Никогаш нема да разберам што е тоа кај македонскиот народ што не се сака сам со себе, жими се мислам дека никогаш не сум почуствувал љубов од некој Македонец кога ќе сретнеш тука или кој веќе го знаеш, сум запознал еден куп нации и кај многу сум видел еден тон негативни особини ама кај никого омраза сами кон себе. За Макоденец животот сум го давал тука за икс работи ама никогаш не сум добил за возрат братска љубов, колку повеќе гледаш да имаш некоја топла и братска заедница добиваш само нож у грб и некоја омраза онака само зошто сакаш да живееш со него човечки од душа. Да не зборам колку пак си ја мразиме државотворноста, дома имам закачено знаме со еден македонски историски симбол кој мене и на брат ми ни е баш мил, ама секој еден Македонец кој влегол не рекол браво дечки, баш убаво така и треба, напротив скоро секој прокоментирал, абе што си ставил ова, вади го ти го грдее станот, итн. Други нации што влегувале рандом знаеле да го пофалат потегот, но не и нашите. Никогаш нема да можам да си го објаснам овој момент зошто е таков мојот народ.