Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    761
Ne znam zaso mislite deka Slavjansk i Kramatorsk kje padnat polesno od ova. Ja mislam deka kje bide dosta potesko.
Не се работи за мислење туку за посакуван развој.

Инаку и твоето мислење дека Краматорск и Славјанск ќе бидат потешко ослободени (ослободени затоа што според уставот на РФ се дел на Руската Федерација) е исто така само желботека.
За да се знае колку лесно-тешко би биле ослободени потребно е барем малку сознанија за бројот на воени ефективи како и за големината на утврдувања дали се исти како и во Авдеевка. За Авдеевка се гоивореше дека има прилично јако утврдување кое се градеше уште од 2014 се говори дека зидовите на бункери и другите објекти биле до 2 метри и тоа со армиран бетон.
На крајот падна така што им влегоа преку цевковод и ја срушија одбраната.

А тоа дека ќе се ослободат и Краматорски и Славјанск не се сомневам, исто како и Одеса и Харков.
Нивното ослободување единствено може да биде одложено за подоцна само до колку ОТАНовци влезат во поранешна Украина, додека не сватат дека можат да влезат само нема да излезат.

После вакви дејствија станува јасно дека единствено денацификација е излезот.
 
Те цитирам само за да кажам дека поинаку гледам на Бахмут - во Бахмут Украина ги потроши бесцелно најдобрите единици наместо да ги чува за офанзивата во 2023 како и потоа кога Сирски продолжи да зема од тие резерви за неговата офанзива да го заземе Бахмут додека течеше офанзивата на југот од државата.

Во Бахмут РСВФ ја исцица ВСУ, самите украински коментатори кажуваа дека таму Украина ги изгуби најдобрите додека Русија изгуби осуденици/криминалци.

Генерално за текот на војната; Русија има најголеми загуби во првите месеци кога јуришаше, сметам дека и сега би можеле да јуришаат но не сакаат да имаат големи загуби како тогаш, веројатно си направиле математика дека вака им е подобра стратегијата.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Најдов мапа на која се исцртани териториите заземени од РФ во 2024, околу 1000км2.

GGnjR3NXQAA_F2R

Дискутабилно е тоа, и јас немам доволно детали за такви заклучоци. Украинската страна имаше и свои причини да остане таму зашто убиваше купишта и купишта Руси. Не гледам како Бахмут нешто смени. Ниту Русија го искористи тоа, а ако Украина порано се повлечеше од таму мислам дека немаше да игра некаква голема улога во украинската офанзива. Единствена нешто што можеше да направи разлика во таа офанзива е ако Украина имаше воздушна супериорност. Што и да имаа копнено против спремна одбрана, немаше нешто многу да смени.
Автоматски споено мислење:

Epa radi toa da ne bide Moskva lesno gagjana od Otan se desi toa sto se desi

Што се деси? Заканата не е неутрализирана, и не изгледа дека ќе е неутрализирана во скоро време. Напротив, Украина е поопасна од кога и да било.
 
Ако така се надевале, ондак се тешки аматери. Сепак седмо одделенци не ја водат надворешната политика на Русија. Они се надеваа на брза воена победа па после преговарање, ама не очекуваа дека украинците толку голем отпор ќе пружат и не знаеја дека руската армија е толку скапана од внатре.

Од овој сон мора да се разбудите. Крајно време е.

Им рокаат воени аеродроми и им уништуваат стратешки бомбардери длабоко на руска територија, им потонуваат бродови во руски пристаништа, Белгород сто пати до сега беше рекетиран, неколку пати и Москва беше погодена со дронови па еден експлодираше и над Кремљ. И тоа како се води на нивна територија.
За дел од работиве во право си. Јас мислам дека блефираат дека поседуваат нуклеарно оружје.

Ке ти дадам пример. САД во втората светска војна за да спасат животи на амерички војници фрлија атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки.

Јас мислам дека САД треба да и дадат на Украина нуклеарно оружје, па директно да ја гаѓа Москва, доста се заебаваат со ситни провокации.
 
Не сум ја ако не те насмее нема кој. :kafence: Два дена у земја пропадна па реши да се упали

Тоа правам ја ко тебе, седам во детска и кликам refresh да видам форумов коа ќе се врати да дркам со другарчињата.
 
Тоа правам ја ко тебе, седам во детска и кликам refresh да видам форумов коа ќе се врати да дркам со другарчињата.

Ај сеа признај го јадевте стапот поштено. Ниеден авион и брод не те вади.
 
Ај сеа признај го јадевте стапот поштено. Ниеден авион и брод не те вади.

Кој кооперациски муабет :pos:

Така е Рон, го јадевме. Топ не ве бие, ете во името на украинскиот народ пуштам рака :D
 
Дискутабилно е тоа, и јас немам доволно детали за такви заклучоци. Украинската страна имаше и свои причини да остане таму зашто убиваше купишта и купишта Руси. Не гледам како Бахмут нешто смени. Ниту Русија го искористи тоа, а ако Украина порано се повлечеше од таму мислам дека немаше да игра некаква голема улога во украинската офанзива. Единствена нешто што можеше да направи разлика во таа офанзива е ако Украина имаше воздушна супериорност. Што и да имаа копнено против спремна одбрана, немаше нешто многу да смени.

Според Вашингтон Пост, американското МО ја советувало украинската страна да се фокусира на една точка на напаѓање - кај Роботине, да се заземе селото за 2 дена, да се заземе Токмак за околу 2 седмици и да се напредува до Мелитопол и брегот со Азовското Море. ВСУ се решава за 3 точки на пробив, една од нив е Бахмут. Јас мислам дека тоа им е сосема непотребно трошење на резерви и западно оружје бидејќи и да го заземеа градот, тоа немаше да ја смени војната многу а да го прекинат копнениот мост на РФ, тоа е стратегиска победа на Украина која ќе влијае повеќе од харковската и херсонската офанзива заедно.

Да, лесно е сега да сме генерали, мислам дека ни Русите не очекуваа дека толку добро ќе се одбранат/толку лошо Украинците ќе оплескаат, али пак мислам дека повеќе држи вода дека подобро ќе беше да се фокусираат на една или две точки.

Патем, голем дел на лошата репутацијата на Сирски и надимакот "200" е оттука, бидејќи не отстапуваше од Бахмут по никоја цена иако веќе се гледаше крајот.
 
Последно уредено:
Се

Кога направи инвазија, очекуваше дека ќе се бори против режимот на Украина, не против САД и нејзините кучки НАТО и ЕУ.

Овој начин му е подобар, место да направија окупација па да војува герилски битки каде ќе изгуби, вака САД потенцијалните герилци им ги праќаат како регуларна војска.

Имаат воени капацитети да ја окупираат цела Украина, но сеуште чекаат да видат до кај ќе идат работите, откако САД ќе ги истрошат украинците, можеби НАТО војници во украински униформи ќе пратат. Можеби и ќе и објават војна на Русија.

У секој случај у добра положба се, војната сеуште се води надвор од нивната држава и сеуште не е директна со САД.
I ti od eden priucen Kuvar barash voena strategija da znae pa i da diskutira???
Daj zhiti gospod! Ne sakam nikogo da navreduvam ama sekoj bi trebalo da si znae kade mu e mestoto.

A ako ne razbirash togash slushaj shto velat tie shto razbiraat. Kako na primer USA.
A tie se shto ce kazhat e vo realnost odnopaku.
Taka da nivnite kazhuvanja citaj gi na Ogledalo i ja imash vistinata.
 
