Имам. Дури и со Украинка имам одено. Т.е мешан брак беше, од на татко и страната беа Руси. Нејсе, со генерации живееа во Одеса, па може како Украинци да ги сметаш.
Имаме правено муабет на темава и со неа, со пријатели нејзини, и со родителите нејзини, баш со татко и правев муабет. Значи, сите од нив се чувствуваа блиски со русите, буквално како да се еден (сроден) народ. Сите имаа роднини во Русија или нешто ги спојуваше. Сите збореа руски. Ова зборам пред војната, 2018/9, тој период.
Имаше разлика единствено во политичките убедувања и гледање на стварите. Старите, секако по конзервативно гледаа на нештата. Младите беа по отворени кон либерална политика, воук и такви работи, ама далеку, далеку од тоа ние што сме. Пак држеа некоја традиционалност повеќе од нашава младина.
Она што сите го зборуваа беше разочарувањето од владата таму, стандардот и животот се на се. Разликата беше што младите гледаа повеќе спас во ЕУ, а старите имаа некоја носталгија кон СССР времињата. И ги вртеа истите муабети како овде, дека од ЕУ аир нема да видат, и ништо нема да се смени.
Од денешна гледна точка, се гледа дека младите беа жедни пренесени преку вода.
Сепак, ставот на сите беше дека не сакаат војна, се плашеа да не дојде до тоа, и не ја гледаат Русија за непријател, напротив, луѓето беа многу поврзани меѓу себе.
Е сега не знам во Лвов како било, не познавам никој од таму.