури и книги поврзани со развој и психологија, книги кои посакувам моите родители да ги прочитале некогаш одамна, пред интернетот. :)
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.117
Поени од реакции
827
Луѓе, изгуглајте thirst traps ако не сте сигурни што се точно.
Зошто го мешате со мајки инфлуенсерки?

Thirst traps се за внимание и валидација.
Од сингл особи ми се до некаде во ред, а од особи во брак/врска ме тера да мислам дека се незадоволни со тоа што го имаат, разделени се, или се во некоја отворена врска.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.704
Поени од реакции
19.770
Кој знае како луѓето стварале семејства и уредувале домови пред социјалните мрежи. Јас понекогаш се чудам како и имале секс пред порничите.
На времето се растеле деца во заедница, биле тука и мајка и баба и пра баба, сега сами се, тазе мајки, ако има добри едукативни видеа зошто да не, наместо да се тресеш од страв што да правиш кога дете буквално нејќе ништо да јаде, има мајки кои поминале преку исто и нашле решени и многу добро го споделиле.
Туку у последно време има оние со цицките извадени демек дојат со бебе во раце… одвратно да сексуализираш подој за лајкови не знам веќе каде одиме.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.175
Поени од реакции
10.584
Види, можеш и сам, апсолутно! Ова служи како инспирација, препораки итн. Некои од нив препорачуваат дури и книги поврзани со развој и психологија, книги кои посакувам моите родители да ги прочитале некогаш одамна, пред интернетот. :)
Едноставно е убаво да слушнеш нечие друго искуство. И јас пример ги следам многу од мајките, иако не сум мајка. За деца, за домаќинство, за готвење, па и за патување.

Ама има разлика меѓу инфлуенсерки кои делуваат позитивно на мајчинството, споделуваат корисни совети и искуства и инфлуенсерки чија намера е сосем друга, па влијаат на целосно искривување на перспективата на младите.
 
Член од
12 мај 2015
Мислења
90
Поени од реакции
113
FB_IMG_1709567533416.jpg

Дали и ова се смета за thrist trap? Имено керќата на доточнава за роденденот имаше објавено слика во мини-пич и градите изваени, ама ете за несреќа ја манијачеле, ваља очекувала некој да ја покани во библиотека за книги.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.465
Поени од реакции
9.398
Имам многу блиска роднина, 18 години и тоа сега ги напуни и профилот и е таков, газови, цицки, одмори, бикини, огромна штикла, проѕирни фустани, длабоки деколтиња. Мајка и ја следи, ја лајкова дури и срциња и коментари браво срце лепота на мама и пишува.

Сега стави и неколку тетоважи, две панделки назад на нозете под гз, на цицка некој знак, рака цела, па црвени перики и привокативни пози..

Кога иде кај нас, дете. 1.50 см, дете во патичиња, детско размислување, детско понашање. Косе кратко, детско лице без шминка, абе дете детенце.

И кај да ја сместам неа и што да помислам? Се претставува во тотално поинакво издание од што е и ствара погрешна слика за себеси. А е едно повлечено срамежливо дете.
На профил пози со напучени газови и усни, танга...

Нема клиентела тоа со сигурност го тврдам, пари имаат многу и ако ја запознаеш а потоа и го видиш профилот ќе се шокираш.
Еве нека пати за внимание, ама зошто.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
431
Поени од реакции
1.510
@Хоуп можеби девојчето си има потреба да ја искуси и истражи таа страна од сопствената природа и естетика, а се чувствува позаштитено зад тастатура. Не мора одма да значи дека има врска со морал или слично.

Генерално на темава најмногу поттикната од првите мислења. Има вакви и меѓу мажи и меѓу жени.
Зошто да се праи од темава уште една од 50-те сиви нијанси на женомразие?
Исто така, се меша желба за внимание и поттик нешто убаво да се сподели како што се овие нормалниве блогови на разни теми. Јас искрено не би сакала виртуелна илузија да биде единствена мотивација за некој да пружи внимание. Кусо нека остане.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom