Koj ti kazal deka cenata na gradenje po m2 ja odreduva finalnata cena?
Младиќу,
во пазарната економија, постои понуда на производи и услуги. Нивната цена се одредува според вкупните пресметани трошоци за/по единица производ, плус заработката (не го земам во превид данокот), која нели, треба да се оствари од продажбата на производот односно извршената услуга.
Цените од становите во „нашата земјата„ се одредуваат...како?
Еве како:
- градам и продавам „м2„ според тоа колку сакам да заработам (како инвеститор), а сакам „што повеќе“.
- цената ја одредувам јас, како инвеститор, ме боли qr дали е висока-кој сака и има пари, нека купи.
- објектите се изведени од бетон, тула и гипс-картон; купците нека се каат, откако ќе ми ги дадат парите.
- додека има „побарувачка„ на станови, како инвеститор, ќе ги “пумпам„ цените до бесвест.
- во цената од станот, треба да има „и за тате, и за бате„. Затоа се појавија ликови, кои се „комшии со цела населба„.
- „севернава„ влезе во ОТАН, што значи ќе има прилив на пари „од надвор„, така да цените можат бесконечно да дивеат (нагоре, секако).
Имало „понуда-побарувачка„ на станови?...Како да не!...
Познато е дека само во Шкуп веќе има 30 000 празни станови, а станбени објеки се градат на секое тревник.
Логика?...Каде?...Во „нашата земјата„ пазарната логика одамна е отселена....