Имаат воени капацитети да ја окупираат цела Украина, но сеуште чекаат да видат до кај ќе идат работите, откако САД ќе ги истрошат украинците, можеби НАТО војници во украински униформи ќе пратат. Можеби и ќе и објават војна на Русија.
Вака неутрално, сум ОТАН веднага да испрати контингенти во поранешна Украина а во први редови да бидат Северџганите најновите корисни идиоти на ОТАН.
 
Според Вашингтон Пост, американското МО ја советувало украинската страна да се фокусира на една точка на напаѓање - кај Роботине, да се заземе селото за 2 дена, да се заземе Токмак за околу 2 седмици и да се напредува до Мелитопол и брегот со Азовското Море. ВСУ се решава за 3 точки на пробив, една од нив е Бахмут. Јас мислам дека тоа им е сосема непотребно трошење на резерви и западно оружје бидејќи и да го заземеа градот, тоа немаше да ја смени војната многу а да го прекинат копнениот мост на РФ, тоа е стратегиска победа на Украина која ќе влијае повеќе од харковската и херсонската офанзива заедно.

Да, лесно е сега да сме генерали, мислам дека ни Русите не очекуваа дека толку добро ќе се одбранат/толку лошо Украинците ќе оплескаат, али пак мислам дека повеќе држи вода дека подобро ќе беше да се фокусираат на една или две точки.

Патем, голем дел на лошата репутацијата на Сирски и надимакот "200" е оттука, бидејќи не отстапуваше од Бахмут по никоја цена иако веќе се гледаше крајот.

Од нивната офанзива стана очигледно дека против добро утврден противник е многу тешко да се скрши без воздушна супериорност. Можеа да праат тури претури на војска ваму или таму ама не верувам дека многу ќе се сменеше ситуацијата на терен. Барем не стратешки значајно. Харков беше изненадување, кај Херсон Русија беше многу ограничена поради што зависеше од два моста за снабдување кои беа подложни на ракетни напади. Запорожје е веќе друга работа.

Истата приказна е и за Русија. Имаат лимитирано воздушно дејствување единствено на самиот фронт, затоа и нивните напредувања траат толку споро и чинат толку скапо во животи и опрема.

Stalemate е моменталната ситуација и воено и политички. На Украина не и одговара да преговара за мир зашто ќе прави територијални отстапки, на Западот не му одговара да преговара за мир зашто ја има врзано Русија во војна и ја крвари. На Русија не и одговара да преговара за мир оти ако седне на преговарачко столче во моментов не може да оствари ниту една од целите и ќе треба да прави остапки. Најлошото за Русија е дури и да добијат територијални отстапки, тоа нема да ја реши ситуацијата со непријателска Украина на нивните граници која ќе се вооружува.
 
Добро на овие не им одговара на оние не на никого не му одговара.
Што мислиш како ќе заврши ова, кога и да заврши?
Ќе има победник/поразен или можеби ќе име реми?

Сметаш ли дека е можно замрзнување во ситуација кога се забранува Достоевски, Толстој.... колку време би минало пред да има многу поголем судир?
 
Хмм
ДА, Демократска Алтернатива, случајно или (најверојатно) не, името е исто со Македонската партија што во 1998 иницираше признавање на Тајван при што се иницираа неколку реакции кои допринесоа нашата северна граница да се напушти од ОН (со ветото на Кина) и всушност да се отвори проток на УЧК од Косово према Македонија. Со еден збор тоа беше услов за да се отвори конфликотот во Македонија.

Тоа што живеел до сега му било бонус.
 
Си работат службите. Наводно прегазен и изрешетан со 12 куршуми.

Ако за нешто ги почитувам русиве, е тоа што имаат ептен ефективен начин како да се справат со своите предавници... Не ја напуштиле старата КГБ школа на казнување. Интересното е што никогаш нема ни да го најдат тој што испукал 12 куршуми во човеков.
Пригожин за месец - месец и пол го скинаа откако јавно им се искурчи. Навални исто, Богзнае како умрел таму во затворот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom