Rezerviran mi e utre treba da si go zemam. Original e od Bioptron istata Firma shto gi pravi za Zeptter samo so sopstveno Logo.I kako shto gledam po oglasive drugi gi prodavaat i do 500€ . Jas Imav srejca i
taktika i doticnava Gospodja da ja simnam od 200€ na 50€
Za modelov ima ushte 5-6 stakla vo razlichna boja, ce gledam i niv da gi nabava. A imam " Pacianti" za testiranje.
Прегледај го приврзокот 408454
Blagodarenie na prashanjeto od
Ron Burgundy a i tvojot sovet dojdov do Aparatchevo shto predhodno nikogash ne sum imal prilika da go vidam.A i kako shto citam i gledam videa po internetov salam dobro chudo.
Da znaev porano "nekomu" ce mu zashtedev operacija barem po videovo podolu.
...све е во ред објаснувањето, туку ако бил толку добар апарат и лечело да речеме помогнало, не ми иде логиката Госпоѓата зошто го продала? и тоа го спуштила на 50 Е ?
Имам 28 години. 185 цм, 82 кг.Цел мој живот сум имал релативно нормален/низок притисок-100/70,105/75 итн. и никогаш не сум мерел. Се сеќавам да ми се кренал притисок 2,3 пати во животот до некаде 115,120/80 и одма сум го чуствувал-болка во глава, како отсечени нозе, тежина во граден кош. Ама ова секогаш било при нервоза да сум имал или стрес и одма се враќал во нормала за 2,3 сати. Е сега последните да речам 3 месеци имав доста стресен период со работа, во кој што сум легнувал да спијам доста касно понекогаш и во 3 сабајле и во просек спиев од прилика би рекол околку 5 сати дневно. Ни приближно не е најстресен период што сум го имал во животот(сум имал ситуации со повеќе обавези и помалку сон порано), беше тешко на почетокот, ама генерално ми се адаптира организмот.
Е сега проблемот од петокот сабајлето кога станав почнав да осеќам тежина и отсеченост во нозете, како пулсирања(штрекања) во предниот дел на вратот и зглобовите на дланката, болка во главата, како стегање кај граден кош кај левата страна. Поучен од претходни искуства се посомневав на покачен притисок и кога измерив имав 130/80. Притисокот не ми спадна по неколку сати и бев кај матичниот. Ми измери притисокот, ми напрај ЕКГ(нормален наод), ме праша дали земам некои лекарства, дали сум пушач дали пијам, дали сум имал зголемен стрес. Јас не сум пушач, ретко пијам минимално на неколку месеци, релативно здрав со секојдневна физичка активност. Ми рече дека ми е од стрес најверојатно.
Имам проблем во то што сеуште не ми е спуштен притисокот досега. Буквално откако се разбудив петокот сабајле се осеќам како срање, отсечени нозе и раце како да немам циркулација, нелагодност, ме боли главата како притисок во очите и се осеќам како ср*ње. Притисокот воопшто не пи паѓа и е цело време меѓу 120 и 130 високиот, нискиот 70 и нешто. А сабајлето денес му помагав на комшијата нешто да крениме еден товар(не беше премногу тежок) и буквално после то ко дојдов дома ми се качи 145/75 и дека сум навикнат да имам низок притисок доста лошо влијаеше на мене како да ми се стемни пред очи, морав да легнам да одморам малку.
Прашувам зошто секогаш сум имал релативно низок притисок, избегнувам пороци, водам доста здрав живот на хартија и овие дена никако не ми слегува притисокот. Знам дека е лошо да се прашува за вакви проблеми на форуми, но доколку има некој стручен на форумот да ме посоветува од што би можело да биди. И уште поважно да ме советува во врска со доктор следен чекор-да закажам на кардиолог или нешто слично?
...аууу што е ова? 130/80 било покачен притисок? или 145/75 при физичка активност кревање товар?
...тахикардија или покачен крвен притисок? што ви е на вас млади генерации, барате болести каде ги нема немате друга работа да мерите цел ден притисок што ако ве заболе глава, човекот нема биоритам, некогаш подобар некогаш полош?
...распон на ритам на срцето (срцебиење),од 50 до 180 се смета според тоа што се прави во моментот, ако на пример таа физичка активност се состои од трчање на угорница во Маврово нормално да чукањето достигне и до 170 во минута и телото го чувствува како максимум да не би „пукнало“ срцето на 180 и ќе закочи самиот, односно сред спиење ноќта во 03ч ако се измери пулсот може да биде и 45 удари во минута, односно ако поминува некој пешачки и наеднаш му се упали црвен семафор, а не внимавал оти ја здогледал симпатијата во моментот добива срцебиење (тахикардија) веднаш 130 во минута, тоа не значи дека не е нормално нешто, ако после неколку минути кога ситуацијата ќе се смири пулсот постепено се враќа на нормала!
...истото важи и со крвниот притисок, како да биде 120/70 цел ден без разлика што активности се прават и што се размислува? па нормално дека ќе се покачи, па ќе спадне све е тоа нормално, човекот не е робот па има фиксен притисок и срцев ритам во тек на цел ден?
...било кој фактор во моментот може да го покачи крвниот притисок и сама посмисла на нешто што ќе не’ изнервира ни се лачи адреналин моментално, а богами и стрес хормон кортизол во текот на денот кои нормално ќе го подигнат крвниот притисок за да се „достави “ крв до сите органи повеќе отколку во нормални ситуации да може организмот соодветно спремно да реагира!
...пример на улица иде автомобил кон некого што треба да се има пулс 50 и притисок 100 со 70 и да се биде млитав, па возилото ќе го изгази, но телото во тој момент лачи адреналин (опасност), веднаш се активираат сите рецептори за одбрана и брза реакција што бара повеќе крв и побрза работа на срцето, а со тоа и покачен крвен притисок и сето тоа е нормално, ако тој притисок и пулс после поминување на опасноста дојде до нормалата, кај некого побрзо (посебно спортисти), а кај некого поспоро.
...е сега ако периодот на поминување на опасноста, тој покачен срцев ритам и покачен крвен притисок се задржи цел ден или неколку денови, тогаш ќе сметаме дека некој орган не си ја врши работата како што треба.
...и да не должам, ти си здрав како дрен, само имаш некој страв во тебе, дали од околината или си скриен хипохондер кој со годините се истакнува повеќе.
...аман, па и да ти „заглави“ некоја функција на некој орган тоа е моментално и младиот здрав организам сам ќе си го санира, но само ако му дадеш услови за тоа, а тоа значи 8 часовен мирен сон, кога телото ги „сервисира“ и „рестартира“ сите органи кои во моменти се во мирување кога личноста спие во ноќните часови!
П.С.
...дај му сон на твоето тело, не се оптоварувај дека си болен, не планирај да идеш по специјалисти, кардиолози, имаш време за тоа во иднина кога ќе остари твоето тело, уживај во животот, ако од сега ќе влезеш во лавиринтот низ болниците, само ќе залуташ и ќе ти се влоши и психичкото, а богами и физичкото здравје, а дневното спиење да знаеш никогаш не може да биде како ноќното спиење, ниту може да го надокнади!