Политички случувања во Израел

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Пак ли треба да го постирам Биби како вика дека треба да продлжат да го финансираат Хамас?

Пичлеме :LOL:
Не, пушти го тој докторот што тресе зелени, да се посмееме малце. Или тој законот во САД што се подразбира дека е за Израел.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Или тој законот во САД што се подразбира дека е за Израел.
Се испичка во другана тема да дадеш одговор што е БДС и зошто има анти-БДС закон кој го крши уставот на САД и сега тука најде глупости да трескаш? :pos:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.717
Поени од реакции
33.954
Според ова претоставувам дека за тебе нема знак на еднаквост помеѓу тие што го водат Израел во моментов и Евреите.
Колку што има еднаквост меѓу тие што ги управуваат САД и Американците.
Всушност истите луѓе се со тие што го водат Израел, а иста е и поентата. Обичните луѓе се контролирани и управувани од елитата/олигархијата... Но да се потсетиме, истото важеше и за Германците и Нацистите (пред и за време на ВСВ). Истото важи и за Германците и либералите/разбудените денес во Германија. Истото важи насекаде, од Авганистан до Зимбабве.

Се додека во повеќето држави не преовладуваат едуцирани писмени луѓе, како опшество и како вид осудени сме историјата да ни се повторува: Невредна елита на врв на хиерархијата, клептократи кои ниту малку не работат за добробит на видот. Напротив, тие се спремни и да го ризикуваат уништување на видот само за малку да ги подобрат шансите да останат на врвот на хиерархијата.
Ова било вака отсекогаш, но никогаш досега како вид не сме биле толку блиску до самоуништување од тие причини.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.717
Поени од реакции
33.954
Една работа само да посочам @jamajka (фер е да те тагнам пошто едитирам).
Следење авторитети (и се што произлегува последично), тоа е еволутивна карактеристика на видот. Прочитај го некогаш „Себичниот Ген“ од Докинс за повеќе окулу ова... Се разбира, ако те интересира. А ова што се случува во Палестина не е ни ново ни последно од таков вид. Но никогаш досега лицемерието на елитата не било толку очигледно и јавно покажано. И сепак многумина ги има што навиваат за едната или другата страна од ретардирани (медиумски наметнати) причини и тука без навреда, погледај се малку и самиот себе.
Како и да е сега веќе навистина дефакто и дејуре длабоко завлегуваме во орвеловски тип на дистопија. Навистина, страв ми е и да помислам какви се социјален инжинеринг срања ни следат ако овие сегашни западни робер барони, останат уште долго на позициите. Како никогаш досега ни треба ресетирање (само не оној „ресет“ за кој трубат „фолијашите“).
 
Едно прашање што нормално произлегува од овој муабет е дали не ти сметаат тие што ставаат знак на еднаквост? Ок ајде и да преформулираме прашање да биде поконкретно, дали не ти сметаат тие од твојата толпа што ставаат знак на еднаквост?

Ќе речеш дека е нерелевантно прашањето, но ќе те подсетам, во Југославија имало агитпроповци и провокатори, кои се уфрлале во протести кои имале сосема релевантни барање и ради нивните пароли многу луѓе биле генерализирани и маргинализирани од општеството, ако не и уапсени. Е сега Америчката пропаганда штанца такви агитпроповци и провокатори и без они да се свесни, за истата цел.

Нели е глупо сите муабети за подршка на Израел да ги започнуваш со правдање како ти не повикуваш на геноцид на Евреите и како ти не ставаш знак на еднаквост помеѓу Биби и Евреите и така да се развлекува темата до бескрај со докажување и наместо муабетот да биде геноцидот на Израел, да се збори за Еврејството на Илон Маск и законот во САД за заклетва на Израел, Хазарите, Еврејството на Сталин и така натака.... Е, ако се образовани правилно тие самоуки агитпроповци, попут оној докторот што беше постиран на темава све ќе имаше поинаков тек. Чисто за да разбереш чија пропаганда следат. Дали ми ја сваќаш поентата?

Околу ова имам пишувано доста по темиве, но имам и една тема отворено во филозофија, кај што давам осврт на девалвирањето на демократијата (и идеологиите воопшто) и лицемерието на елитите. И таму ми е добро објаснето зошто го застапувам националистичкиот став.

Јас во овој конфликт не навивам за никој, генерално ги сметам и двете страни за криви, а конкретно геноцидот што се случува го сметам за круцијална, а можеби и егзистенцијална грешка на моменталниот Израелски политички врв (еден Бенин имал далеку попаметна политика од Биби). Што се однесува до конкретните страни имам симпатии кон Евреите наспроти Хамас, но не наспроти Палестинците. И симпатиите не се однесуваат на самата Израелска држава и на начинот на којшто ја практицираат, туку на прагматичноста можеби и како солиден рол модел на наддржавната организација што ја имаат во улога на поддршка на Еврејската држава, преклопување на националните и личните интереси и така натака. Моите ставови не се меидумски наметнати, речиси и да не користам медиуми имам доста познаници насекаде во светот, па така и во Израел, па и Евреи во Русија и Америка и претежно знам како размислуваат, кој е трендот и накаде ги води пропагандата.

Што се однесува до промената(ресетот), генерално јас тука сум доста скептичен дека човештвото ќе се смени во глобала, туку само ќе се заменат страните (а зошто, тоа исто го имам објаснето на темата). Пошто сметам дека секоја идеологија е подлежна со времето на догматизација и злоупотреба. Но сепак сметам дека промената би ни донела подобра позиција како народ, па затоа и навивам за таа промена. Тоа што сега се случува во Украина е нешто што сметам дека е дел од таа промена, а тоа што се дешава во Израел е шум, што сакајќи или несакајќи иде во корист на таа промена.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.717
Поени од реакции
33.954
Јас под „ресет“ мислам на расчистување со олигархијата/елитата.
Тоа што нам Македонците сето тоа ни одговара и од други причини, тоа е бонус.

Јас во овој конфликт не навивам за никој, генерално ги сметам и двете страни за криви, а конкретно геноцидот што се случува го сметам за круцијална, а можеби и егзистенцијална грешка на моменталниот Израелски политички врв (еден Бенин имал далеку попаметна политика од Биби). Што се однесува до конкретните страни имам симпатии кон Евреите наспроти Хамас, но не наспроти Палестинците. И симпатиите не се однесуваат на самата Израелска држава и на начинот на којшто ја практицираат, туку на прагматичноста можеби и како солиден рол модел на наддржавната организација што ја имаат во улога на поддршка на Еврејската држава, преклопување на националните и личните интереси и така натака. Моите ставови не се меидумски наметнати, речиси и да не користам медиуми имам доста познаници насекаде во светот, па така и во Израел, па и Евреи во Русија и Америка и претежно знам како размислуваат, кој е трендот и накаде ги води пропагандата.
Воопшто не делуваш баш објективно, барем не мене.
Второ, и после сите муабети (за хиерархијата на власт) ти сеуште дискутираш за израелските политичари како за планери и двигатели на сегашните случувања и настани (војната и се окулу неа).

Националните интереси на Евреите треба да бидат преживување и интеграција во регионот. Со милитарзација и антагонизам само ги извршуваат задачите на нивните прогенитори (еврејската/западната олигархија). Без грбот (САД), Израел нема долго да издржи во регионот, па сеедно какво оружје има. Тоа сме го зборувале веќе. Тоа другото за Хамас како ентитет кој е било што друго освен марионета и straw man, и тоа сме го зборувале. Тоа за Палестинците - баш и не покажуваш некоја емпатија, освен декларативна про форма.

Сето ова е мое субјективно видување.
Автоматски споено мислење:

Едно прашање што нормално произлегува од овој муабет е дали не ти сметаат тие што ставаат знак на еднаквост? Ок ајде и да преформулираме прашање да биде поконкретно, дали не ти сметаат тие од твојата толпа што ставаат знак на еднаквост?

Ќе речеш дека е нерелевантно прашањето, но ќе те подсетам, во Југославија имало агитпроповци и провокатори, кои се уфрлале во протести кои имале сосема релевантни барање и ради нивните пароли многу луѓе биле генерализирани и маргинализирани од општеството, ако не и уапсени. Е сега Америчката пропаганда штанца такви агитпроповци и провокатори и без они да се свесни, за истата цел.

Нели е глупо сите муабети за подршка на Израел да ги започнуваш со правдање како ти не повикуваш на геноцид на Евреите и како ти не ставаш знак на еднаквост помеѓу Биби и Евреите и така да се развлекува темата до бескрај со докажување и наместо муабетот да биде геноцидот на Израел, да се збори за Еврејството на Илон Маск и законот во САД за заклетва на Израел, Хазарите, Еврејството на Сталин и така натака.... Е, ако се образовани правилно тие самоуки агитпроповци, попут оној докторот што беше постиран на темава све ќе имаше поинаков тек. Чисто за да разбереш чија пропаганда следат. Дали ми ја сваќаш поентата?
Па сега искрено ако имаш теза дека америчка агенда е антиизраелска пропаганда, тогаш признавам дека ме затече неподготвен. :)
Најпосле поголемиот дел од активните дискутанти овде имаат изграден став за случувањата, па настрана нивните лични ставови за Евреите како ентитет. Не можат сите да бидат космополити во свет каде во жижата на целиот денешен антиевропски социјален инжинеринг, мнозинството извршители се од еврејска припадност. Се разбира дека сите Евреи не работат на тоа, ниту дека се свесни за тоа на интелектуално ниво... Но тоа не ја менува реалноста дека мнозинството од сите тие водечки функции на разни групации, невладини организации, почнувајќи од Сорос па до најдолните војничиња - се Евреи.

Кај повеќето кои еднаш успеваат да ја согледаат реалноста за ова, преминот од просечен нуб кој има испран мозок од пропагандата во попкултурата и филмовите како Шиндлеровата Листа - тој премин во реалноста потоа не носи некои посебни симпатии кон Евреите општо. Напротив. Голем од луѓево овде се свесни дека 80+ години после ВСВ гледаме 100% филмови за ~мал процент~ од жртвите во ВСВ. Словените кои биле најголемите страдалници, нив кој ги eбe. Сега кога потомците на истите тие Евреи дефакто се мнозинство меѓу извршителите на разнебитувањето на Европа... Тебе навистина те чуди антиеврејското расположение?
Најпосле како што Германците беа критикувани за недоволно спротиставување кон фашизмот, и следствено како резултат го изеле подебелиот крај од стапот (без разлика што реално и не можеле многу да направат, а не е и дека немало обиди за отпор и атантати на Хитлер). Така сега и Евреите генерално не се спротиставуваат многу на фашизмот кој нивната држава го практикува кон Палестинците, и не само фашизам туку и геноцид и етничко чистење. Баш како што тоа врз нив било направено во ВСВ.

Од тој историски аспект гледано, зарем сметаш дека е чудно што ако не успее гамбитот на елитата/олигархијата - дека подебелиот крај од стапот ќе го изеде обичниот народ во Израел? Пошто за жал, како што стојат работите дури и ако на краток рок го добијат овој гамбит - на долг рок губат, затоа што на долг рок Пакс Американа иде надолу (или и не толку долг рок). А кога Пакс Американа ќе отиде надолу, Израел ќе отиде најдолу.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Па сега искрено ако имаш теза дека америчка агенда е антиизраелска пропаганда, тогаш признавам дека ме затече неподготвен. :)
Најпосле поголемиот дел од активните дискутанти овде имаат изграден став за случувањата, па настрана нивните лични ставови за Евреите како ентитет. Не можат сите да бидат космополити во свет каде во жижата на целиот денешен антиевропски социјален инжинеринг, мнозинството извршители се од еврејска припадност. Се разбира дека сите Евреи не работат на тоа, ниту дека се свесни за тоа на интелектуално ниво... Но тоа не ја менува реалноста дека мнозинството од сите тие водечки функции на разни групации, невладини организации, почнувајќи од Сорос па до најдолните војничиња - се Евреи.
Види, не ја разбираш поентата на пропагандата што сакам да ја доловам, пошто не го сваќаш така убаво нацртано тоа што ти го кажувам. Може незнам да ја објаснам доволно јасно, но ОК ни прв ни последен. Но генерално, кога правам муабет, сакам да расчистам со небулозите кои се отвараат од другата страна, па макар биле и од луѓе кои се во мојот табор. Јас не сум демократ од причини што сум ги навел тука многу пати и сметам дека сепак групација со неколку паметни луѓе со здрави идеи, вреди многу повеќе од иљадници овци налиени од пропаганда. А една групација на паметни луѓе, инфектирана со една таква овца, станува групација на овци. Па така колку и да не сакаш ти си сега на истата страна со фолијашите и со оние кои ставаат знак на еднаквосто помеѓу народот и власта и секој муабет со некој од другата страна ќе ти почнува со истите муабети, додека на крајот ќе се најдеш дека се зборува за све друго од еврејството на Сталин, преку релевантноста на Холокаустот, па се до Хазарите. Значи све, освен за тоа што се случува.

Јас можам само толку да ви дадам, а да зборам на тема каде што ради моите ставови ќе ме стават во група на луѓе кои изедначуваат влада што врши геноцид со обичен народ, тоа нема да се случи, тоа не го очекувај од ниеден разумен човек, додека не се едуцираат тие што дискутираат (а немаат воља). А гледам и ти немаш воља јасно да се оградиш од таквите луѓе (само политички го заобиколуваш одговорот) околу тебе и со тоа на некој начин го охрабруваш тој став, па така да терај си, може еден ден ќе сватиш (ако ти дозволи гордоста) кога ќе ти помине еуфоријата. Само да те предупредам, 100 будали нема да ти заменат 1 паметен. Пошто ете, пропагандата (што ти ја објаснував) ме заќути мене, дали сум паметен или сум глуп, сам одлучи си, јас немам потреба да го докажувам мојот разум, поготово не на форум. Тука некаде завршува мојот неуспешен обид за едуација.
 
Што точно ти е тезата, јасно и концизно кажано? Во две три реченици, и без непотребни дигресии и разводнувања (кои канат дигресии кои потоа водат неразбирање).
Јас ти кажав кои се моите видувања што се случува, и што сметам дека ќе се случува. Ништо помалку и ништо повеќе, и ништо не можам да направам ако ти од тоа после проектираш некои свои видувања кои прашање е дали макар и лабаво се поврзани со почетната теза која ја дискутираш.
 
Читај ме бе Ванлок, јас тебе те читам целосно, ова е навреда за мене поготово што толку време трошам за обемни пишувања специјално за тебе, а ти да не приметиш нешто што го објаснувам нашироко. Но еве на пример прееска бев надвор и чекав да дојдам дома да те прочитам добро пред да ти одговорам. Не ме терај да се повторувам. Неможе комплексен пропаганден процес да се објасни тек така едноставно во две реченици. Тезата ми е дека луѓето за коишто зборам се таргетирани (Со разни теории на заговор во случајов Хамас, потоа Ресет, Хазари Мазари) од америчката пропагандна машинерија да тропаат глупости за да се девалвира и заќути здравата мисла. Во тие глупости што ги тропаат има доста и вистина, ама има и глупости кои ги одалечуваат разумните луѓе. Тој докторот што го постираше шпигл е жив пример за тоа. Човекот има добра намера, ама она што го кажува ко Мосад да му го има спремено, за да се обрука. Симплифицирано до цртан филм, без никаква реална основа. Ако мислиш дека треба да терате со приказната Хамас е чедо на Израел, рака под рака со луѓе кои изедначуваат државна политика со народ подложен на пропаганда. Ок терајте.
 
Не бе друже, се разбира дека те читам 100% - ама ти кажувам дека не си кохерентен во мислите. Те канам да кажеш јасна мисла која нема да води во десет и повеќе дигресии. Пошто пробав и овде и на други дискусии да ги процесирам сите одделни дигресии и точно разбрав дека тоа никаде не води... Или барем не до конклузија на оригиналниот муабет.

Тезата ми е дека луѓето за коишто зборам се таргетирани (Со разни теории на заговор во случајов Хамас, потоа Ресет, Хазари Мазари) од америчката пропагандна машинерија да тропаат глупости за да се девалвира и заќути здравата мисла. Во тие глупости што ги тропаат има доста и вистина, ама има и глупости кои ги одалечуваат разумните луѓе. Тој докторот што го постираше шпигл е жив пример за тоа. Човекот има добра намера, ама она што го кажува ко Мосад да му го има спремено, за да се обрука. Симплифицирано до цртан филм, без никаква реална основа. Ако мислиш дека треба да терате со приказната Хамас е чедо на Израел, рака под рака со луѓе кои изедначуваат државна политика со народ подложен на пропаганда. Ок терајте.
Тука веднаш ќе кажам дека не ве читав детално, скимам додека не дојдам до нов дел/аспект но такво нешто не видов а „докторот“ не поминал на повеќе од базична перцепција па не сум запамтил. Буквално не знам за кој случај зборуваш, ама не ги спорам методите на „теорија на завера“ на ЦИA и дипстеj структурите. Навистина небитно затоа што одамна е елаборирано сето тоа... Но ќе се навратам за Хамас.

