Моментот во Собранието од говорница кога спомна Заев за некаков дил? Да, ми ткенува.
Океј, а зошто мислиш дека само ДПМНЕ го има ексклузивното право да биде опозиција? Еве, зошто од ДПМНЕ на пример не се откажат од изборите, да не достават листи со кандидати и да повикаат да се гласа за Левица за да не се "ситни отпорот"?
СДС се веќе размонтирани, а Левица и ДПМНЕ црпат гласови од исти базен, од опозициските анти-владини настроени гласачи. Затоа е битката меѓу Левица и ДПМНЕ.
Можеби не е убаво тоа (разводнувањето на гласовите) во битката за симнување од власт на СДС и ДУИ, ама ова е факт кој се знаеше уште од пред години дека ќе се случи и дека токму вакви ќе бидат односите меѓу Левица и ДПМНЕ пред наредните парламентарни избори. Сигурен сум и дека раководството на ДПМНЕ тоа го знаело, дека ако не одат со заеднички листи, тогаш сигурно нема љубов да си изразуваат Апасиев и Мицкоски во предизборието.
Мицкоски има машинерија зад него, партија со неколку стотици илјади загарантирани гласови, Апасиев го нема тоа. Ако не е остар на јазикот Апасиев, тогаш ќе треба да се задоволат со 2-3 пратеника. Вака, ќе атакуваат на 10ина и да бидат фактор за составување на влада.