ATP тенис - општа дискусија

Член од
19 март 2011
Мислења
12.788
Поени од реакции
14.126
Ах Медо Медо...второ финале изгубено после 2-0 водство, ај првото играше против зоолошка па оправдано некако ама тука требаше да добие. 1-5 во финалиња, новиот Енди Мареј.

Синер секоја чест многу зрело игра од УС опен навака и презаслужена титула. Сега кога ја помина најтешката препрека ќе може покомотно да игра во наредни финалиња.

На половина на трет сет Данил почна да покажува знаци на замор но имаше сила да го земе сетот, за негова несреќа баш тогаш и Јаник се опушти и престана да игра згрчено кога му светна дека е пред пораз. Потоа Синер беше во контрола до крајот на мечот, Медо ни блиску да му ги замрси сметките, заморот го совлада.
Автоматски споено мислење:

od kade poteknuva fintata so morkovot i zosto go povrzuvaat so morkov?
Ради ова

 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.289
Поени од реакции
3.034
Триото чоукери - Зверев , Циципас и Медведев
Првиве двајца само никогаш нема ГС да освојат.

Очекуван расплет во 5ти сет , Медо капитулира иако и натаму ги користеше неговите октоподски способности да ги врати топките некако, уствари само и тоа можеше.
Абнормално добро ниво на тенис во последните два сета , повеќето размени беа на страна на Синер кој го крена левелот до небеса , црташе по терен.
Бехендот дефинитивно му е најсилно оружје , сервисот го служеше цел турнир и сосема заслужено.

Од денес почнува споредбата
Алкараз 2 > 1 Синер

Кај е @Baba Yaga што тврдеше по темава дека никогаш немало финале да влезе , да го частам моркови.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.241
Поени од реакции
108.142
Alcaraz.Spored mene,Siner e tehnicki pred Alcaraz.
Уф уф, тешко е за споредба ова ептен. Алкараз има подобар форхенд, Синер подобар бекенд за нијанса, и сервис ваљда, со тоа што Алкараз знае да е поразновиден на серва, има страшен кик сервис, знае и рамно да опали преку 210 км на час.

У глобала доста се изнедначени со тоа што според мене, што не значи дека мора да е точно, Алкараз има поголем плафон од Синер во кариерата затоа што е сестран играч, има игра на мрежа, има дроп, има слајс, има се буквално, додека Синер мањка во некои од овие работи, на пример играта на мрежа и слајсот. Али едно е сигурно, Синер не добиваше доволно внимание од медиумите до сега, а игра страшно веќе година и кусур. Од сеа натака ваљда ќе сфатат сите за каков талент се работи и ќе си го добие потребното внимание. Од друга страна пак ова може и услуга на Алкараз да му направи и да му симне дел од притисокот кој му го накалемија сите последниве две години, особено лани.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.070
Поени од реакции
6.685
чуј медо лузер од генерали после битка.....медо беше аутсајдер според букмејкерите,дали 30% имаше шанса да победи,тоа некој професионалец го видел и предвидел.......медо успеа да издоминира и да биде на 2-0 ,а истото можеше да го стори ако имаше некој атом повеќе во него и во третиот сет.....медо изваде максимум и со блицкриг ако може така да наречам проба да го добие финалето,знаеше многу добро дека ако оди на дефанзива од почеток ќе биде демолиран од одличните удари,ниски топки под нозе од страшно талентираниот синер......синер го достигнува врвот и го искористува моментот,конституцијата на телото нема да му даде да доминира години и да направи ера,меѓутоа овие 3-4 години пред него ако се посвети исклучиво на спортски живот може да му донесат трофејна кариера
 
Последно уредено:

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.318
Поени од реакции
42.064
Далеку од лузер e Meдо, за едно финале може да му се замери, она со Надал, и толку, ама ова од денес голем удар е секако, има причина зашто е единствен кој 2 финалиња изгубил после 2-0 во сетови, ама ако со Надал имаше шанса да ја реши во 3 сета, бидејќи имаше 3 врзани брејк топки, денес Синер не му даде шанса да го заврши мечот реални да бидеме. Да, 2-0 имаше ама што можеше после тоа откако веќе физички падна и не беше во можност да игра во истото (агресивно) темпо ко во први 2 сета. Синер не беше тој што потона, Медо да, сме виделе во многу наврати како и големиве тенисери лесно на крај вртеле после 0-2 во сетови, ко Новак со Циципас пример на РГ, со Џере сега на јуес оупен, самиот Медо после 0-2 со финецот, едноставно после тоа промил шанса немале противниците пак да дојдат до сет. И Синер исто на слем со Новак не успеа 2-0 да ги претвори во победа на Вимблдон, ама следните 3 сета 0 шанси имаше било што да направи.

Така и денес, не дека беше брутално покосен од Синер во следните 3 сета ама споредбено со први два, пеколно тешко беше за Медо и едноставно не беше во ситуација да земе уште еден сет, од една страна он заморен од друга Синер крена ниво и не покажа никакви знаци на умор, страшно добар беше, диктираше поени и сликата на терен беше таква што се сменија драстично улогите и евидентно беше дека све зависи од Синер.

Е сега знам дека Медо имаше една брејк шанса ако не се лажам во 4ти сет, тој момент не го видов и како дојде до тоа Синер да ја спаси, можеби тука само Медведев имаше шанса и ја прокоцкал, или Синер диктирал поен или мавнал ас/сервис винер. Aма толку беше.

Си го плати цехот Медо што дозволи на таков ждреб физички ептен да се истроши до финалево, и дуелот со Саша и психички и физички беше многу тежок за него, на крај го реши со еден од полудите ритрни што ги имам видено во еден таков момент на меч и можда и удар на турнирот беше, на 5-5 у ТБ, дропшот напраи на ритрн, случајно ваљда ама ете што све требаше да се издеси за да победи во тој меч, место меч топка за Саша овој доби сет топка и тука се деси клучниот прелом.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.014
Поени од реакции
34.599
Член од
17 декември 2019
Мислења
1.798
Поени од реакции
3.146
Dovolno e Alcaraz da zima sekoja godina RG (nesto nalik Rafa) i da lapne po nekoj Vimbldon i ete go na 15+...
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.647
Поени од реакции
2.619
Dovolno e Alcaraz da zima sekoja godina RG (nesto nalik Rafa) i da lapne po nekoj Vimbldon i ete go na 15+...
само ти не давај прогнози, малер жив си ко за Јуве што ги урочи :pos:

Шала на страна, Карлитос може да освојува гренд слемови на секоја подлога, ако се смири во тоа главата и не брза и не иде толку офанзивно.. поради такви исхитрани грешки ги изгуби УС Опен од Медо и секако од Саша сега во Мелбурн.. секако не им го одзимам кредибилитетот на Медо и Саша во тие мечови, они одиграа исто фантастично и во рангот на тоа како треба да се одигра против младиот Шпанец, но сепак мислам дека од поразот од Новак од Синсинати, Карлитос стагнира и има психички паднато, што се надевам ќе се смени и ќе има добра сезона, па ако се смири скроз зашто да не и два слема годинава.. но ќе видиме, конкуренцијата никогаш не била посилна во скор период..
 
Член од
31 јануари 2024
Мислења
270
Поени од реакции
931
Инаки, севселенскиот Алкараз, кој ќе освои 432 589 слемови откако ќе се пензионира Новак, не може да примириса финале на турнир од Вимблдон наваму. Завчера Џари му ги искрши коските, на земја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom