Значи него не го ни спомнуваме во приказната што ја убил од тепање којзнае колку години, ја малтретирал и психички, битното е само дека наивна и глупа била? Не ја земај, ама емпатијата кај ти е?
Не се работи тука за мене? Дали имам емпатија или немам, моите блиски знаат…
Објективно си правиме муабет. Еве замисли, ако си социјален работник, вакви работи ќе слушаш десетици секој ден!
А објективно, јас или ти не можеме да знаеме ако на партнерот му мрда опашката. Така?
Може дечко/девојка со години да ти биде, и да не знаеш за таа склоност.
Ама да не знаеш дека некој бил агресивен
Е тоа е епска глупоќа!! Или и одговарало на младата госпоѓица бед бој у младоста, што ете одвреме-навреме знаел да ја фати за коса…
Па сега на 40 и кусур со две деца за гледање, аман заман не се трпи веќе…
Па и нека биде и помлада и без деца!
Зошто некој е должен да управа така психички оштетена личност?
Мислам има должни и платени за тоа, ама тие не се потенцијални партнери, туку психијатри ги викаат кај нас у село