Скроз нема поента таа тунелска визија чиво чедо бил Хамас. Ниту е битно. Тоа што е важно е дека Хамас дефакто одработи против палестинските интереси. По чии инструкции, дали израелски или за тие кои стојат позади Израел, или комбинации од двете - не знам. Но очигледно е дека сето ова е на штета на Палестинците. Ако се вмеша трета страна (како што се надеваат) може да има нуклеарна војна а послебно они ќе наeбат. Ако не се вмеша трета страна секако наебуваат пошто „меѓународните“ институции се киднапирани од САД и освен метафоричките тапшања по рачиња Израел немаат никакви реални реперкусии од овој јавен и невидено досега публициран геноцид и етничко чистење кои се пренесувани 24/7 во живо пред очите на светот. Теоретски Израел може да се заебат само ако војнава се одвлече толку долго да падне западната контрола врз „меѓународните“ институции. Па и тогаш не би се заебале нешто посебно. Во тој случај Палестинците би биле уште долго уништувани во војна и пак на крај ништо не би добиле освен завршувањето и самиот крај на војната.

Така да како и да завртиш, Палестинците се заебани, Израел може многу да добијат а нема да имаат никакви последици (или барем не се додека САД се Пакс Американа а потоа ќе имаат последици и вака и онака).

Значи Палестинците заебани, Израел во историска шанса да ја исчистат Палестина од Палестинците... А сето тоа го почна Хамас.
Па не знам, ајде ти кажи ми за кој одработуваат Хамас. И пред да објасниш уште еднаш дека Хамас не го прават тоа затоа што се под контрола на Израел или со намера да им помогнат на Израел, преходно погледај во речник дефиниција за корисни идиоти... Пошто знаеш, не се лажирани сите тие израелски изјави дека Хамас мора да биде поддржан и да дојде на власт по секоја цена. Израелците многу добро знаат дека наместо со такви како Јасер Арафат многу полесно е да се справиш со куп неписмени кољачи кои може да се манипулираат да бидат корисни идиоти.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Палестинското движење пред Хамас да го узурпира со помош на западот и Израел се залага за две држави, а тоа не му одговара на Израел. Секуларните и социјалистичките движења за слободна Палестина се уништени за радикални исламисти да дојдат на власт.

Премиерот на Израел (Нетанјаху) самиот си кажува јавно пред неговите сопартијци дека треба да продолжат да го поддржуваат Хамас во Газа и Западен Брег бидејќи и Хамас е против решението со две држави. И бидејќи Хамас е против две држави значи се залагаат за истребување на Израелците, истото што и Израелците сакаат да им го направат, и го прават со декади на Палестинците.
Хамас вика "From the river to the see Palestine must be free" и Биби вика "From the River to the Sea".

Со Хамас на чело на палестинското движење Израел добива carte blanche да прави што сака во Газа и Западен Брег бидејќи секогаш може да покаже со прст и да рече - ете во чартерот им стој дека Израел треба да се уништи, ние само се браниме.

‘Buying Quiet’: Inside the Israeli Plan That Propped Up Hamas

For years, the Qatari government had been sending millions of dollars a month into the Gaza Strip — money that helped prop up the Hamas government there. Prime Minister Benjamin Netanyahu of Israel not only tolerated those payments, he had encouraged them.

During his meetings in September with the Qatari officials, according to several people familiar with the secret discussions, the Mossad chief, David Barnea, was asked a question that had not been on the agenda: Did Israel want the payments to continue?
Mr. Netanyahu’s government had recently decided to continue the policy, so Mr. Barnea said yes. The Israeli government still welcomed the money from Doha.

Allowing the payments — billions of dollars over roughly a decade — was a gamble by Mr. Netanyahu that a steady flow of money would maintain peace in Gaza, the eventual launching point of the Oct. 7 attacks, and keep Hamas focused on governing, not fighting.
As far back as December 2012, Mr. Netanyahu told the prominent Israeli journalist Dan Margalit that it was important to keep Hamas strong, as a counterweight to the Palestinian Authority in the West Bank. Mr. Margalit, in an interview, said that Mr. Netanyahu told him that having two strong rivals, including Hamas, would lessen pressure on him to negotiate toward a Palestinian state.
Times of Israel пишува:

For years, Netanyahu propped up Hamas. Now it’s blown up in our faces

Си играа со оган, створија Голем кој мислеа дека можат да го контролираат и сега не само што се изгореа него можат се да изгубат само затоа што не можат да се помират со фактот дека треба да ги остават Палестинците на раат, а не 100 години да ги малтретираат и бркаат од нивните домови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom