Всушност, може сè да се поништи, само треба власт да се има.
Тебе те прави среќен да слепо веруваш дека едноставно во теорија е изводливо сè да се поништило, или сакаш навистина во пракса договорот да се поништи?
"може сè да се поништи" е чиста популистичка фраза, која Апасиев ти ја со намера пласира на која слепо си паднал бидејќи си премногу наивен да уопште се бавиш со политика сериозно, у најдобра рака, со ова знаење можеш да бидеш навивач, како на фудбалска утакмица.
Преспанскиот договор е нелегално донесен. Прво не беше потпишан од тогашниот претседател и второ, донесен е спротивно од волјата на народот.
Преспанскиот договор е легално донесен и секоја глупост што ќе ја истрескаш само ќе индицира колку добро ти влијаела пропагандата. Не може мислење од консултативен референдум да биде пречка од формално ратификување на договор кој е изгласан во собрание од сложено мнозинство.
А кога ти е за мислењето на народот е ирелевантно поради тоа што без ДПМНЕ Преспанскиот договор на референдум ЗА го изгласаа над 36%.
Замисли си ДПМНЕ да не го бојкотираше референдумот и како што сите знаеме за партиското едноумие во државата, разумно е да заклучиш дека од ДПМНЕ никој не излегол да гласа.
Епа сеа види кое тврдокорно гласачко тело у бројка го има ДПМНЕ и пробај реално да заклучиш дури и СИТЕ или ПОЛА од нивните гласачи да гласаа НЕ, Референдумот ќе беше важечки и мнозинството ќе одлучеше дека се ЗА промена на името.
Едноставно аргументот околу тоа НАРОДОТ како што сакате популистите да се повикувате, не прави многу смисла кога ги погледнеш бројките.
ДПНЕ нема муда за тоа и нема да поништи ниту еден договор, иако се чукаа во гради дека тоа ќе го стореле за Преспанскиот
Океј, се сложуваме дека ДПМНЕ е партија без муда, кичма и нема добра политика. Така е и да, џабе се лупаа во гради, кога меѓународниот фактор ги претисна да не се трескаат од земја со нивната глупа сељачка политика.
Но, дали некогаш си се запрашал, што те тера да мислиш дека Левица не се бадијала чука во гради, па дека би имала муда да размрда меѓународни скандали со поништување договори кои државата несомнено ја имаат направено постабилна од колку што можела да биде?