Во Македонската тифо сцена зачудува што Прилеп , Штип и Струмица иако поголеми градови навивачките групи се со мали бројки , поготово Штип и Струмица барем таму знам дека таму има млади и не е све иселено ...
Секоја чест на тие 20 души од Фаланга и Ајдуци што не се откажале и одат редовно , ама премалце е таа бројка за градови како Штип и Струмица , значи таму младите 80 % не се замраат со Македонски фудбал и тоа е тоа ...
Еве пример Неготино е драстично помал град од Прилеп , Штип и Струмица и Винари оваа сезона вадат поголема бројка од Фаланга и Ајдуци што е за почит, за Мајмуни не ни коментирам бидејки повремено се собираат на домашни утакмици а на гости не навиваат , така да срамота за град како Прилеп ..
Кавадарци исто е помал град од Штип и Струмица па Лозари вадат поголема бројка ..
Војводи Тетово незнам од кои причини ги нема после зимскава пауза ..
Јасно е дека многу нешта зависат и од моменталната позиција на самиот клуб , ама горе доле тие се бројките ...