Култот на Свети Трифун

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.424
Култот на св. Трифун
Православната црква го слави св. Трифун како поим за младост и доследност кон христијанските традиции. На иконите, тој е претставен или со сорче за режење лозје или со наметка како чувар на гуски. Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари според јулијанскиот календар, т.е. на 14 февруари, според грегоријанскиот календар како ден на лозарите и градинарите, а тој се смета и како покровител на меанџиите. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници.

Во некои краишта на Македонија, како Охрид и Прилеп, овој празник е познат и како Св. Трипун-пијаницата. Во повеќето краишта на Македонија, на денот на св. Трифун рано наутро се одело в црква кадешто попот пеел молитва и светел вода. Луѓето зд оваа вода, за која се смета дека е ослободена од демоните и има лековита моќ, а потоа со неа ги прскале лозјата. Во Тиквеш, рано наутро, лозарите оделе во лозјето, каде закројувале неколку лози кои ги полевале со вино, а потоа ги благословувале со зборовите: „Господе, ти давам едно шише со вино за илјада да ни подариш.“ Во Ваташа, пак, лозарите се тркалале низ лозјето за така да се тркалаат и бочвите со вино. Во ова село било обичај, по закројувањето на лозјето, попот да забоде запалена гламја во дворот на црквата, со цел да се забрза заминувањето на зимата.[1]
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Барем нешто со свои зборови или да средеш текстот, не вака оп топ копирање од вики и сега оди дискутирај... :unsure:

П.С. Никој не спомнува историски од каде потекнува ова празнување и како долетало во православното христијанство! Повеќето мислат дека со самото православие започнува... :)
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.481
Поени од реакции
4.308
Веројатно е накалемено врз некои пагански работи како куп други работи во сите вери. Сепак, по убаво НАШИ пагански работи, неко западњачки пагански работи(валентајн и хелоувин).
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.424
како долетало во православното христијанство!
,,,pak so navreda kon Pravoslavieto,,,
Автоматски споено мислење:

Светиот маченик Трифун е роден во Кампсада во Фригија близу до градот Апамеја. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со исцелителска способност.

koj-e-sveti-trifun-001.jpg




Лечел болни од разни болести и од луѓето ги бркал лошите демони.

За неговите чуда се расчуло надалеку поради што бил викнат во Рим кај царот Гордијан за да ја излечи неговата ќерка Гордијана која што страдала од душевна болест, и која што не можел да ја излечи ниеден лекар.

Трифун за кусо време ја излечил и се стекнал со уште поголема слава. Со маченичка смрт умрел за време на царот Децие.

Бил повикан од обласниот римски царски намесник по име Аквилин и му било предложено да се откаже од Исус и на римските богови да им принесе жртви.

Трифун го одбил тоа поради што бил многу мачен. Бил обесен на дрво и тепан со прачка, потоа бил врзан за опашката од коњот и влечен низ полето, а кога и со тоа не го заплашиле, го осудиле да му биде пресечена главата со меч.

Но, пред да биде извршен тој чин, додека војниците го воделе надвор од градот, Трифун се молел на Бога да му ја земе душата и кога дошле на местото на егзекуцијата, тој ја предал душата на Бога.

Тоа се случило на 14 февруари 248 година (според други во 250 година), на 21 годишна возраст.

Според мислењето на нашиот народ тој е заштитник на лозјата и градините од разни штети и несреќи. Поради тоа луѓето го слават и во негова чест на овој ден се започнува со кроењето на лозјата.

Наутро во црквите свештениците пеат молитва и светат вода. Луѓето земаат од светата вода и ги прскаат лозјата за да бидат заштитени од секакви несреќи. По ова се закројуваат неколку лозанки, а потоа луѓето го празнуваат празникот Свети Трфун.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
,,,pak so navreda kon Pravoslavieto,,,
Пред да се чувстуваш навреден, научи мналку историја и научи нешто повеќе, инаку ќе си постојано навреден непотребно.
Не беше намерата да навредам некој, туку да се запознаете за овој празник кој што доаѓа од постари учења, пагански што ги нарекува токму православието...
Култот кон Трифун е култ на Дионис! :) Големи „пагански“ празници кои не можеле да бидат избришани, биле асимилирани и променети...

Тоа што ти сакаш да го претставиш како нешто поврзано само со православие, не оди.. и не треба да си навреден, ниту сакам јас да те навредам.
Научи историја и компаративна религија.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.424
Пред да се чувстуваш навреден,
,,,Jas voopshto ne sum navreden,,,tvojot tekst ne dopira do mene,,,
Автоматски споено мислење:

научи мналку историја и научи нешто повеќе, инаку ќе си
Научи историја и компаративна религија.
,,,povtorno proturash deka nekoj treba da nauchi,,,a ti ne,,,
,,,tuka si moderator,,,a ne redoven chlen,,,taka i odnesuvaj se,,,kako moderator,,,ne ti lichi,,,osobeno ne na pdf religija
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.154
Поени од реакции
30.279
Култот кон Трифун е култ на Дионис!
Стално ги трескаш глупостиве ама ова е врвот!
Само една заедничка работа имаат - вино, и си исповрза кроење на лозе, со оргии.

Ако ти е така полесно шо да речам.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Стално ги трескаш глупостиве ама ова е врвот!
Само една заедничка работа имаат - вино, и си исповрза кроење на лозе, со оргии.

Ако ти е така полесно шо да речам.
И закројување на лозјето и истурање од старото вино врз коренот на лозата за да „роди“ многу повотрно за следната година... целиот ритуал е тоа: од старото да излезе ново, подобро, како феникс! ТИ веднаш оргии... денес има поголеми оргии и пијанчења на слави и празници од било кога! Од луѓе што не треба да го прават тоа, така да - намали малку со муабетиве...

Не е се во опивањето и оргиите... ама бидејќи само глупости трескам, нема потреба да те поправам нели:)

Бидејќи темата започна со вики статуси ете и од мене:


The Anthesteria (/ˌænθɪˈstɪəriə/; Ancient Greek: Ἀνθεστήρια [antʰestέːri.a]) was one of the four Athenian festivals in honor of Dionysus. It was held each year from the 11th to the 13th of the month of Anthesterion,[a] (February/March) around the time of the January or February full moon.https://en.wikipedia.org/wiki/Anthesteria#cite_note-4 The three days of the feast were called Pithoigia, Choës, and Chytroi.

The festival celebrated the beginning of spring, particularly the maturing of the wine stored at the previous vintage,[3] whose pithoi (storage-jars) were now ceremoniously opened. During the feast, social order was interrupted or inverted, the slaves being allowed to participate, uniting the household in ancient fashion. The Anthesteria also had aspects of a festival of the dead: either the Keres (Κῆρες) or the Carians (Κᾶρες)[c] were entertained, freely roaming the city until they were expelled after the festival. However, the word Keres is often used to refer spirits of evil instead of the dead. A Greek proverb, employed of those who pestered for continued favors, ran "Out of doors, Keres! It is no longer Anthesteria".[4]

И ова не значи дека православието не треба да има култ или празнување на Трифун и се што оди со овој празник според нивното верување. Може, но убаво е да се знае наследството, дека вакво празнување постоело многу наназад, бидејќи нештата се наследуваат, изменуваат, празнуваат... бидејќи без вино не постои празнување ниту обожување на највисокото! :)
Веднаш се ограничувате, навредувате, како некој треска зелени итн итн ... како да некој намерно нешто измислува или извртува за да според вас нештата имаат помала вредност. НЕ. Со знаење од каде што доаѓа имаат нештата поголема вредност. Но за кој како нормално...

Не ви се мешам поеќе во темата. :)
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.816
Поени од реакции
21.441
Морам јавно на темава да го прашам @парва што славеше вчера т.е. денес .
Ништо.
На работу прву,после по дома ручак,афтичиња и играсмо се демек нокшир му е базен на едно мало шатче и рипа у њега прави салто и ботљак се смее како мрднат.

:icon_mrgr:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.317
Пред да се чувстуваш навреден, научи мналку историја и научи нешто повеќе, инаку ќе си постојано навреден непотребно.
Не беше намерата да навредам некој, туку да се запознаете за овој празник кој што доаѓа од постари учења, пагански што ги нарекува токму православието...
Култот кон Трифун е култ на Дионис! :) Големи „пагански“ празници кои не можеле да бидат избришани, биле асимилирани и променети...

Тоа што ти сакаш да го претставиш како нешто поврзано само со православие, не оди.. и не треба да си навреден, ниту сакам јас да те навредам.
Научи историја и компаративна религија.
Врска нема дека култот кон св Трифун е продолжение на култот кон Дионис. Кроењето на лозјето нема врска со култот на Дионис, а тоа што се погодил св. Трифун на овој ден ти е исто како што Стара нова година се погодила на св. Василие. Славењето на св. Трифун нема никаква врска со Дионис. Додека за Коледе и за Суројците можеме да кажеме дека се пагански обичаи, ништо на 14 Февруари во денешницата, не е поврзано со ниеден пагански обичај, туку со обична лозарска традиција (која е прагматична а не религиозна).

Култот на Дионис не верувам дека е славен на овој ден, ниту пак има врска со самото режење на лозите, и самиот ритуал е поврзан со жртвување кои го даваат менадите (во најраните времиња жртвувале скитници, а подоцна разни животни). Жртвата требало да го симболизира самиот Дионис, кој на тој ден бил и самиот убиен и расчеречен од Менадите.
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.154
Поени од реакции
30.279
ТИ веднаш оргии...
Ne e toa od mene izlezeno, vo bilo koj muzej dokumentirano e deka taka se odrzuvale bahanaliite, vo niedna realnost ne mozes da gi izednacuvas so Sv Trifun, kaj sho ednostavno se kroi lozje i se kazuva blagoslov i molitva za beriketna godina.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Ne e toa od mene izlezeno, vo bilo koj muzej dokumentirano e deka taka se odrzuvale bahanaliite, vo niedna realnost ne mozes da gi izednacuvas so Sv Trifun, kaj sho ednostavno se kroi lozje i se kazuva blagoslov i molitva za beriketna godina.
Требаше подобро да го формулирам тоа што го напишав: славењето на св. Трифун во православното христијанство е наследено од грчките мистерии ( и тоа не по директна линија; гностиците повеќе биле поврзани со старите ритуали и празнувања за разлика од новите христијани), со слични ритуали на закројување лозје и користење на вино! Во сите вистински учења се користи вино! Мора така... :)
Ете вака е подобро, тоа сакав да кажам, за наследувањето - а не дека се изедначени или „Бог да чува“ исти ...

Ниту еден православен ритуал не може да се изедначи со магиските ритуали, тоа е апсурд! Нема потреба од тоа :)
Автоматски споено мислење:

Ништо не се славело еден ден во минатото, тоа е по ново - бидејќи одиме на работа :)
Ритуалите биле поврзани со даден период, сезона...
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.481
Поени од реакции
4.308
ишто не се славело еден ден во минатото, тоа е по ново - бидејќи одиме на работ
Не биле празници по модерна смисла, но дефинивно имало фестивали и дешавки на тие денови. Lupercalia мислам дека исто соодветсвуа со овие два празника(валентајн/трифун) пошто се слави на 15ти.
Но да, биле главно базирани со врска со сеењето, орањето, жнеењето, бербата, рамноденица, кратко и долгоденица, месечеви фази, ѕвезди. итн итн. Секој си имал свои ритуали, своја таргет толпа и свој начин на прослава.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.317
Ништо не се славело еден ден во минатото, тоа е по ново - бидејќи одиме на работа :)
Ритуалите биле поврзани со даден период, сезона...
Ова ти е многу глупо тврдење, без ронка размисливање. На работа во Македонија се оди последните 100 години, претходно населението било земјоделско, слично како и во антиката. И да, има и прослави што се слават 3 дена или слично, но има прослави што се слават и се славеле еден ден. На пример не оди понатака ама рамнодневниците се славеле еден ден, ако веќе инсистираш да одиме на предхристијански период. Дури порано биле повеќе фиксирани на ден, нели... астролошки појави, одколку на цели сезони. Да, имало сезони, сезона на орање, сезона на лов, сезона на штојасзнам што. Ама генерално сезона на прослава немало, и ако се славело сезона, се славел почетокот и тоа е тоа.

Муабетот со Дионис, не беше дека се славел еден ден, незнам колку се славел, туку дека се славел во сосема подруг период. И славењето на Дионис немало врска со зарежување на лозите, туку со опивање на Менадите, и симболично повторување на расчеречувањето на самиот Дионис, преку жртва. Во прво време се принесувале човечки жртви (скитници), после се префрлиле на животински жртви.

Поентата е дека Свети Трифун нема благе везе со античкото славење на Дионис.

Ти кажав, за Суројците, за Коледарите, Мартинки и слични ритуали испреплетени со христијански празници можеме да збориме, ама ова е без никаква основа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom